Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Точно.

Верните се молат до Бога, но само како членови во Црквата. Молитвите надвор од Црквата, се „пукање во празно„.
Очигледно црквата има монопол на молитви...Нешто како авторски права ми доаѓа ова. Т.е. МПЦ е ексклузивен застапник на Дедо Боже на територијата на РМ. Уште да знам кој им прави шпедиција и дали има регулаторна комисија зошто си го злоупотредуваат монополот и ги пумпаат цените до небо.:) Дефинитивно треба државна регулаторна комисија за божја трговија.
 
T

Tetro

Гостин
Верните се молат до Бога, но само како членови во Црквата.
На почетокот немало цркви. Кај се молеле првите верници?

Молитвите надвор од Црквата, се „пукање во празно„.
Принципот: Со секоја молба мора да се достави и таксена марка од 50 денари.
Појасно, здравје.
 
M

Muranyi

Гостин
Точно.

Верните се молат до Бога, но само како членови во Црквата. Молитвите надвор од Црквата, се „пукање во празно„.
Богохулие.Ставаш равенство помеѓу човечка институција и семоќниот Бог.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

ниеден муслиман не ја обожува Ќаба’’.Ќабата е нашата кибла,нашата дирекција-правец кон кој се управуваме.
Ние муслиманите веруваме во единство.
И кога треба да обавиме намаз,Величенствениот Куран вели,во суре Ел Бекаре,2:144-‘’…И каде било да се најдете,управете ги лицата ваши кон Месџидул Харам(Ќаба).’’...

.
Тоа е тоа: љубоморните кураиши ви го подметнале каменот да ви биде центар, наместо БОЖЈИОТ Дух и Мудрост во Христа Исуса!

Исус Христос е во човек - преку Духот БОЖЈИ - инкарнирана Мудрост БОЖЈА (Тоа е првороденото Чедо БОЖЈЕ), без Која нема вистинско спасение, нити БОГОсознание!

.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ајде де? Избор велиш? Дали?
Дали по некој по негова волја има плави очи, црна коса, можеби албино, или скраја да е некава генетска или друга телесна деформација? И тоа е по негова волја?
Е... да! Сеуште никој не решил своеволно да се роди, па ни како ќе изгледа (иако првоспоменатото кај мене има поголема важност)... ама секако дека, особено кога ќе стане самосвесна личност, сам/а избира како ќе се однесува, стои зад своите избори и уверувања....
А згора на тоа, за разлика од животните, човекот има и разум, па сега....
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Е... да! Сеуште никој не решил своеволно да се роди, па ни како ќе изгледа (иако првоспоменатото кај мене има поголема важност)... ама секако дека, особено кога ќе стане самосвесна личност, сам/а избира како ќе се однесува, стои зад своите избори и уверувања....
А згора на тоа, за разлика од животните, човекот има и разум, па сега....
Разумот нема врска со она што природата (господ, за тебе) го дала.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Атеист,
да не се вреѓаме..
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
59
Поени од реакции
11
Очигледно црквата има монопол на молитви...Нешто како авторски права ми доаѓа ова. Т.е. МПЦ е ексклузивен застапник на Дедо Боже на територијата на РМ. Уште да знам кој им прави шпедиција и дали има регулаторна комисија зошто си го злоупотредуваат монополот и ги пумпаат цените до небо.:) Дефинитивно треба државна регулаторна комисија за божја трговија.
Големата трагедија е што МПЦ е расколна црква, таа не е во заедница си ниту една православна црква, а православните цркви делуваат како една апостолска црква. Значи постои една света апостолска црква-Православна црква, а МПЦ не е во заедница со сите останати, во 1967 година тогашното политичко раководство решило да ја прогласи МПЦ за самостојна, а никаде во ниту еден црковен канон не пишува дека државните власти формираат црква. Како самооснована МПЦ е расколна и затоа се е наопаку во Македонија. Да биде трагедијата уште поголема и останатите канонски православни цркви се заразени од екуменизмот-спојување со католиците, што е исто големо предавство на Православието. Се ова што се случува е со Божја промисла за да се дојде до совршени свештеници и верници кои се во многу мал број, но се вистински, а и сам Господ Исус Христос рече дека Неговото стадо е мало. Мал ќе биде бројот на оние кои ќе влезат во Царството небесно, затоа ако и малку верувате во Бога, барајте го вистинското Православие, таму е спасот за сите нас.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, Црквата е „...една, света, соборна и Апостолска...„, согласно симболот од верата.

И сега, според Тебе, која е и каде е таа, нели, „..една...„ Црква? Кои се и што се помесните Цркви и која Црква ја претстатвуваа тие? И конечно, кој е претставник на православието во Македонија?

Како разликуваш лажно од вистинско православие?
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
59
Поени од реакции
11
Да, Црквата е „...една, света, соборна и Апостолска...„, согласно симболот од верата.

И сега, според Тебе, која е и каде е таа, нели, „..една...„ Црква? Кои се помесните Цркви и која Црква ја претстатвуваа тие? И конечно, кој е претставник на православието во Македонија?
Господ Исус Христос рекол: Барајте и ќе ви се даде, тропајте и ќе ви се отвори.
Мики, барај и ќе најдеш. Има толку голем број на големи подвижници кои барале и нашле, ако навистина сакаш да најдеш. Верувам дека си запознат со животот на отец Серафим Роуз. Нека неговиот живот ти биде патоказ и на тебе, зошто тој навистина барал и нашол. Ако не си читал за него, прочитај, на интернет има голем број информации и за неговиот живот и за неговите дела. Ако јас директно те упатам, може кај тебе да се јави контра ефект и целта не е постигната, затоа ти самиот треба да пронајдеш, а ако вистински бараш, Бог ќе ти открие.
Колку пати сум ја прочитала Библијата, а после незнам кој пат открив, т.е. Бог ми откри, дека се вели: 26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”-Битие. Значи во самиот почеток се кажува дека Бог е Триипостасен, зошто инаку би се кажувал во множина, а муслиманството и евреите тврдат дека е само еден. Ете еден показател дека ако бараш, ќе ти се открие, се што ќе побараш од Бога-ќе добиеш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што се однесува до блажениот Серафим (Роуз), можам да кажам дека често се повикувам на неговото учење, што значи дека веќе ми е добро познат но и претпочитан Учител во Црквата од нашево време.

Но, се‘уште не гледам одговори на моите прашања, освен ако сметаш дека воопштените одговори се доволно добри...
 
Ке ги најдеш одговорите
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
О.К:
Благодарам за Вашиот исцрпен одговор.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Големата трагедија е што МПЦ е расколна црква, таа не е во заедница си ниту една православна црква, а православните цркви делуваат како една апостолска црква. Значи постои една света апостолска црква-Православна црква, а МПЦ не е во заедница со сите останати, во 1967 година тогашното политичко раководство решило да ја прогласи МПЦ за самостојна, а никаде во ниту еден црковен канон не пишува дека државните власти формираат црква. Како самооснована МПЦ е расколна и затоа се е наопаку во Македонија. Да биде трагедијата уште поголема и останатите канонски православни цркви се заразени од екуменизмот-спојување со католиците, што е исто големо предавство на Православието. Се ова што се случува е со Божја промисла за да се дојде до совршени свештеници и верници кои се во многу мал број, но се вистински, а и сам Господ Исус Христос рече дека Неговото стадо е мало. Мал ќе биде бројот на оние кои ќе влезат во Царството небесно, затоа ако и малку верувате во Бога, барајте го вистинското Православие, таму е спасот за сите нас.
Чиста политика и националшовинизам е причина за конфликт меѓу МПЦ-ОА и останатите православни цркви пред се СПЦ и ГПЦ. Нема врска ни со Бог ни со православие. Незнам како ќе им суди Бог на тие што го ставаат национализмот пред Бог. Не би требало да завршат многу црковни високодостоинственци во Рајот. Дури и незнам дали вреди да си поданик на такви цркви кој не го следат божјиот пат и на прво место им се овоземски национализми. Не ја гледам божјата промисла во создавање на национални цркви. Нема никаква логика кај го пишува тоа во Библијата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Аууу, Стефус, ќе морам да се согласам сос Тебе...:D

Да, „..верата е пред крвта...„ (што значи дека верската определба има предимство пред националната припадност и патриотизмот...), но извртувањето на овој принцип, не‘ води во постојнава состојба, каде на нашите мили ем драги соседи, побитна им е политиката (која баш и нема јака врска со патриотизмот..) отколку верата во Христа, Кому му припаѓаат сите помесни православни Цркви. Но ете, на некои од тие Цркви, помила им е овосветовноста од вер(б)ата Христова па на секој начин се обидуваат да не‘ снема...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom