„Најголем„ грев е нејасна категорија.
Во Црквата, т,е. според нејзиното учење, нема „најголеми„, „големи„, „троа помали„ или „ситни„ гревови, туку има само исповедани и неисповедани гревови. Привидно „најголемите „ т.е. најтешките гревови, секогаш се мали на број, а привидно „ситните„ и секојдневни гревови, се поголеми по број и се потешки за паметење, и сходно на тоа, потешки за исповедање, оти ги има многу.
Или како што би рекол сам Христос: „Кој не е со Мене, против Мене е.„ Ситуацијата е јасна: не се работи за „најголеми„ и „најмали„ туку се работи за тоа, дали сме со или против Христа. Во Црквата, добар дел од Светиите, во својот световен живот, биле опасни грешници, кои го поправиле својот живот дои ниво од праведници, бидувајќи дел од Црквата Христова.
Влијанието од рогатиот не се мери на „најголемо„ или „помало„, туку или го има или го нема. Според архим. Антоние Блум, речиси се на Земјава е под демонско влијание. Колкав е обемот од тоа влијание, може да се види по делата кои зад себе ги оставаат „нештата„ кои се под тоа влијание, во распон од просто неверие (атеизам) и лично неприфаќање на Христа па се до ниво од отворен демонизам и служење на нечиститие сили (магија, „чудотворство„, окултизам...), во облик од органиирани заедници и религии.