Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали вие Христијаните мислите дека Библијата дава реална и точна презентација на моралот на Господ? (Да или Не одговор, ве молам)
Вака прашува оној што не прашува за да дознае, туку оној што прашува за да се надмудрува. Демек ако ми одговорат ДА, ќе им го плеснам ова, а ако ми одговорат НЕ тогаш ќе им го плеснам ова во лице. Затоа ве молам не ми давајте опширни одговори (зж не ме ни итересираат), туку одговорете само со ДА или НЕ, за да не ми ја расипете играта :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Во ред, ајде тогаш да направиме анализа на моралот и етиката на Господ чим од Библијата добиваме јасна слика.
Во Библијата се дозволува (и во некои случаи охрабрува) убиство, робовладетелство, силување, принесување човечки и животински жртви, геноцид, инцест и друго.
Не само тоа, во Библијата се споменува како тоа Израелците се избраниот народ од Бога, има и прикаски како Господ им помагал во битки против други народи.
Не само тоа, Библијата учи дека Господ не суди според дела, туку според верба. Библијата учи дека не е важно дали живееш добар, чесен и продуктивен живот, ако не го прифаќаш Исус Христос како твој Бог и спасител, ти ќе гориш во пеколот.
Дојдов до пеколот? Ајде да направам една мала алегорија за да покажам колку е смешна идејата за рај/пекол.
Ако твојот роден син изврши убиство, што ќе избереш? Да оди твојот син во затвор и да ја отслужи казната, или во подрум да изградиш мачилиште и да го мачиш и тортурираш цела вечност?
Како може Господ да осудува крајни дела со бескрајни казни?
Кога сме веќе кај пеколот, ајде да зборуваме за Луцифер. Дали Луцифер е помоќен од Господ? Не. Зошто тогаш Господ не се отараси од него? Можеби не се отарасува од него за да задржи една анти-тежа, но како може да осудува луѓе заради проблеми кои тој самиот ги создал и самиот нејќе да ги отстрани? Би можел и да го спомнам познатиот цитат на Епикур, но веќе сите добро го знаете.

Како може Господ да биде семоќен, сеприсутен и омнипотентен кога не знае да научи од сопствените грешки!
Ги создаде Адам и Ева, тој морален експеримент пропадна. Се создадоа народи, и тие пропаднаа па мораше да ги потопи, после тоа иде приказната за Вавилон, и тој експеримент пропадна.
Но, упорно и упорно Господ ги прави истите грешки.

Иронично е како обичниот човек е многу поморален и од самиот Господ. 96-97% од светското население се поморални од Господ, и упорно религиите ги пропагираат неговите смешни, глупави и застарени морали.
Самиот факт што во Библијата се пропагираат морали и закони кои биле нормални за луѓето во тоа време, ни дава до знаење дека Библијата е продукт на луѓето од тоа време. Факт.
--- надополнето: Jun 17, 2011 8:46 AM ---
Вака прашува оној што не прашува за да дознае, туку оној што прашува за да се надмудрува. Демек ако ми одговорат ДА, ќе им го плеснам ова, а ако ми одговорат НЕ тогаш ќе им го плеснам ова во лице. Затоа ве молам не ми давајте опширни одговори (зж не ме ни итересираат), туку одговорете само со ДА или НЕ, за да не ми ја расипете играта :)
Не за да ми ја расипете играта, туку за да не ми го заобиколите вистинското прашање и усмерите во погрешен правец, тоа ви е најомиленото хоби на вас верниците.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ај сеа признај дека ти текстов си го имал спремно уште пред да го поставиш прашањето? :)
Супер, еве ти се пружи прилика да го копи-пастираш. Се надевам дека сега си задоволен :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ај сеа признај дека ти текстов си го имал спремно уште пред да го поставиш прашањето? :)
Супер, еве ти се пружи прилика да го напишеш. Се надевам дека сега си задоволен :)
Да, затоа што го знаев однапред одговорот на прашањето.
Патетичен обид да го дискредитираш мојот текст, очекував подобар обид од тебе.
И нема што да бидам задоволен или не, однапред знам дека твојот игнорантен мозок нема да прифати ништо друго освен работите со кои го испрале истиот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да, затоа што го знаев однапред одговорот на прашањето.
Па тогаш зошто чекаше за одговор? Можеше сам да си одговориш и сам да си пишеш реплика на одговорот и сам да си дадеш на крајот аплауз („јес ги зезнав!“) :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Па тогаш зошто чекаше за одговор? Можеше сам да си одговориш и сам да си пишеш реплика на одговорот и сам да си дадеш на крајот аплауз („јес ги зезнав!“) :)
Форсирам дијалог, Чорбаџијо, сакам дискусија, не тврдоглаво да пополнувам место во темава, туку навистина да дискутирам со вас и да ве инволвирам во креативен дијалог.
--- надополнето: Jun 17, 2011 9:05 AM ---
А што сакаше да каже писателот? o_O
Писателот сакаже да каже дека моралот и етиката предавани од Библијата се наменети за временскиот период кога е таа напишана, тоа значи пред 20 и еден век. Бидејќи има многу нелогичности, контрадикции и погрешни морали, сосема сигурно можеме да заклучиме дека Библијата е човеков продукт, не божествен.
Исто така алудирав и за неморалот на идејата наречена Господ.

И Чорбаџијо, ако упорно одбегнуваш да одговориш на моето прашање и ако упорно МИКИ продолжи да глуми лудило, тогаш навистина ќе си помислам дека ве зезнав.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И Чорбаџијо, ако упорно одбегнуваш да одговориш на моето прашање и ако упорно МИКИ продолжи да глуми лудило, тогаш навистина ќе си помислам дека ве зезнав.
Па ти самиот призна дека си го знаел одговорот однапред.

Да, затоа што го знаев однапред одговорот на прашањето.
Тогаш зошто да ти одговорам? Зошто да спамирам непотребно на темава кога ти однапред го знаеш одговорот. Уживај и искажи си се што ти лежи на душа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И Чорбаџијо, ако упорно одбегнуваш да одговориш на моето прашање и ако упорно МИКИ продолжи да глуми лудило, тогаш навистина ќе си помислам дека ве зезнав.
Во ред е Игорчо, признавам дека „не си го можам„ со Тебе и тој разлог, трајно се повлекувам од форумов, скроз на скроз засрамен од мојта неукост...:D
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Во ред е Игорчо, признавам дека „не си го можам„ со Тебе и тој разлог, трајно се повлекувам од форумов, скроз на скроз засрамен од мојта неукост...:D
Упорно и упорно глумиш лудило.
Тоа ти е дефанзивен механизам.
Нема веќе да навлегувам во дискусии со вас, затоа што се излишни, мојот долг пост седи и ако има некој коментар, слободно нека се искаже, ама не сакам за друго да видам нотификација од вас двајца.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ок, тогаш ќе ти одговорам на прашањата во тој текст.

Ако твојот роден син изврши убиство, што ќе избереш? Да оди твојот син во затвор и да ја отслужи казната, или во подрум да изградиш мачилиште и да го мачиш и тортурираш цела вечност?
Според законите на РМ ќе го пријавам во полиција, а полицијата, согласно законите на РМ ќе го стави во затвор да ја отслужи казната.

Како може Господ да осудува крајни дела со бескрајни казни?
Господ не осудува со бескрајни казни. Казната за непокајаните грешници ќе биде вечна смрт. Пеколот како казан во кој вечно ќе се варат грешниците е измислен (или позајмен) од учењето на Католичката црква, кое нема библиска основа.

Кога сме веќе кај пеколот, ајде да зборуваме за Луцифер. Дали Луцифер е помоќен од Господ? Не.
На ова прашање повторно сам си одговараш, така што нема потреба јас да ти се одговори.

Зошто тогаш Господ не се отараси од него?
Ќе се отараси во време кое Бог го определил. Зошто Бог не се отарасил веднаш т.е. зошто Бог го одложил отарасување, тоа е веќе друго прашање и бара долг одговор кој задира во суверенитетот на Бог.

како може да осудува луѓе заради проблеми кои тој самиот ги создал и самиот нејќе да ги отстрани?
Бог не создал проблеми, туку проблемите ги создале созданијата на кои што Бог им дал слободна воља.
Бог ги осудува луѓето заради сопствените гревови, а не заради туѓи.

Како може Господ да биде семоќен, сеприсутен и омнипотентен кога не знае да научи од сопствените грешки!
Имаш погрешна претпоставка и затоа прашањето губи смисла. Бог нема грешки. Грешките се во погрешното толкување или неразбирање на библиските текстови.

Знам дека по овој текст ќе следат серија на подпрашања, но биди трпелив, бидејќи нема да можам да ти ги одговорам веднаш затоа што морам да одам на работа.
Поздрав!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Игорчо,

со Твојот долг (пост де..) се согласувам у потполност и Ти велам дека си во апсолутно право. Срам ми е више да се надмудрувам со Тебе, признавам...:D
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Мики бе оваа твојава математика не е во ред

1(Отец)+1(Син)+1(Свет Дух)=1(Бог)

... 1+1+1= 11... во бинарен ситем
... 1+1+1= 3.. во сите други бројчани системи

...ај откриј ни ја тајната...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom