MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Еве како може „тоа„ да се објасни:Ke saka li nekoj mene da mi odgovori ? Po tret pat go postavuvam prasanjeto,mozno li e da e nevidlivo ?
Jas imam edno prosto prasanje.
Me interesira kako se gledase na "trojstvoto" koga Isus bese fetus vo majcinata utroba ? S.Dvojstvo i bog fetus ?
Ili,primer,koga bese mrtov na tri dena ? S.Dvojstvo i mrtov bog ? (neuzubillah).
Ili koga bese bebe ? S. Dvojstvo i bog bebe ?
- Светиот Дух Ја осени Мајката Божја и Она надприродно го зачна човекот Исус;
- човекот Исус, од своето зачнување, беше во заедница со Синот Божји и под благодатната енергија од Светиот Дух.
- така, зачнатиот Исус ја запази својата човечка природа, но заедничарејќи со Синот Божји, Исус ја има и Неговата втора-Божествена природа:
- дека Исус не Е само обичен човек, туку и „нешто повеќе„ , стана видливо уште од најраните Исусови години, кога Он во храмот ерусалимски им „...одржа предавање...„ на јудејските свештеници;
- во „...меѓувреме...„. Бог ја запази својата Троичност: Отец и Син и Свет Дух, со тоа што Синот Божји цело време беше (Е) со човекот Исус;
- човекот Исус не стана четвртиот лик од Света Троица, туку Исус, заедничарејќи со Синот Божји, т.е. Исус, прифаќајќи ја волјата од Синот Божји, воедно стана Богочовек, но не како четврт, туку како втор лик од Света Троица;
- својата двојна природа и својата двојна волја, Исус повеќепати ја покажа во евангелските настани, се до ден-денешен;
- полнотата во својата двојна природа, двоја волја и сета моќ, Исус Богочовекот ја покажа после своето воскресение, кога Му беше дадена сета власт од Отецот.
Се надевам дека сега ќе Ти биде малку појасно...
Или, како што велат Светиите: „...Бог (Синот) стана човек за да може човекот (Исус) да стане Бог(очовек)....„
А преку Бочовекот, сите сме повикани да станеме богови по благодат, не по природа.