Ставрогин, ете затоа се појавија ткн. „протестанти“ кои во 16ти век протестираа против Римокатоличката „црква“. Целта на институционализираната МПЦ (ДООЕЛ) „црква“ е да го држи народот во духовно слепило и потсвесен страв од суеверија и празноверија, со цел што повеќе да заработи од него. Ако не ја бакнеш иконата и не оставиш пари пред неа, нешто лошо ќе ти се случи! Ако не викнеш поп да ти запее ваму таму, нешто лошо ќе ти се случи!
Кога народот е (духопвно) неписмен, поповите лесно ќе го влечат за нос каде што ќе посакаат. Ако се образува (ја прочита Библијата), тогаш ќе знае дека тие работи се небиблиски и измислени од православните цркви за финансиски придобивки.
Прочитајте што направи Исус кога влезе во еден комерцијален храм во Ерусалим:
„И дојдоа во Ерусалим. И кога (Исус) влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!” А главните свештеници и книжниците го чуја тоа, и бараа како да Го погубат, зашто се боеја од Него; имено сиот народ беше восхитен од Неговата наука.“
(Ев. Марко 11:15-18, Библијата)