Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Тие сите тврдења треба да се потврдат со факти. Нема докази кои со сигурност би ни кажале кога се родил кога почнал да проповеда и кога е распнат. Херод умира во 4 година ПНЕ, значи Исус треба да е роден пред тој да нареди колежот (да е веќе дете на возраст од година, годинаипол) значи 5-6 година ПНЕ, или ако му веруваме на другото евангелие Исус треба да е роден за време на пописот кој Римкјаните го извршиле во Јудеја, значи некоја 7ма година од новата ера, пошто тогаш ја завземаат Јудеја поставуваат свој управник во Цезареја и инсталираат свој воен и администратуивен апарат. Двете не можат да се вистинити. Мора да е едното од тие.Она кое ми е мене познато, вели:
- дека Христос Е роден 3,5 г .пред преодот од стара во нова ера.
- дека Он почнува да проповеда 27-та г од н.е.
- дека е распнат 30-тата г. од. н.е.
Што значи дека Он е распнат на Негови 33,5 земски/човекови години. Богословите велат дека на воскресението, сите ќе го имаме својот физички излгед од своите/нашите/личните 33,5 земски години.
Тука има една фалинка/разлика од некои 3-3,5 г., за која барем до сега, немам налетано на точно објаснување. Така, низ литератира стои и податокот за 33-тата година од н.е., во која Он е распнат, за разлика од други места, каде е наведена 30-тата г. од н.е. како година на распетитео Христово.
Од друга страна распнувањето е ограничено со мислам 36 година од новата ера пошто до таа година Пилат бил префект на Јудеја. Али можел да биде распнат во било кое време на негово владение од 26-36 година. (ако исус бил роден во 6 година ПНЕ тогаш во 26 стата година од НЕ имал 32 години....
Али евангелијата не ни даваат сигурни податоци за тоа.