Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А каква е таа "острастеност" и по што се разликува од "механичката страст"? :)
Јас досега секогаш кога сум имал секс, таа страст никогаш небила насочена кон мене, туку кон девојката...!:pos:
Мислам.....како може при секс, страста да биде насочена кон себе?!
Ispiss,

знајш шо велат старине: ко че пораниш, самото че Ти се кажит...:cool:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не те прашував за телесниот контакт, туку за "грешните" мисли и страсти кој нели според тебе се болест, а се неизбежни за да се случи тој телесен контакт....
Значи ако тие се болест, која е алтернативата за да имаме телесен контакт кој ќе продуцира нов човек? Како да ја исклучиме страста, желбата за секс и похотата, а сепак успешно да имаме и ерекција, оргазам и ејакулација?
Ti ne primas mejlovi?!? ...cialis, viagra... Ama samo strogo na Jahve da mislis! Nemoj cicka, pice, ovo-ono! Sexot vo Hristijanstvoto e dolznost, ne e izbor!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Море Ipsiss, јас не сум сексолог за да морам вака јавно да давам совети од приватна природа, но повеќе пати Ти укажав на црковната логика во практикувањето телесен контакт, кој секогаш е придружен и со желба и со острастеност, но не проста и механичка страст, туку страст насочена кон сопружникот, а не кон себе си и практикувана со цел: продолжување на родот, а не просто и механичко „сексање„.
Микикец... а каква желба и острастеност (ова ќе да е некој нов збор во речникот на македонскиот јазик:D) чувствуваш насабајле .. онака пред будење... кога целиот си цврсто „острасен’’....?????:):P
 
Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Еве едно прашање до верниците христијани!
- Иако самото христијанско учење вели дека еден е бог на небото, зошто тогаш се крстат(крстиме) во име на отецот,синот и светиот дух?
Нели би било логично да се крстите и да се покорувате само на еден единствен бог?

(без никаква навреда,само сакам да видам какви одговори ке добијам)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Микикец... а каква желба и острастеност (ова ќе да е некој нов збор во речникот на македонскиот јазик:D) чувствуваш насабајле .. онака пред будење... кога целиот си цврсто „острасен’’....?????:):P
Дури и ерекцијата кај христијаните доаѓа како производ на љубовта кон Господ. :D
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 13:38 ---
Прашање за Христијаните - Ако вистината е една, и истата е вродена во секое човечко суштество, како што тврдите, зошто тогаш луѓе коишто никогаш нема да слушнат за Христијанството не веруваат во истиот Бог и Исус Христос како нивен спасител? Зошто тоа верување треба да им се наметне ако веќе им е вродено?
Јас на некој начин се согласувам дека има нешто вродено, а тоа е потребата од потчинетост кон работи кои не ги разбираме, чисто од страв. Најсилниот страв е страв од непознатото.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Можеби религијата се темели токму на тој страв од непознатото и неможноста да се соочиме со истиот, којзнае.
 
M

Muranyi

Гостин
Ако Исус е Бог,а сите знаеме дека Бог е семоќен и сезнаен,зошто кога го прашале Исус кога ќе настапи Судниот ден,тој го дава следниов одговор:
Никој не знае за тој ден или час, дури ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Отецот.
Матеј 24:36.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Uste po interesno.Vo Jovan 5-36,37 citam:
"36 Јас пак имам сведоштво поголемо од Јовановото: делата што Таткото (Otecot) Ми ги даде да ги завршам, токму тие дела, што ги правам, сведочат за Мене - дека Таткото Ме пратил.
37 И Таткото (Otecot), Кој Ме прати, Самиот сведочи за Мене. Вие ни го чувте некогаш Неговиот глас, ниту го видовте Неговото лице,"
Ova im go kazuval dodeka site vo oci go gledale i slusale.

Vamu vo Evangelieto po Marko citame deka Isus ne gi znael duri ni sezonite na plodovite. Na primer ne znael koga e sezona na smokvite.
Marko 11:12-13 12 Утредента, кога излегуваа од Бетанија, Исус огладне.
13 Од далечина забележа една разлистена смоква крај патот и се упати кон неа да види дали има плодови. Кога дојде, не најде плодови, туку само лисје, зашто сe уште не беше време за смокви.

Bog e cist od vakvi raboti. Bog e apsolutno se' znaen. Toj nema potreba nitu za jadenje nitu za pienje,nitu ogladnuva nitu ozednuva,nitu spie nitu se zamara. Ako e Isus Bog,koj upravuval so univerzumot koga toj (isus) spiel ?
Ako Bog se otelotvoril,te. se inkarniral vo teloto na Isus,koj e togas onoj na kogo Isus se moli ?
Kako se gledase na trojstvoto koga Isus bese fetus ili bebe,ili koga bese na 3 dena vo pekolot ?
s. trojstvo i bog fetus ? ili s.trojstvo i bog bebe ? ili s.trojstvo i mrtov bog ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако Исус е Бог,а сите знаеме дека Бог е семоќен и сезнаен,зошто кога го прашале Исус кога ќе настапи Судниот ден,тој го дава следниов одговор:
Никој не знае за тој ден или час, дури ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Отецот.
Матеј 24:36.
Христос го дава посочениот одговор, не затоа што Он навистина не знае(л) кога ќе настапи судниот ден, туку од други причини. Со тој одговор, Христос, Синот Божји:

- го велича својот Отец, давајќу Му на Отецот поголема чест, предимство и повисоко достоинство во се‘знаењето,
- им посочува на Апостолите дека не треба да знаат повеќе од она кое (од Бога) им е дадено како знаење.
- го дава посочениот одговор, во времето пред своето воскресение, т.е. во времето во кое Христос се‘уште има непрославено/смртно тело.
 
Па можел да им каже на Апостолите дека не треба да знаат повеќе од она што Бог им го дал.Еве да го прифатиме твоето,ама ја не го прифаќам зашто субјективно и селективно заклучуваш,тогаш Исус е лажго?Така излегува според тебе,нели?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Bog e cist od vakvi raboti. Bog e apsolutno se' znaen. Toj nema potreba nitu za jadenje nitu za pienje,nitu ogladnuva nitu ozednuva,nitu spie nitu se zamara. Ako e Isus Bog,koj upravuval so univerzumot koga toj (isus) spiel ?
Ako Bog se otelotvoril,te. se inkarniral vo teloto na Isus,koj e togas onoj na kogo Isus se moli ?
Kako se gledase na trojstvoto koga Isus bese fetus ili bebe,ili koga bese na 3 dena vo pekolot ?
s. trojstvo i bog fetus ? ili s.trojstvo i bog bebe ? ili s.trojstvo i mrtov bog ?
... зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден се отпочина и се одмори
Втора Мојсеева 31:17

Бог може да се умори и му е потребен одмор
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бог може да се умори и му е потребен одмор
„Лејдиз анд џентлмен, троа да се одмориме...„-вели Цацко Конопишки од Конопиште.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Така пиши во Библијата. Да се одмори.
А ако во Библијата пиши дека Бог „оди„ или „твори„ или се „гневи„, или „доцни„ или „слуша„ или „не се сеќава„ или чини нешта кои ги опишуваме со човечки зборови а не богодолично, значи ли тоа дека пак ќе речеш дека, на пример, Бог доцни затоа што така пиши во Библијата?...:rolleyes:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom