Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Оној кој е напишан на оригиналниот јазик, Еврејски или Грчки, во зависност дали се работи за стар или Нов завет.
Сето останато на друг јазик се нарекува - Превод и подлежи на грешки. Таков превод е и Вулгатата, напишана на латински јазик, кој што изобилува со грешки во преведувањето. Но сепак и лошиот превод е подобар од никаков превод на мајчин јазик.

Но бидејќи сите не знаеме еврејски и грчки, тогаш ќе си го читаме преводот, а за оние места каде што мислиме дека се неточно преведени, ќе споредуваме превод од превод, или ќе ги прашуваме и ќе ги читаме коментарите на стручњаците по Еврејски и Грчки јазик.

Хм ок е сето тоа, не ени толку страшно дали нештот ќе го преведеш Бездна, Пекол или со некој збор кој означува "лошо" . Мислев дали тоа што е напишано на еврејски или грчки е навистина оригинал? Откако Константин запалил појќе од книгите што не одговарале во тој момент д абидат прочитани , нормално е сомневањето дека нешто не е во ред. Кој е најстариот запис временски , најстарата копија на Библијата? Можеби некој одговорил претходно ама еве пак ако не е проблем.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Оној кој е напишан на оригиналниот јазик, Еврејски или Грчки, во зависност дали се работи за стар или Нов завет.
Сето останато на друг јазик се нарекува - Превод и подлежи на грешки. Таков превод е и Вулгатата, напишана на латински јазик, кој што изобилува со грешки во преведувањето. Но сепак и лошиот превод е подобар од никаков превод на мајчин јазик.

Но бидејќи сите не знаеме еврејски и грчки, тогаш ќе си го читаме преводот, а за оние места каде што мислиме дека се неточно преведени, ќе споредуваме превод од превод, или ќе ги прашуваме и ќе ги читаме коментарите на стручњаците по Еврејски и Грчки јазик.
Значи ако е напишано на грчки е оригинал или на еврејски !!!! Не, мене ме интересира дали тоа напишаното навистина можеме да го сметаме з аоригинално писание од Јован Павле и другите апостоли, знаејќи што све Константин уништил?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Оној кој е напишан на оригиналниот јазик, Еврејски или Грчки, во зависност дали се работи за стар или Нов завет.
Сето останато на друг јазик се нарекува - Превод и подлежи на грешки. Таков превод е и Вулгатата, напишана на латински јазик, кој што изобилува со грешки во преведувањето. Но сепак и лошиот превод е подобар од никаков превод на мајчин јазик.

Но бидејќи сите не знаеме еврејски и грчки, тогаш ќе си го читаме преводот, а за оние места каде што мислиме дека се неточно преведени, ќе споредуваме превод од превод, или ќе ги прашуваме и ќе ги читаме коментарите на стручњаците по Еврејски и Грчки јазик.
Стариот завет е напишан во оригинал на хебрејски не на грчки. На гчки е преводот кој за потребите на Александриската библиотекаго направиле во 3 век ПНЕ, но со тој превод не се слагаат евреите пошто грчките преведувачи внатре ставиле и текстови кои не се во Тораата. Така да септуагинтата не е дословен превот на еврејскиот стар завет.
Новиот завет е најевројатно пишуван на грчки јазик, значи не на јазикот на кој проповедал исус (арамејски или хебрејски) и од самиот старт значи тоа се преведени негови реченици на друг јазик. Згора на се не е останат ниту еден единствен примерок од оригиналните текстови така да како изгледаа, на кој јазик беа напишани дали нешто фали или е додадено.... можеме само да претпоставуваме.
Прв комплетен превод озваничен (канонизиран) од црквата на стариот и бнов завет е Вулгата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Морам да те корегирам! Гледам дека многу пати го употребуваш терминот „Рисјани“. Бидејќи христијанството се појавува и е опишано во НОВИОТ ЗАВЕТ, никаде во Новиот завет не постои термин „Рисјани“, туку „ХРИСТИЈАНИ“.

Од Христос = Христијани и Христијанство.

Терминот Рисјани - според мене е погрден израз, од луѓе кои што не си ја познаваат својата Христијанска вера, кои што само формално се нарекуваат „Рисјани“ но немаат ни едно мало „х“ од Христијанство. Истото тоа важи, кога Мислиманите не нарекуваат ѓаури, па од тука произлегло каури, но едно огромно мнозинство на луѓе самите себе си се нарекуваат Каури, незнаеќи ништо за својата вера и за вистинското значење на терминот Каур или Ѓаур = ѓавол.

Затоа кога веќе си решил да се посветиш на Христос и Христијанството, нарекувај се доследно со името на нашиот спасител Христос = Христијанин, а не ‘Рисјанин.

Ако си ја читал Библијата, ќе најдеш огромен број одобрувања и благослови кои што се однесуваат и на тебе, за да поучуваш, презентираш, разобличуваш. упатуваш, укоруваш, луѓе...но единствено само преку дадениот ни авторитет на сите Христијани - Светото Писмо Библијата.

Пример за повик и благослов од Бога да поучуваме:

Па им рече: “Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе повеерува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. (Марко 16 глава)

И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар, ТИ ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене. Кога ќе му речам на грешникот: 'грешнику, ти бездруго ќе умреш', а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави неговиот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од раката твоја. (Езекиел)

...........и ред други примери.

Точно така, Твоите грешки се Твои лични грешки, за кои самиот ќе дадеш одговор пред Бога, но немој да мислиш дека и Црквата и црковните Авторитети ќе бидат одминати, ако погрешно те научиле и не ти укажале на твоите лични грешки. И на нив ќе вика крвта твоја и моја, како што викаше Авеловата крв против Каин, кога Каин го уби својот брат Авел.
Никој нема да биде одминат, во тоа биди сигурен. Ни Ти, ниту Јас, па ниту црквата.
Е ај , и јас малку да „тапам„:

1. Поимот „рисјани„ го користам подеднакво често колку и поимот „христијани„, „Рисјани„ ми звучи понародски и поприфатливо за моето уво, но никако не ми звучи навредливо.

2. Христос им заповеда само на своите Апостоли, (а преку нив, на црковното свештенство), да одат и да ги крштеваат сите народи, во името од Троединиот Бог. Мене лично, никој ме ми заповедал или благословил да пропоповедам.

3. Пак ќе речам: моите грешки се мои, лични, и јас за тоа имам одговорност. Ако моите црковни авторитети ме научиле погрешно, и тие ќе одговараат, но грешката пак ќе биде моја, а не нивна, ако немам повеќестрана потврда за точноста од она кое ме научиле. Во краен случај, не е се во знаењето, туку во верувањето.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Исус никогаш во свое време не бил наречен Христ. Тој во свое време беше викан Месаја. Тое е зборот. Грците, векови подоцна тоа МЕСАЈА го превеле на грчи ХРИСТОС (помазан) и од грчки превод на хебрејски оригинал е денес Христијанин.

Вистинското име му е Јехошуа. па преку латински превод на грчки превод дојдовме до Исус.

Значи да живееше ти пред 2000 години и да му викнеше Еј Исусе... Христе... немаше да се сврти, немаше да се познае во тие имиња, ќе требаше да му викнеш ЈЕХОШУА... МЕСАЈО...

“И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!”
(МАТЕЈ 1:23)

Каков коментар ќе дадеш за ова пророштво, за името Емануел - тоа е исто така еврејско име, а не титула.
Дали некогаш Исус беше именуван со името Емануел кога луѓето му се обраќаа?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
“И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!”
(МАТЕЈ 1:23)

Каков коментар ќе дадеш за ова пророштво, за името Емануел - тоа е исто така еврејско име, а не титула.
Дали некогаш Исус беше именуван со името Емануел кога луѓето му се обраќаа?
Не ги знаеш латинскиот хебрејскиот и старогрчкиот. Имануел (иману ел) значи Бог е со нас. Тоа е титула повеќе од колку лично име кон Исус. Значи матејх вели ќе го наречат бог меѓу нас. Е сега матеј пишуввал на грчки и затоа старозаветното Имануел го дообјаснил со тоа што значи всушност за оние кои не знаеле не разбирале еврејскки за паганите и припадниците на риимските и грчките читатели Тука би се осврнал и на тоа “девица“ имено стариот завет а и јудаизмот не познава термин безгрешно зачнување и девичанстко раѓање, во еврејскиот текст пишува алмах. Тоа е збор за млада жена но и за девица. Не стриктно за девица. Алмах значи и млада жена која не е девица, алмах значи и млада жена која е девица а Грците го превеле со збор девица и никако друго. Врз основ на грчки превод на стариот завет Марија мораше да биде девица па макар и 90 годишна.
Исто така и Петар, Тома, ... тоа се за нас само имиња но на тоа се повеќе прекари или особини на луѓето на оригиналниот хебрејски, на пример Петар е камен, Тома значи буквално блазнак, така да во библијата кога пишат Тома звани Близнак всушност велат Близнак званни Близнак (се прашувам чиј близнак бил... можеби на Исус)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Благодарам за одговорот, но прашањето ми беше, поконкретно дали Исус некогаш беше нарекуван со тоа име или титула или допрва треба да биде наречен со тоа име Емануел.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Христос во пеколот, им ја проповедаше добрата вест (евангелието) на душите од упокоените богоугодници, а воедно Христос, како се вели во црковното пеење и како е тоа изобразено на една икона, ги разби портите од пеколот, не буквални порти, туку ја разби силата демонска врз луѓето.
Ахам, но зошто баш од во пеколот го проповедал евангелитето и за колку долго време е напишано евангелието ? За 3 дена :nesvest:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Поздрав!
Се гледаме по една недела
се надевам дека дотогаш ќе сватиш дека треба да почитуваш одредени правила на форумов кои важат за сите членови, без притоа да измислуваш свои правила и да употребуваш недоличен говор.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ахам, но зошто баш од во пеколот го проповедал евангелитето и за колку долго време е напишано евангелието ? За 3 дена :nesvest:
Во пеколот, гледано старозаветно, постоел изолиран „простор„, наречен „крило/лоно Авраамово„, во кое биле „лоцирани„ душите од упокоените богоугодници од старозавентите времиња па се до моментот од Христовото проповедање. Токму во тој „простор„, крилото Авраамово, се случило и Христовото проповедање на евангелието, за утеха на душите од сите праведно упокоени. Кога велам „евангелие„, не мислам на запишаните Апостолски евангелија, кои при смртта Хрисова сеуште не ни биле запишани, туку мислам на она кое Христос усно го проповедаше како евангелие, како „добра/радосна вест„ а тоа евангелие се однесува на Неговото второ доаѓање и на Неговото Царство небесно.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Евреите под поимот "алмах" подразбираат девица. Алмах значи млада немажена жена, која по дифолт е девица, зашто во спротивно (ако имала секс) би била каменувана и убиена согласно Мојсеевиот закон.
Може да е млада и да не е девица. Ако роди второ дете на 17 години.
Пророкот вели млада жена ќе роди. Не девица.
За девица е башка збор.

Грчкиот превод на алмах (млада жена) е девица па затоа евангелистите мораа накнадно да укомпонираат прикаска за девичанството на Марија. Павле кој пишуваше ппред евангелијата да настанат нигде со ни еден збор не споменува ни безгрешно зачнување ни девичанство на Марија. Тоа нему не му било познато. Значи таа легенда настана по неговите пишувања.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Лет3, ми се чини дека беше Симеон Богопримецот, свештеник во еруслаимскиот храм, кој Го прими Христа Младенецот во своите раце, тој кој доживеа длабока старост, и кој не се упокои пред да Го види Младиот Христос. Таа казна Божја, за неумирање пред да го види Бога, Симеон ја заработи оти токму тој го згреши преводот, па наместо да се потпре на пророштвото дека „...девица ќе зачне..„, Симеон го препиша тоа старозаветно пророштво со „...жена ќе зачне...„. И така, ради погрешниот превод, Симеон ќари казна па го преживеа избавувањето од Египет и го дочека раѓањето Христово.
 
Збор алмах се однесува на млада жена и е со значение млад, младо младост. Во стариот завет се поменува невина жена на многу места и секаде е е на хебрејски бетулах. Не алмах. Алмах се користи да се искаже младост бетулах е жена која никогаш немала однос со маж.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кој е заклучокот?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom