Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Human ... престани да се повторуваш и тука и во Прашања за Ислам ..

поставуваш општи прашања !
има таква тема .. каде се збори и спори настанокот на човекот ... префрли се таму да не те бришам тука!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Human ... престани да се повторуваш и тука и во Прашања за Ислам ..

поставуваш општи прашања !
има таква тема .. каде се збори и спори настанокот на човекот ... префрли се таму да не те бришам тука!
Префрли ги мислењата кај што мислиш дека им е местото...
Сакав само да докажам нешто... и не, тоа нештото нема врска со расите!
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Имам едно прашање.
Исус според Христијаните е Бог нели, па во Библијата се гледа дека упатувал молитви до Бога.
Е сега прашањето ми е, кога Бог се отелотворил во Исус, дали уште кога се родил Исус или после 3 дена од неговата смрт ?
Ако се отелотворил уште кога се родил тогаш зошто си упатува молби сам на себе и вика Боже зошто си ме оставил ?
Ако се отелотворил после неговата смрт, тогаш е логично.
Но, што е тогаш со душата на Исус човекот, каде заминала таа или без душа бил Исус додека не стане Бог ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Да, Исус Е Бог, поточно, Богочовек. Не може „едно„ без „друго„.
2. Бог/Синот Божји се отелотвори преку Исуса, уште од Исусовото безгрешно зачнување.
3. Исус никогаш не се молеше на Самиот Себе, туку човекот Исус (не Синот Божји) се молеше на својот Бог, како што секој човек се моли на својот Бог.
4. Душата од Исуса Христа беше во пеколот, додека Неговото тело беше во камениот гроб, 3-те дена, од петокот до неделата. Во пеколот, Он им го проповедаше евангелието на душите од упокоените праведници.
5. Христос воскресна на третиот ден (според Писмото) што значи дека душата Христова се вратила во своето материјално тело, како што ќе се случи со сите нас на Судот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Духот на Исус не бил ве пеколот (геената), туку во подземјето (хебрејски: Шеол, грчки: Ад или хадес). Во пеколот Бог ќе фрла души дури после судниот ден.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Светитиите го лоцираат пеколот токму во подземјето, а не на некое второ или трето место. Пеколот било и е место за фрлање на душите од неправедниците. Или е „местото„ Рај или е „местото„ пекол„-нема „трето„. Под поимот „ад„ се подразбира пеколот, оти „адот„ не е некоја трета „локација„. во однос на Рајот и пеколот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во ред е Miki1. Мојот одговор е упатен од оние кои му веруваат на Божјото Слово повеќе од словото на ткн. "светии".
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Пред некој ден ми кажуваат дека дошла „Милиција“ , комшијата Трпе го втерале „во Марица“ и го шибнале в затвор, затоа што провалил негде и украл нешто.
Јас им викам...не бе луѓе не е во затвор! Тие пак....во затвор е, во затвор е!

Јас им викам.....во Притвор е бе луѓе, се додека не се докаже неговата кривица не може да биде во затвор, туку во притвор. Откако ќе го осудат за неговата кривица, ќе го втераат во затвор.
Тие викаат исто е тоа. Е ...не е исто, затоа што од притвор можеш да излезеш чист, ако не ја докажат твојата кривица, но од затвор не можеш да излезеш додека не го отслужиш она за кое си осуден.

Така е и со состојбата на човекот откако ќе умри.

Се додека душата на неспасениот човек не застане пред Бога на суд, се дотогаш душата се наоѓа во Притвор. Тоа место на Притвор на еврејски се нарекува „шеол“ или на грчки „Ад“ или на Македонски би дошло „подземје“. Но тука е само душата и оваа состојба не е вечна, додека телото е во земјата. После второто воскресение, откако Бог ќе го осуди човекот (телото и душата), ги фрла во Огненото езеро, „Хегена“ или „Геена“. На тоа место или состојба, се наоѓа комлетниот човек со тело и душа и оваа состојба е вечна.

Во македонските преводи на Библијата сите овие состојби се преведени со „Пекол“, поради недостаток на вистински збор. Но еврејскиот и грчкиот јазик изобилуваат со термини кои што ја отсликуваат вистинската состојба.

Па така, Притворот или подземјето каде што душата чека да биде повикана за суд ја нарекуваат АД или Шеол. Огненото езеро или вечната мака каде што човекот вечно ќе биде мачен се нарекува Хегена или Геена. Гробот каде што престојува телото се до неговото воскресение на еврејски се нарекува Квебер. Но постои и едно друго место, на еврејски наречено Тартарус и во Библијата се спомнува околу 3 пати. Тоа е местото каде што престојуваат душите од претпотопниот свет, наречени Нефили, на кои Ное им проповедаше додека го градеше ковчегот. (1 Петрово 3:18-20)
Тоа место се наоѓа во нај-долните места на подземјето (притворот) или како што народот знае да каже: таму каде што стојат казаните кои треба да се лепат.

Затоа ...Чорбаџија убаво ти кажа и ти нагласи како оди редоследот, околу тие работи.

Ова е Библискиот концепт и начинот на кој Библијата не известува за овие работи и настани и тоа е меродавен начин, а тоа како тебе те известуваат твоите ткн. „светители“...тоа и не мора да биде меродавно, ако не е запишано во Библијата.

Со почит, Госпел.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
1. Да, Исус Е Бог, поточно, Богочовек. Не може „едно„ без „друго„.
2. Бог/Синот Божји се отелотвори преку Исуса, уште од Исусовото безгрешно зачнување.
3. Исус никогаш не се молеше на Самиот Себе, туку човекот Исус (не Синот Божји) се молеше на својот Бог, како што секој човек се моли на својот Бог.
4. Душата од Исуса Христа беше во пеколот, додека Неговото тело беше во камениот гроб, 3-те дена, од петокот до неделата. Во пеколот, Он им го проповедаше евангелието на душите од упокоените праведници.
5. Христос воскресна на третиот ден (според Писмото) што значи дека душата Христова се вратила во своето материјално тело, како што ќе се случи со сите нас на Судот.

Што правела душата во пеколот ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Духот на Исус не бил ве пеколот (геената), туку во подземјето (хебрејски: Шеол, грчки: Ад или хадес). Во пеколот Бог ќе фрла души дури после судниот ден.
Koга гоо распнуваа Исуса, заедно со него распнаа уште двајца осуденици, од кој едниот му рече “Сети се на мене Господи кога ќе дојдеш во царствто Свое“ на тоа:

43 Исус му одговори “Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“

(Лука 23)

Овде поинаку се кажува за душите на умрените. Нема некои притвори, адови..... може и директно да се оди во рај без судење.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Koга гоо распнуваа Исуса, заедно со него распнаа уште двајца осуденици, од кој едниот му рече “Сети се на мене Господи кога ќе дојдеш во царствто Свое“ на тоа:

43 Исус му одговори “Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“

(Лука 23)

Овде поинаку се кажува за душите на умрените. Нема некои притвори, адови..... може и директно да се оди во рај без судење.
А кај прочита дека во рајот се оди со судење, со притвори и адови?
Никаде не е спомнат зборот рај. Напротив муабетот беше за пеколот.

Или така паушално пишуваш, колку да се најдиш во муабет?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А кај прочита дека во рајот се оди со судење, со притвори и адови?
Никаде не е спомнат зборот рај. Напротив муабетот беше за пеколот.

Или така паушално пишуваш, колку да се најдиш во муабет?
каде одат душите на мртвите? пред страшниот суд да дојде , пред денот кога Исус ќе му суди на живи и мртви.
Одење во рај е награда, во пекол е казна, значи некој веќе на некому му суди и пред страшниот суд.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Во рисајкл бин...

Мора да има некој фолдер посебен...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
каде одат душите на мртвите? пред страшниот суд да дојде , пред денот кога Исус ќе му суди на живи и мртви.
Одење во рај е награда, во пекол е казна, значи некој веќе на некому му суди и пред страшниот суд.
Па на тоа прашање ти го даде одговорот:

Koга гоо распнуваа Исуса, заедно со него распнаа уште двајца осуденици, од кој едниот му рече “Сети се на мене Господи кога ќе дојдеш во царствто Свое“ на тоа:

43 Исус му одговори “Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот

(Лука 23)

Верните кои што се оправдани преку крвта Христова не одат на Големиот и Страшен Суд. Тие имаат дел во првото воскресение. А додека да дојде тоа прво воскресение, нивните души се на небото заедно со Исус. Единствено што треба да се јават на Христовиот суд кој што не е за осуда, туку за разобличување и наградување. 2 Коринтјани: 5:10
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Спрема православните толкувачи (Мики) Исус по смртта беше во подземјето (пеколот) значи не може да му кажал на распнатиот до него дека “денес ќе бидеш со мене во рајот“. Различни гледишта и тврдења се овде. Која е точната?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom