Велиш...... „јас колку што знам...“
Тоа значи дека доволно не знаеш. Затоа испитувај и истражувај за да знаеш повеќе.
Инаку ... Вулгатата е еден од најлошите преводи, кои ја користат Католиците.
Велиш....„значи споменува само проповедање на душите кои беа затворени (или во затвор) “
Точно така .....и преку овој лош превод се доаѓа до смислата на тоа што јас го тврдев.
Духовите на Нефилите кои се затворени во Тартарусот (тоа е посебно место (затвор) во најдолните места на Подземјето или Адот, Шеолот),.
Инаку зборот Нефили - се употребува за посебна врста на луѓе (изроди) кои што се изродиле пред потопот, кога Божјите синови (отпаднатите ангели) кои што биле фрлени на земјата заедно со Луцифер, земајќи човечки тела почнале да ги земаат за жени човечките ќерки. (Битие 6 глава)
Од тие паднати ангели (демони) и човечките ќерки, изродени се посебна врста на изроди, Титани, Џинови, со огромни димензии, кои што вршеле секакви Беззаконија на земјата и во нив немало Страв Божји. Затоа Бог решил да ги уништи и да ја исчисти земјата со потоп.
( И денес археологијата пронаоѓа скелети од луѓе со огромни димензии, од 3-5 метри, големина)
Духовите на овие изроди (Нефили), кои што Бог ги уништи се затворени во Тартарусот, во најдолните краишта на Подземјето или Адот (Шеолот) и се чуваат да бидат пуштени, за времето кога треба да затруби петтата труба, опишана во Откровението 9 глава, за време на Големите невољи кои треба да траат 7 години на земјата.
Еве што известува Откровение 9 глава:
1 Затруби и петиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И и се даде
клучот од кладенецот на бездната;
2 па
го отвори кладенецот од бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот.
3 И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии.
4 И им се рече: да не ја повредуваат земната трева, ниту какво и да е зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои.
5 И им се даде да не ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и мачењето нивно беше како мачење од скорпија, кога каснува човек.
6 Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7 По својот облик скакулците личеа на коњи, приготвени за војна: на главите нивни имаше како златни круни, а
лицата им беа како лица човечки;
8 имаа коси како косите на жени, а
забите им беа како заби на лавови.
9 И имаа оклопи како оклопи од железо; а шумот на нивните крилја беше како шум од коли со многу коњи, кога трчаат во војна.
10 Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци,
11 И за
цар над себеси го имаа ангелот на безданата; името негово по еврејски е Авадон, а по Елински - Аполион.
(Откровение 9:1-11)
Како што во еден од постовите кажав дека во Македдонскиот јазик, поради недостиг на соодветен збор, на многу места за разни термини се користи изразот Пекол, така и во овој случај, Тартарусот е заменет со терминот - Бездна.
Значи ....Бездната, Затворот или најдолните краишта на подземјето, каде што се затворени духовите на Нефилите, на Еврејски се нарекува Тартарус.
Истото име Тартарус, го сретнав пред извесно време во една Православна книга со српски превод, така да и авторот на книгата (кој е православен свештеник), Тартарусот го преведува со најдолните краеви на подземјето.
Книгата беше во ел.форма, па ако успеам да ја најдам, ќе ти ја препорачам да ја прочиташ. Имаше интересни тумачења.
Поздрав.