Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
А како стои работа со парфеми, ете жените нема да се деколтираат и миносуваат по цркви али дали смее да користи некој парфем. Дали и мирисот не е пристоен в црква... или машко после бричење оди в црква дали е похристијански да се нашлака само со лозова по лице ради дезинфекција или е дозволено да клај и некој така мушкасти афтершејв шо ќе му ја истакне машката карактерна црта?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е добро де нема да гледам на тоа како на совет, само како на одговор....Значи, одговори ми, како да зачнам дете во иднина, без да вклучам страсти, и желба за секс?
Ќе зачнеш нов човек така, што ќе живееш во благословена заедница со својата сопруга, а зачнувањето нов човек ќе го сториш ем како исполнување на волјата Божја ем како родителска должност, на начин кој е општо познат: со телесен контакт на релација „машко-женско„.

Родителската желба и должност за продолжување на родот не и исто што и механичко „упражњавање„ похоти и страсти.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Ама и во овој случај, потребни ти се мисли поврзани со секс и страст....како инаку ќе имаш секс?
Како ќе добиеш ерекција, ако немаш страст и желба за секс?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А како стои работа со парфеми, ете жените нема да се деколтираат и миносуваат по цркви али дали смее да користи некој парфем. Дали и мирисот не е пристоен в црква... или машко после бричење оди в црква дали е похристијански да се нашлака само со лозова по лице ради дезинфекција или е дозволено да клај и некој така мушкасти афтершејв шо ќе му ја истакне машката карактерна црта?
Користењето парфеми и козметика за „улепшавање„ т.е. за „подобрување„ на личната естетика до состојба „подобра„ од онаа која Творецот ни‘ ја дал, не е препорачливо во Црквата. Причината е следна: користењето козметика, опасно наликува на користењето ритуални боења на лицата и телата, кое го практикуваат денешните пагани во Африка и Австралија, при нивните религиозни ритуали за повикување на нивните богови-идоли (читај: демони). Користењето парфеми, за да се покрие личниот лош мирис (од телото), е показател на личната огревовеност: многу гревови-повеќе непријатен (телесен) мирис. Како антипод на напишаното во претходната реченица, ќе го наведам монашкото живеење-монахот, колку е по продуховен, дотолку повеќе има попријатен мирис. Доказ за тоа се мироточивите мошти од Светиите, кои непрекидно лачат миро.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ама и во овој случај, потребни ти се мисли поврзани со секс и страст....како инаку ќе имаш секс?
Како ќе добиеш ерекција, ако немаш страст и желба за секс?
Море Ipsiss, јас не сум сексолог за да морам вака јавно да давам совети од приватна природа, но повеќе пати Ти укажав на црковната логика во практикувањето телесен контакт, кој секогаш е придружен и со желба и со острастеност, но не проста и механичка страст, туку страст насочена кон сопружникот, а не кон себе си и практикувана со цел: продолжување на родот, а не просто и механичко „сексање„.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 15:03 ---
Ова ти, сериозно ли?
Сериозно...
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 15:04 ---
Од искуство или од слушање?
:eek:
Прашањево е повеќе смислено, после чиј одговор (ќе) следи линк од Википедија...:icon_lol:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Сериозно...
Прашањево е повеќе смислено, после кое (ќе) следи линк од Википедија...:icon_lol:
Не грешка си, во ниту еден пост немам постирано линк. Никогаш. Се темелам на сопствени размислувања.

Ова ми делуваше многу чудно во најмала рака, и затоа прашав за дообјаснување;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Море Ipsiss, јас не сум сексолог за да морам вака јавно да давам совети од приватна природа, но повеќе пати Ти укажав на црковната логика во практикувањето телесен контакт, кој секогаш е придружен и со желба и со острастеност, но не проста и механичка страст, туку страст насочена кон сопружникот, а не кон себе си и практикувана со цел: продолжување на родот, а не просто и механичко „сексање„.
Не те прашував за телесниот контакт, туку за "грешните" мисли и страсти кој нели според тебе се болест, а се неизбежни за да се случи тој телесен контакт....
Значи ако тие се болест, која е алтернативата за да имаме телесен контакт кој ќе продуцира нов човек? Како да ја исклучиме страста, желбата за секс и похотата, а сепак успешно да имаме и ерекција, оргазам и ејакулација?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Како антипод на напишаното во претходната реченица, ќе го наведам монашкото живеење-монахот, колку е по продуховен, дотолку повеќе има попријатен мирис. Доказ за тоа се мироточивите мошти од Светиите, кои непрекидно лачат миро.
Значи мртов светец од кој течи миро и мириса е божји дар а чоеч шо же клаи ролон да ублажи кислеио мирис или невеста шо ќе се прсни да мириса поубо е демонско дело ? Па ако треба да биде како шо творецот создал, сите упокоени треба да се распаднат и засмрдат. Ако не се распадни и усмрди , тогаш тоа е нешто спротивно од дедо боже. Тоа е делото на сатаната.

Јас лично повеќе би ценел светец од кој течи непрестано нафта (или истекува плин). Појќе аир ќе имаат верниците од тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не те прашував за телесниот контакт, туку за "грешните" мисли и страсти кој нели според тебе се болест, а се неизбежни за да се случи тој телесен контакт....
Значи ако тие се болест, која е алтернативата за да имаме телесен контакт кој ќе продуцира нов човек? Како да ја исклучиме страста, желбата за секс и похотата, а сепак успешно да имаме и ерекција, оргазам и ејакулација?
Грешните мисли се отстрануваат со пренасочување на умот кон покорисни нешта, како на пример, кон умствената молитва или со чинење некое практично или душокорисно дело.

За другиот дел од постот, веќе одговорив: болестите од духот и телото не се лечат со медицина, туку со нивно правилно пренасочување и давање повеќе смисла во нивното чинење.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 15:45 ---
Значи мртов светец од кој течи миро и мириса е божји дар
Да...
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 15:46 ---
а чоеч шо же клаи ролон да ублажи кислеио мирис или невеста шо ќе се прсни да мириса поубо е демонско дело ?
Не би рекол баш така, „демонско„, туку би рекол „нецрковно„ и „овосветовно„.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 15:48 ---
Јас лично повеќе би ценел светец од кој течи непрестано нафта (или истекува плин).
Ова ќе да е некој нов тип чудо...:rolleyes:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Грешните мисли се отстрануваат со пренасочување на умот кон покорисни нешта, како на пример, кон умствената молитва или со чинење некое практично или душокорисно дело.

За другиот дел од постот, веќе одговорив: болестите од духот и телото не се лечат со медицина, туку со нивно правилно пренасочување и давање повеќе смисла во нивното чинење.
Пак не ми одговори која е алтернативата да се постигне ерекција, оргазам и ејакулација без страст и желба за секс.....!:(
Јас не те прашав како се одстрануваат тие мисли, туку кој е начинот да се постигне оплодувањето и зачнувањето без нив.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Пак не ми одговори која е алтернативата да се постигне ерекција, оргазам и ејакулација без страст и желба за секс.....!:(
Јас не те прашав како се одстрануваат тие мисли, туку кој е начинот да се постигне оплодувањето и зачнувањето без нив.
Touchdown:cool:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пак не ми одговори која е алтернативата да се постигне ерекција, оргазам и ејакулација без страст и желба за секс.....!:(
Јас не те прашав како се одстрануваат тие мисли, туку кој е начинот да се постигне оплодувањето и зачнувањето без нив.
Веќе Ти одговорив, а дали си го разбрал одговорот, е тоа е друго прашање...

Види овде:

„....Ќе зачнеш нов човек така, што ќе живееш во благословена заедница со својата сопруга, а зачнувањето нов човек ќе го сториш ем како исполнување на волјата Божја ем како родителска должност, на начин кој е општо познат: со телесен контакт на релација „машко-женско„.

Родителската желба и должност за продолжување на родот не и исто што и механичко „упражњавање„ похоти и страсти....„

И овде:

„...Море Ipsiss, јас не сум сексолог за да морам вака јавно да давам совети од приватна природа, но повеќе пати Ти укажав на црковната логика во практикувањето телесен контакт, кој секогаш е придружен и со желба и со острастеност, но не проста и механичка страст, туку страст насочена кон сопружникот, а не кон себе си и практикувана со цел: продолжување на родот, а не просто и механичко „сексање„....„
 
Значи страста за секс и похотата се болест....ама сепак се неопходни за да се зачне човек?:)
Благодарам на вашиот исцрпен одговор.;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Одгворот е во делот од мојте постој, означени со болтување и со зголемен фонт...;)

<a href="http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-за-Христијанството-ii.43534/page-462#post-4703989">Прашања за Христијанството II</a>
„...Море Ipsiss, јас не сум сексолог за да морам вака јавно да давам совети од приватна природа, но повеќе пати Ти укажав на црковната логика во практикувањето телесен контакт, кој секогаш е придружен и со желба и со острастеност, но не проста и механичка страст, туку страст насочена кон сопружникот, а не кон себе си и практикувана со цел: продолжување на родот, а не просто и механичко „сексање„....„
А каква е таа "острастеност" и по што се разликува од "механичката страст"? :)
Јас досега секогаш кога сум имал секс, таа страст никогаш небила насочена кон мене, туку кон девојката...!:pos:
Мислам.....како може при секс, страста да биде насочена кон себе?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom