Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
У реду је, Лурц: теории на заговори, непоткрепени тврдења и генерализации, „Сите знаат“, „Све е џабе“ и „Ние не сме криви - некој друг не јебе цело време, нас кутрите добричини“

Путуј, друже и продолжи да веруваш во набилдани сензации и жута штампа.

Обид за разбирање 3/3 - повторно безуспешен.

Over and out.
--- надополнето: Jul 11, 2011 2:35 PM ---

Што рекох, порекох! Не моам а да не обрнам внимание на несодржајноста на постот:

Еве, Лурц, што за тебе е ФАКТ:
факт е дека:

(1) Дупчењето за името,

(2) промена на знамето,

(3) војната,

(4) учк...

сето тоа е голема заслуга на Сорос и неговите фондови.

Пичка ли му матер. Ова ли се, за тебе, факти?

Све додека луѓето бладањето без основа го сметаат за факт, ќе си останеме каде што си сме. На дното. Сите во земјава СВЕ ЗНААТ и СВЕ ИМ Е ЈАСНО и НЕМА ШТО КОЈ ДА ИМ КАЖУВА... Сите ги владеат ФАКТИТЕ.

Еве ти ги погоре - од 1 до 4. Све суви факти.
Исто така и ова е измислица нели?
Tи да не си платен да сереш овде по форумов лаги?
Ај за нешто што е далеку од нас да кажеш дека се измислици ама за овде немој.
Знам за војната работи што три дена би се чудел како е можно.
Ова само го потврдува фактот за шахот што се игра во светот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, знаеш нешто повеќе за книгата наречена Хагада? Дали Сараевската Хагада (потекнува од Шпанија, а била пренесена во Сараево и таму чувана со ризик по живот од муслимански и еврејски семејства) е посебно по нешто и зошто истата била предмет на забрана од инквизицијата (подоцна и нацистичките трупи сакале да ја уништат/запалат)? Нешто околу содржината ако имаш сознанија...дали е спорна со христијанските догми.
Не, не ми е познато ништо во врска со наведената книга.
--- надополнето: Jul 11, 2011 3:12 PM ---
Изгледа тебе не ти е дојден одговорот па сега да го бараме на друго место... ајде ќе го бараме, не е проблем тоа...
Ајд, да не испаднит дека су останал недоискажан.

Значи, се работи за тројниот грев кој Ева го стори со саде еден потег: тоа е тројниот грев на:славољубието, сластољубието и среброљубието. Пошо цел ден су сардисан со колешкиве на работното место, со леснотија ја „заприметувам„ таа Евина тројна грешка кај мојте колешки, која (грешка) колешките ја манифестисаат на ним својствен начин, но кој сепак се сведува на тројната грешка Евина.

Во тоа и лежи дел причината, зашто во Црквата на жените нешто им е допуштено а нешто забрането.
Ето, го начанав проблемо, а Виа глејте-прајте и немој после да читам по форумов дека не су кажуал...:D

А како за утеха, го имате примерот со Мајката Божја, која стекна светост во сета нејзина скромност!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Исто така и ова е измислица нели?
Tи да не си платен да сереш овде по форумов лаги?
Ај за нешто што е далеку од нас да кажеш дека се измислици ама за овде немој.
Знам за војната работи што три дена би се чудел како е можно.
Ова само го потврдува фактот за шахот што се игра во светот.
Игорче, Игорче... долго се немаме препишано.

Затоа, да ти кажам нешто: Не туку скокај како млад мајмун.

Тврдењето од типот: „Џорџ Сорос е одговорен за проблемот со името (not), за промената на знамето (not), за војната во Македонија (not), за факинг-УЧК (боже ме сачувај) е чиста глупост.

Од толку интересни страни, од толку центри на моќ во светов, од толку надворешни, племенски и какви-свце-не-политики у игра, човек да каже ЏОРЏ СОРОС е крив за тоа што ни се случува, во најмала рака е неинформирано.

Тоа што британците им ебале мајка на егејците, нема никаква врска со муабетов.

А Сорос, иначе, кога соработувал со третиот рајх имал 8 години. Оф мори мајко мила!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Не, не ми е познато ништо во врска со наведената книга.
--- надополнето: Jul 11, 2011 3:12 PM ---

Ајд, да не испаднит дека су останал недоискажан.

Значи, се работи за тројниот грев кој Ева го стори со саде еден потег: тоа е тројниот грев на:славољубието, сластољубието и среброљубието. Пошо цел ден су сардисан со колешкиве на работното место, со леснотија ја „заприметувам„ таа Евина тројна грешка кај мојте колешки, која (грешка) колешките ја манифестисаат на ним својствен начин, но кој сепак се сведува на тројната грешка Евина.

Во тоа и лежи дел причината, зашто во Црквата на жените нешто им е допуштено а нешто забрането.
Ето, го начанав проблемо, а Виа глејте-прајте и немој после да читам по форумов дека не су кажуал...:D

А како за утеха, го имате примерот со Мајката Божја, која стекна светост во сета нејзина скромност!
Wow :) Би требало да те каменуваат бидејќи имаш вакви замисли за жените... Во стариот завет вели дека богот ги има и машките и женските принципи... Како инаку Ева ќе се создадеше од реброто на Адам, ако во него немаше женски принцип?
Значи само затоа е исклучен женскиот принцип од богот и е составен само од машки? Само затоа жената не е првосвештеничка?
Троен грев? Може цитати од библијата кога се направени тие гревови од страна на жената?
Зарем не се тие „гревови“ посвојствени за мажите?

А бидејќи ве учат дека гревот се пренесува од адам и ева наваки, значи сите ваши ќерки се такви? Јас и многумина други би ги почитувале премногу ако се такви вашите ќерки, и би се дружеле со нив... Внимавај што зборуваш... :)

п.с. Да не ја чепкаме мајката на исус ќе чекаме на одговори со векови.... да ја оставиме да верувате како што ве учат отците... :)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Игорче, Игорче... долго се немаме препишано.

Затоа, да ти кажам нешто: Не туку скокај како млад мајмун.

Тврдењето од типот: „Џорџ Сорос е одговорен за проблемот со името (not), за промената на знамето (not), за војната во Македонија (not), за факинг-УЧК (боже ме сачувај) е чиста глупост.

Од толку интересни страни, од толку центри на моќ во светов, од толку надворешни, племенски и какви-свце-не-политики у игра, човек да каже ЏОРЏ СОРОС е крив за тоа што ни се случува, во најмала рака е неинформирано.

Тоа што британците им ебале мајка на егејците, нема никаква врска со муабетов.

А Сорос, иначе, кога соработувал со третиот рајх имал 8 години. Оф мори мајко мила!
Не е он главен тоа е сигурно, ама 10 милиони долари за првата приватна ТВ во РМ.
Хахахахх имаш ли барем малку имагинација, не треба многу.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.415
Поени од реакции
5.084
А Сорос, иначе, кога соработувал со третиот рајх имал 8 години. Оф мори мајко мила!
Му носел вода и конспираси теоретичарите одма го фатија на дело. Не е заебанција.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Што рекох, порекох! Не моам а да не обрнам внимание на несодржајноста на постот:
За жал, премногу напори и офтопици да се одбрани еден класичен криминалец. тукушто објавени вести
Волстит џурнл“: Џорџ Сорос заинтересиран за рудниците во Косово
Џорџ Сорос е еден од најголемите современи мегашпекуланти и цел живот ги ограбува Русија, Србија, Велика Британија и Италија, објави денеска „Волстит џурнл“.
За време на војната во Косово, Сорос финансиски и воено ја поддржуваше Ослободителната војска на Косово.
Според весникот, Сорос и албанскиот милионер Сахит Мужа, кој живее во Њујорк, сакаат да ги земат и резервите на јаглен во Косово, кои се проценуваат на повеќе од 300 милијарди долари. Сорос и Мужа минатата година петпати го посетиле Косово обидувајќи се да склучат поволни договори за рудниците со јаглен.
во спротивност со овие информации и информации од економски блогови, за Мајка Тереза не видов ништо веродостојно. Дури и да има, истото не се случувало на наша штета, за разлика од активностите на соросовите клубови.
За знамето македонско, дискусија од Алфа тв со Милчин, поставено на кајгана 2010 година
Македонското сонце продадено за 30 милиони долари !!!
гостин на Оливера Трајковска беше главата на соросидите во Македонија, неуморниот борец за демакедонизација на оваа земја - Владимир Милчин.
Дали е вистина дека дека во 1992 година година господинот Џорџ Сорос му пиша писмо на претседателот Киро Глигоров?
- не, пиша писмо до на собранието на Република Македонија.
дали во тоа писмо господинот Сорос јасно кажа и побара промена на знамето на република Македонија, тогашното сонце од Кутлеш.
- да тоа беше негово видување и цел, тоа беше содржината на писмото
условено секако со формирање на соросовата мрежа на невладини и пенетрација на неговото влијание во МК?
-јас не знам дали е условено но да, истата година беше дадена дозвола за формирање на институтот отворено општество - сорос македонија
исто така како голема коинциденција е влегувањето на Македонија во ММФ и многу значајниот тогаш кредит од 20 милиони евра за Македонија, институција каде Сорос има голема тежина и мок на одлучување.
- 30 милиони долари, не евра, и тоа е коинциденција, не знам како е тоа поврзано со писмото на господинот Сорос?
Ваљда е доволно со одење вон тема и меѓусебно докажување пошто со оваа преписка во недоглед ништо нема да постигнеме.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
..., ама 10 милиони долари за првата приватна ТВ во РМ.
...ама ШТО?

Проблем е што дал пари за да се отвори приватна телевизија?! Боље да не дал, нели.

Викаш дал 10М? Замишљам како Сорос ги извадил од новчаник 10М и му ги лупнал на маса на Велија и му рекол „Отварај мајсторе, телевизија!“

Проблем е што било кој ќе даде пари за било што, пошто тоа го прави масон и дел од светската завера, и сите го знаат тоа. И сите овдека разбираат виша политика и на сите им е СВЕ јасно!

Само, зафатени се многу, па не можат да помогнат - гледаат ТВ. (приватна! ...а и за ова е, нели, крив Сорос!)
 
Сакаш да кажеш дека не е финансирано отварањето на А1 од Сорос?
Кажи бре што мислиш не се посеравај со "сарказми" и "метафори".
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
За жал, премногу напори и офтопици да се одбрани еден класичен криминалец. тукушто објавени вести
Волстит џурнл“: Џорџ Сорос заинтересиран за рудниците во Косово

во спротивност со овие информации и информации од економски блогови, за Мајка Тереза не видов ништо веродостојно. Дури и да има, истото не се случувало на наша штета, за разлика од активностите на соросовите клубови.
За знамето македонско, дискусија од Алфа тв со Милчин, поставено на кајгана 2010 година
Македонското сонце продадено за 30 милиони долари !!!

Ваљда е доволно со одење вон тема и меѓусебно докажување пошто со оваа преписка во недоглед ништо нема да постигнеме.
Жити мајка, Лурц, како тоа веста која си ја цитирал го прави Сорос криминалец, масон, завереник или било што неетичко/нелегално?!?! Како, поѓаволите?!? Што е тоа во цитатот (освен пристрасниот емотивен говор на новинарот) што укажува на субверзија?!?

За Мајка Тереза. Воопшто не е битно дали Мајка Тереза направила или не направила нешто за Македонија. Зборуваме за фасадата, наспроти содржината на нејзината работа. Искрено, не ти верувам дека си ја прочитал статијата. Најискрено. Пошто само првиот параграф е доволен да те растревожи. Изворот го имаш, го имаш и авторот. Донал не е било кој новинар. Не е безимено, безкариерно писарало од пет пари. Со пишување на една вака осетлива тема, овој новинар ја става на линија својата професионална иднина.

Околу вториот цитат.
Мислам дека си доволно возрасен за да можеш да направиш разлика помеѓу фактор на влијание и моќ на одлучување. Ти го стигматизираш Сорос како директно одговорен (за која и да е од одлуките 1-4) Тоа претпоставува дека тој имал моќ да одлучи. Такво нешто немал.

Истото го правиш и за Бил и Мелинда и за ММФ и за која и да е друга „мрачна институција која кова заговор против човештвото“.

И уште еднаш: НИКОЈ не ни е крив за тоа каква ни е државата ОСВЕН НИЕ САМИТЕ!!!
 
Пссст, тивко...од валллстрит журнал ќе те чујат, ќе се смеат. Факт е дека помагал на Кушнер да ги преземат рудниците во Косово, дека помагал на одредени страни во војната. Ако сите оиве за тебе не се факти или замижуваш или не ги знаеш настаните пред за времеи и по распадот на СФРЈ. Тоа се нарекува слеп при очи.
И ти ги имаш изворот и авторот, изјавите и признанието од соросидната група на Милчин, фрлиле кредит од 30 милиони како награда (имаше и други кредити од други извори за одредени отстапки)...не е ваљда толку вистината за Сорос и нападите врз Сорос да те повредија? Повеќе се нервираш него кога ја споменуваме верата во Бога...интересно, зошто толкава одбрана кон нападите врз некој меѓународен богаташ и сплеткарош? Тоа не го велам само јас, прочитај ги финансиските блогови, ги има на тони.

Сеуште не ми е јасно зашто толку го браниш, а Мајка Тереза толку ја напаѓаш? Има некоја позадина или онака? Тогаш одиш контра изјавите на самите водачи на соросовата фондација.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
И уште еднаш: НИКОЈ не ни е крив за тоа каква ни е државата ОСВЕН НИЕ САМИТЕ!!!
Е ова е веќе друга работа....барем да бевме просечна држава ќе се тераше некако.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сакаш да кажеш дека не е финансирано отварањето на А1 од Сорос?
Кажи бре што мислиш не се посеравај со "сарказми" и "метафори".
Де, бе, друже, шо се љутиш толку ;)

Не сакам да кажам, пошто не можам да најдам квалитетна информација. Шпекулативно, верувам дека неговата фондација помогнала. Не верувам дека ги дале сите пари кои биле потребни. Не верувам дека ОСИ дала 10 Милиони евра.

Е, сеа, зошто мислам дека ти е фаличен аргументот или инсинуацијата (пошто ти ништо не изаргументира - само шиканираш):

Сорос е многу паметен и сестран човек. Економија, политика, право, инвестиции, новинарство, образование... практично не постои поле во кое се нема пробано и успеано. Неговата моќ на предвидување на трендови е широко признаена и почитувана. За промена, можеш да прочиташ некоја несензационалистичка биографија (по можност неутрална фактографија) за неговите потфати, вложувања и проекти. Инаку, до сега има пукнато 7 милијарди долари во неповратни донации.

После ќе можеме да збориме. Еве ти добра појдовна точка. Доле имаш екстерни линкови. Ама, ај биди фраер, па прочитај!
--- надополнето: Jul 11, 2011 6:21 PM ---
Пссст, тивко...од валллстрит журнал ќе те чујат, ќе се смеат. Факт е дека помагал на Кушнер да ги преземат рудниците во Косово, дека помагал на одредени страни во војната. Ако сите оиве за тебе не се факти или замижуваш или не ги знаеш настаните пред за времеи и по распадот на СФРЈ. Тоа се нарекува слеп при очи.
И ти ги имаш изворот и авторот, изјавите и признанието од соросидната група на Милчин, фрлиле кредит од 30 милиони како награда (имаше и други кредити од други извори за одредени отстапки)...не е ваљда толку вистината за Сорос и нападите врз Сорос да те повредија? Повеќе се нервираш него кога ја споменуваме верата во Бога...интересно, зошто толкава одбрана кон нападите врз некој меѓународен богаташ и сплеткарош? Тоа не го велам само јас, прочитај ги финансиските блогови, ги има на тони.

Сеуште не ми е јасно зашто толку го браниш, а Мајка Тереза толку ја напаѓаш? Има некоја позадина или онака? Тогаш одиш контра изјавите на самите водачи на соросовата фондација.
Лурц! Не бранам или напаѓам. Јас ти укажувам на феноменот менталитет на заговори кој е типичен за балканските народи.

Тоа што фондацијата на Сорос дала пари не е воопшто чудно. Тоа што таа фондација го прави во Македонија, го прави насекаде низ светот. Ако тебе не ти се допаѓа концептот на отворено општество (претпоставувам дека не го ни знаеш - покажи ми како сум во заблуда, те молам!) тоа е сосем друг проблем.

Еве ти фактографија за Сорос: http://en.wikipedia.org/wiki/George_Soros

Може си ти конзервативец по убедување, може си аутократа во душа. Во таков случај, би можел да разберам зошто не ти се допаѓа неговиот активизам. Може имаш против поддршката за легализација на медицинската марихуана, може ти пречи што се скрши давање пари за да Буш не добие втор мандат... за легализирање на еутаназија, за мирна транзиција во Унгарија... може ти иде накурац што е еден од клучните играчи во рушењето на „комунизмот“ во Источна Европа...

...мада ја мислам дека едноставно не си му прочитал здрава биографија и дека, како повеќето македонци, збориш рекла-казала од салата-муабети околу теории за тоа како сме ние македонците супер, ама све некој ни ја крои капата...

Кликни на линкот. Податоци се и све е проверливо.

...аха, а Мајка Тереза, иначе, во животов држела умиралишта. Немала школи, негувалишта, центри за грижа или рехабилитација, туку УМИРАЛИШТА. Тоа се места каде се чека луѓето да умрат - не се третираат, не се лекуваат, туку ги сакаат додека да умрат. Секоја чест за неколкуте сиротишта, а загреота децата кои се индоктринирани со филозофијата на ПАТЕЊЕ чиј фанатичен припадник е починатата светица (пази, молим те! Светица, пошто правела лиракули у животу).

Да нема недоразбирање. Мајка Тереза е симбол во христијанскиот свет. На грижа и пожртвованост, ваљда. Ама, па, и Јахве е симбол, за љубов, нели, иако внимателното читање на Библијата остава многу поинаков впечаток. Јахве е далеку од љубов - тој е суетност, љубомора, освета, дискриминација. ...Исус е друг муабет, ама луѓе викале исто биле со Јахве, така да...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom