Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И што е совеста?
Дали се учи или сме родени со тоа......кај се наоѓа?
Дали е меморија(информација пишана негде во мозокот).
Дај кажи од кај потекнува и која е нашата врска со истата.
Совеста е нашиот коректор, кој не опоменува за нашето однесување, а ја нарекуваат и „глас Божји„, кој ни е вроден.
Совеста не се учи, вродена ни е. Се наоѓа во духот човеков, а духот пак, обитува во човековото срце и мозок, истовремено и поврзано.
Не е меморија, оти меморијата е способност од човековиот мозок, да памети и складира сеќавања.
Совеста не „потекнува„, како веќе реков, туку ни е дадена по/со раѓање.
Совеста, ако не е заматена и помрачена од личното гревовно однесување, секогаш ме/не опоменува за природата од некоја моја намера, збор или дело, дали таа намера, збор или дело се добри или лоши.

Значи, свеста не е исто што и совеста. Ако е совеста глас Божји во секого од нас, кој е непосредно поврзан со категориите „добро и зло„, свеста е својство/особина/способност од човековата душа, т.е. човековиот ум, да восприема информации од надворешниот Свет и да гради своја претстава за Светот, преку продуцирање поими, кои ги опишуваат нештата и релациите помеѓу нештата.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Значи заклучокот е дека ако овие милијарди луѓе низ историјата (кои немале никаков допир со христијанството) почитувале други богови и правила на однесување, тие се самите криви за тоа бидејки не го слушале т.е. го игнорирале " гласот божји" или нивната совест, и самите се виновни за нивното вечно страдање во пеколот ?

Нели една од задачите кои Исус им ги оставил на своите апостоли била да го прошират неговото учење ?
Зашто никој не се потрудил да им го пренесе тоа и на луѓево во Јужна Америка на пример... Што се толку посебни луѓето од Европа т.е. еве од Балканот на пример, кај кои Павле морал да доаѓа од оние во прашумите на Амазон. Зашто за Македонците може некој друг да им каже што да прават и кого да почитуваат за да се спасат а кај Нахуа луѓето на пример се чекало само на нивната совест да проработи ? Нели тоа се двојни стандарди ?
И ако не знаеле дека сеуште постојат тие луѓе и воопшто континентот, дали Бог со тоа што не им кажал тоа, намерно дозволил милиони луѓе да горат засекогаш во пеколот ?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За лични навреди се паузира од форумов. Сега 2 недели, при следен испад подолго...

Продолжете со дискусијата и внимавајте на речникот.
Обично не се мешам и не завземам страни, но некако многу пристрасно ми изгледа ова.
Членот кон кого беше упатен навредливиот епитет, и самиот на многу наврати користеше исти такви епитети:
Види вака, ја досега редовно не те читав и сасвим коректно ја толерирав твојата неписменост и небулози. Дека си сељак -- тоа обилно го имаш документирано. Сељаците како тебе имаат селски вкусови, селска граматика и синтакса, селски финти. Ја не мрзам сељци као тебе ниту се замарам со вас. Уопште. Али, немој мене со латински, па филозофија Кант, Шопенхауер, Хајдегер...(испуштив некој од 4те философи)? А да, Алија Изетбеговић. Не ми се џилитај со знаење и писменост затоа што не знаеш две да сврзеш и се`уште кромидот ти вири од дупе. Земи некоја мануелна работа -- мешање малтер, поправање канализациски шахти, дигање чатија, зидање цокла... Верувам боље ќе ти иде. Христијанските правила не ме примораваат да комуницирам со тебе, затоа одјеби синко.
--- надополнето: Aug 10, 2011 12:16 AM ---

Не е оддалеку, знаев дека ти одма ќе се препознаеш по геометриската структура. :) Ти благодарам што си дежурен сеирџија и што со селски курназлаци и доскочици постојано го збогатуваш дијалогов. ;)
Абе не ме копирај да т`ибам тоа телемитот вошлив...не си способен да срочиш една оригинална реченица. Пред селска кооперација е кај тебе у маало, ебате копук.

Знам дека си хиена -- стрвојад, мршојадец, гомнојадец, сеирџија...него, кој те ебе...досаден си ми више.;)
Сеа више се забављам...ептен си глуп и селанче...:LOL:
Љубоморен, во право си -- ептен ти љубоморам. Особено што целокупната контрибуција на форумов ти е еквивалентна на мува лајнарка -- зунзараш наоколу и сереш. ;)
--- надополнето: Aug 10, 2011 12:29 AM ---

Само бладај и даље, тетрапак...Ептен е лесно да се сере како тебе од страна...после не си бил сеирџија....а бе ти си прототип за селски курназ...ебате телемитот мрсулав, ебате;)
И така натаму! Јас невидов ниедна реакција за сето ова, а за еден единствен збор на дотичниот член, следува санкција?!
Ми пречи кога гледам двојни стандарди.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.222
Поени од реакции
34.509
Ако ти пречи, треба да ги пријавуваш. Или за повеќе од година дена како си член на форумов не научи каде е копчето „пријави“.
Мора да разбереш дека ние не сме роботи и не може да ги прочитаме сите мислења на сите теми на форумов. Ние реагираме по соодветна пријава.

Баниран е и Тапетарот Петар, 14 дена.

Следен пат пријавувате со копчето наменето за тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи заклучокот е дека ако овие милијарди луѓе низ историјата (кои немале никаков допир со христијанството) почитувале други богови и правила на однесување, тие се самите криви за тоа бидејки не го слушале т.е. го игнорирале " гласот божји" или нивната совест, и самите се виновни за нивното вечно страдање во пеколот ?
Начелно, така е. Начинот на живеење, самите го одбираме па според црковното учење, самите себе се осудуваме (си досудуваме) за нашата состојба по овосветовниот живот.
--- надополнето: Aug 18, 2011 1:30 PM ---
Нели една од задачите кои Исус им ги оставил на своите апостоли била да го прошират неговото учење ?
Да. Апостолите ја добија таа задача непосредно од Христа Бога, но тоа е времето по првото Христово доаѓање, .т.е. тоа е времето од тековно важечкиот Нов Завет. Во времињата од Стариот Завет, само јудеите ги имаа 10-те Божји заповеди на двете камени плочи, а другите народи беа незнабожци и пагани. За нив, важи законот на совеста и законот на природната креација, според кои (закони) ќе бидат судени сите оние народи, кои по ниеден основ не го осознаа евангелието.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

И како гласи законот на совеста, а како пак законот на природната креација?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зашто никој не се потрудил да им го пренесе тоа и на луѓево во Јужна Америка на пример... Што се толку посебни луѓето од Европа т.е. еве од Балканот на пример, кај кои Павле морал да доаѓа од оние во прашумите на Амазон. Зашто за Македонците може некој друг да им каже што да прават и кого да почитуваат за да се спасат а кај Нахуа луѓето на пример се чекало само на нивната совест да проработи ? Нели тоа се двојни стандарди ?
И ако не знаеле дека сеуште постојат тие луѓе и воопшто континентот, дали Бог со тоа што не им кажал тоа, намерно дозволил милиони луѓе да горат засекогаш во пеколот ?
Гласот Христов се шири на Земјава, до сите народи, преку Неговата Црква. Така, денес, тековно, многу пагански и незнабожечки народи од Африка и Азија, имаат свои помесни Цркви. Не се работи тука за некоја „посебност„, туку се работи за границата до која се оформени денешните помесни Цркви. Раните Цркви беа формирани не во Европа, туку на блискиот исток и северна Африка, а од таму, тоа учење, преку Апостолите и преку од нив поставените епископи, учењето Христово се проширува на целата Земја. Еден од последните услови, кои треба да се исполнат пред второто Христово доаѓање, е проповедањето на евангелието кај сите народи. Но секогаш ќе постојат одредени изолирани групи или поединци, кои или нема да сакаат да го примат евангелието или тоа (евангелието) нема да стигне до нив, но тие секогаш ќе ја имаат во себе совеста и умот па нека сметаат на нив.
--- надополнето: Aug 18, 2011 1:39 PM ---
И како гласи законот на совеста, а како пак законот на природната креација?
Совеста (внатрешниот глас) не опомнеува за секоја наша намера, збор или дело.

Природната креација (умствениот заклучок) ни вели дека се што е створено, има свој Творец. Светиите ја сметаа природата за „книга„ која самата ни говори дека „некој„ ја создал.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Совеста не опомнеува за секоја наша немара, збор или дело.

Природната креација (умстениот заклучок) ни вели дека се што е створено, има свот Творец. Светиите ја сметаа природата за „книга„ која самата ни говори дека „некој„ ја создал.
Како гласи законот Мики, не како делува совеста на нас.

Како гласи законот на природната креација, не што претставува таа според тебе и црквата.

Значи штом споменуваш закон, напиши го тука, како заповедите, за да знаеме што и како да избегнуваме за да не го прекршиме.

Вака испаѓа дека совеста е 10 те божји заповеди заедно а законот за природната креација вели дека е доволно само да знаеш дека природата е создадена од некој?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Веќе објаснив.
Црквата не „барата„ со сциентистички поставени дефиниции/одреднци, кои нештата ги „врамуваат„ и ограничуваат, туку Црквата „барата„ со духовни, неовосветовни категории, кои речиси редовни се неограничени, по самата своја природа. Така, не можеш да ја „дефинираш„ совеста, која не е од овој, ограничениов Свет, како што не можеш да го дефинираш нит времето, нит просторот, а уште помалку можеш да ја дефинираш и квантизираш бесконечноста...
 
Член од
18 август 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Едно прашање ! денеска е празникот Преображение ! дали може на овој празник да се бања ! за бањање мислам во езеро или река ?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Совеста е нашиот коректор, кој не опоменува за нашето однесување, а ја нарекуваат и „глас Божји„, кој ни е вроден.
Совеста не се учи, вродена ни е. Се наоѓа во духот човеков, а духот пак, обитува во човековото срце и мозок, истовремено и поврзано.
Не е меморија, оти меморијата е способност од човековиот мозок, да памети и складира сеќавања.
Совеста не „потекнува„, како веќе реков, туку ни е дадена по/со раѓање.
Совеста, ако не е заматена и помрачена од личното гревовно однесување, секогаш ме/не опоменува за природата од некоја моја намера, збор или дело, дали таа намера, збор или дело се добри или лоши.

Значи, свеста не е исто што и совеста. Ако е совеста глас Божји во секого од нас, кој е непосредно поврзан со категориите „добро и зло„, свеста е својство/особина/способност од човековата душа, т.е. човековиот ум, да восприема информации од надворешниот Свет и да гради своја претстава за Светот, преку продуцирање поими, кои ги опишуваат нештата и релациите помеѓу нештата.
Еве да продолжиме понатака, да речеме некој е хипнотизиран и се фрла од камени мост во Вардар.
Дали он ќе оди во рајот?
Се надевам знаеш како функционира хипнозата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Едно прашање ! денеска е празникот Преображение ! дали може на овој празник да се бања ! за бањање мислам во езеро или река ?
Според христијанството може слободно да се бањаш во сите денови од годината.
Според православието нема едномислен став по ова прашње. Еден поп ќе ти рече може, друг поп ќе ти рече не може. На кој поп би му верувал и зошто?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Веќе објаснив.
Црквата не....................
Црквата па црквата.....
Аман бе Мики.... што е црквата?
Нели е таа само некое мртво здание од камен, бетон, дрво и друго, нели таа не е некоја институција, мене колку ми е познато регистрирани се разни верски заедници, во регистрираните... црквата ..ја нема...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве да продолжиме понатака, да речеме некој е хипнотизиран и се фрла од камени мост во Вардар.
Дали он ќе оди во рајот?
Се надевам знаеш како функционира хипнозата.
"Случајов„ е ептен претпоставен и крајно неверојатен за остварување.

Под „хипноза„ се подразбира насилно наметнување на туѓата волја (волјата од хипнотизерот) врз други луѓе, при што нивната волја станува потчинета на волјата од хипнотизерот, Таквото дејство има чисто демонска природа. Ако некој се најде под хипнотичко дејство, тоа значи дека хипнотизираниот доброволно се поставил под хипноза. А зашто хипнотизираниот би се фрлил од мост во Вардар, и тоа е знак-прашање, ама ајде, да речеме дека такво нешто се случило. Дали хипнотизираниот, кој се фрлил во Вардар од не знам каква причина, ќе „отиде„ во Рајот или пеколот, тоа само Христос одредува и одлучува. На поединечниот суд, секому му се суди според сите (не)дела кои ги сторил во својот живот, а не само за едно (не)дело, во случајов, тоа би било „фрлањето„ (самоубиството) во река. Ако хипнозата бил насилно изведена, што е тешко веројатно, тогаш за тоа, самоубиецот не мора да сноси одговорност, но затоа му остануваат сите други (не)дела од неговиот живот, пред самоубиството, за кои ќе мора да поднесе сметка пред Христа.
--- надополнето: Aug 19, 2011 7:56 AM ---
Аман бе Мики.... што е црквата?
.
Црквата („еклесиа„) е заедница од слободни личности, кои исповедаат ист Бог и иста вера. Црквата има свои атрибути, кои ја чинат поинаква заедница од било која друга човекова заедница или здружение.

Под „црква„ не се подразбира црковниот објект, како збирка од градежни материјали, кој се нарекува „цковен храм„ што не е исто што и „црква„. Црквата е телото Христово во овој Свет, а Христос Е глава на Црквата.

Црквата е дводелна: првиот дел е небесната Црква, во која обитуваат Бог, ангелите и душите од праведниците, а вториот дел е овосветованата/видливата Црква, во која се спасуваат грешниците.На секоја литургија, се постигнува единството/заедништвото помеѓу небескиот и овосветовниот дел од Црквата/заедницата.

Према томе, ако кажам „...Црквата учи дека...„, тоа значи дека авторитететите во Црквата (Светите Оци и праведници) го одредиле учењето, а не дека „црквата„, како црковен објект/храм, направила нешто самата од себе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom