Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Само да дополнам дека куќата на Марија ангелите во 13 сти век ја пренеле во Франција мислам кај Нант каде и демнес стои.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дали библијата треба да се прифати буквално,да се живее онака како што е пропишано и напишано во светото писмо или може да се толкува сето тоа,да се прилагодува на денешните услови,личните и групни преференции?

Бидејќи Исус јасно укажува на тоа дека нема што да се менува од Законот и што да се толкува и расправа...
Значи или целосно и безусловно така како што е дадена од Бога да се прифати и живее према неа или целосно да се отфрли...трета опција нема...

Или има?

(исто важи и за куранот,тората,ведите,списите на ронго-ронго на велигденските острови...било кои свети списи)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Ако Писмото го прифатиш буквалистички, тогаш, Писмото си го претворил во прирачник за влез во Рајот. Таквиот пристап не е својствен за православната Црква. Никаде во Писмото не пишува дека тоа (Писмото) е доволно за влез во Рајот.
2. Ако Писмото го толкуваш, отиде во протестанти, кои Писмото го толкуваат по својот ум. И таквиот пристап не е својствен за православната Црква.
3. Законот старозаветен е неважечки во новозаветниве времиња. Ако се држиш до Законот, ќе станеш сличен на јудеите, на „адвентистите„ и на „сведоците„. И на сличните „...исти„.
4. Ако Писмото го прифатиш круто, под изговорот „Да, тоа е збор Божји„, сам себе се претвораш во робот.

Во православната Црква, верните се спасуваат според учењето од Писмото и од Преданието, неразделно, но не онака „роботски„, туку согласно својот дар и согласно условите во кои живеат. Само така не се губи она кое ни е дадено (дарот, талентот, талантот...) и кое треба да го намножиме, и само така остануваме уникатни, а не програмирани роботи. Само така (о)стануваме личности, а не индивидуи.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
1. Ако Писмото го прифатиш буквалистички, тогаш, Писмото си го претворил во прирачник за влез во Рајот. Таквиот пристап не е својствен за православната Црква. Никаде во Писмото не пишува дека тоа (Писмото) е доволно за влез во Рајот.
Ако не го прифатиш буквално,се дрзнуваш да ги толкуваш Законите божји,суетно и годеливо да ја претпоставиш својата ситна,несовршена,грешна,човечка мисла пред онаа небесната,премудрата - божја.
А тоа е резервација за казаните со катран.Бидејќи гордоста е смртен грев и нема што да се толкува тука.

DAMNATION WITHOUT RELIEF !

Никаде во библијата нема овластување за православна,католичка,протестанстска,мормонска,адвентистичка...црква.
Значи црквата без дозвола од светото писмо се става како посредник.
Резултат - Адот...

3. Законот старозаветен е неважечки во новозаветниве времиња. Ако се држиш до Законот, ќе станеш сличен на јудеите, на „адвентистите„ и на „сведоците„. И на сличните „...исти„.
Не ми се верува, Мики, си скршал на патот на лукавиот!
Исус јасно има кажано дека дошол да го исполни стариот завет.

"Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам! Зашто вистина ви велам дури постојат небото и земјата, ниту една буквичка или црта од законот нема да се измени додека не се исполни се!"

4. Ако Писмото го прифатиш круто, под изговорот „Да, тоа е збор Божји„, сам себе се претвораш во робот.
Тоа и се бара од верникот,христијанинот,да ја прифати во целост со срце и ум, објавата божја, писмото свето, старо и новозаветно.

Инаку како ќе знаеш кој дел треба буквално да се прифати,кој дел да се толкува а кој дел да се отрфли?
Така секој може како што ќе му текне...
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57

Личност е лесно да станеш , тешко е индивидуа да си.
Уствари за воља на вистината индивидуата има(се поистоветува) личност(личности).
Се до моментот на просветлување , кога сваќа дека де е наметнато и е продукт на акција-реакција.
Нашите личности се реактивни , а длабоко под маската се крие индивидуата и нејзината мудрост.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Личност е лесно да станеш , тешко е индивидуа да си.
Уствари за воља на вистината индивидуата има(се поистоветува) личност(личности).
Се до моментот на просветлување , кога сваќа дека де е наметнато и е продукт на акција-реакција.
Нашите личности се реактивни , а длабоко под маската се крие индивидуата и нејзината мудрост.
Очигледно е дека не ги разликуваш категориите „личност„ и „индивидуа„. Ќе научиш, имет време....

--- надополнето ---

Ако не го прифатиш буквално,се дрзнуваш да ги толкуваш Законите божји,суетно и годеливо да ја претпоставиш својата ситна,несовршена,грешна,човечка мисла пред онаа небесната,премудрата - божја.
А тоа е резервација за казаните со катран.Бидејќи гордоста е смртен грев и нема што да се толкува тука.

DAMNATION WITHOUT RELIEF !

Никаде во библијата нема овластување за православна,католичка,протестанстска,мормонска,адвентистичка...црква.
Значи црквата без дозвола од светото писмо се става како посредник.
Резултат - Адот...

Не ми се верува, Мики, си скршал на патот на лукавиот!
Исус јасно има кажано дека дошол да го исполни стариот завет.

"Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам! Зашто вистина ви велам дури постојат небото и земјата, ниту една буквичка или црта од законот нема да се измени додека не се исполни се!"

Тоа и се бара од верникот,христијанинот,да ја прифати во целост со срце и ум, објавата божја, писмото свето, старо и новозаветно.

Инаку како ќе знаеш кој дел треба буквално да се прифати,кој дел да се толкува а кој дел да се отрфли?
Така секој може како што ќе му текне...
Добро де, ето, ти си го прифатил Писмото буквално. И, што имаш од тоа? Бесконечно и рафално пласирање цитати од Писмото, а ни грам дела по учењето од истото?
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Очигледно е дека не ги разликуваш категориите „личност„ и „индивидуа„. Ќе научиш, имет време....

Можеш да знаеш да ги дефинираш и дефинициите да ги знаеш на памет .
Тоа е неоспорно.
Мене научно прифатената дефиниција не ме занима , се што сум знаел на памет полека се губи од мојата меморија.
Она што јас сум го доживеал како вистина е уствари и тоа што сум го напишал.
Не викам дека не е контрадикторно .
Ама кој има уши ке разбере.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
О.К.

Нека ти биде според верата твоја...
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
О.К.

Нека ти биде според верата твоја...
Не е вера , вистина е .
Ако е вера тогаш неминовно е да стане атеизам.
Можеш да го ставиш у некое ќоше ама ке си тлее таму и еден ден ке искочи превише јако за да можеш да се справиш со него.
 
B

Braum

Гостин
Не ли пишува:
Второзаконие 4:
15 „Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог, ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик,
16 за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје,
17 ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото,
18 ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата,
19 и за да не се заведеш, кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите - сета небеска војска - па да им се клањаш и да им искажуваш почитување. Господ, твојот Бог, им ги даде нив на сите народи, секаде под небото.
второзаконие 5:
6 ‘Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.
7 Да немаш други богови покрај Мене!
8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.
9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата,
11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.
Каде одат и во која класификација тука Иконите на кои го уците народот да им се кланја, да им пали свеќи, раздава носи разни дарови(жртви),
каде оди пак тоа дека треба да оставиш зејтин за здравје.

Ефесјани: 2:8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
Ние со дела неможеме да се оправдаме.

Јован 3:18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Се прашувам, од каде доаѓа оваа, демек, јака загриженост протестантска на нашево православно идолопоклонтсво? Направиш поклон и чест на ликот од иконата и-оп! Веќе си идолопоклоник? Оти не не оставите да уживаме во идолопоколонството? Кој Ве повика на тоа душегржништво? Самите себе? Кај бевте во времето од седмиот вселеснки Собор, на кој еднаш за секогаш е одредено дека иконите не се идол!? Што е посилно-соборната одребда дека иконите не се идол или приватната теологија дека се идол?

Зашто не го забалежувате Вашето јако изразено идолопоклонство? Тешко се забележува,не? Ама затоа полесно се гледа раската во окото одо Вашиот брат, ама тешко оди со гредата во свето око, така?
 
A Бог преседаваше на седмиот вселенски собор? Тој се сложи со одлуките? има нешто доказ за тоа, на пример камена плоча од него врежана .... потпис негов дека тоа е во ред ... или на поверење се зема одлуката, се претпоставува дека Бог нема да има примедби на одлуката.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Токму така!

Сам Бог, Духот Свет, е гарант за точноста на одредбите од вселенските Собори. Кој сака, нека прифати, кој не, нека живее во своето тековно убедување. Одлуките од Соборите се носат онака како Му е угодно на Саветиот ДУх, оти Он ќе најде начин да ја опомене Црквата за нејзините искривувања, како што тоа го стори Христос во Откровението Јованово, упатувајќи критички зборови кон дел од тогашните Цркви.
 
Третиот црковен собор во Толедо во 586 година, донесе заклучок дека “Епископите можат да ги продаваат жените кои свештениците ги држеа како наложници“ ( ги овласти бискупите да тргуваат со робови), Вториот црковен собор во Севиља во 619 година, донесува одлука да “ослободениот роб, повторно му се враќа во ропство на истиот бискуп“, соборот во Ремс, во 630 година, издава општа наредба “да робови од христијанската вера можат да се продаваат само на христијани“, деветиот собор во Толедо, во 655, носи заклучок дека “робинките и нивните деца од незаконски бракови со свештеници, стануваат вечни робови на Црквата, на кој мораат да и аргатуваат бесплатно“, Епископот на Јорк, Егеберт, забранил како грев “ослободување на на манастирските робови“, папата Гргур 1ви го овласти епископот на Сардинија, “да робовите кои не се католици, ги става во прангии, ги мачи со оган и фрла во зандани“.....

И на овие собори “Сам Бог, Духот Свет, е гарант за точноста“

А на пример како “Он ќе најде начин да ја опомене Црквата за нејзините искривувања“. Ете најбројна и најраскошна е католичката црква, најможни земји се земји каде е доминантна католичка и протестантска црква по кои знаци ќе видеме дека на пример некоја црква е на крив пат? ќе им прати сиромаштија... беда... заостанатост.....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хмммм...Све ми се чини дека си ја утнал Црквата. Каков Толедо, каков Ремс... Тоа ќе да се однесува за Римската Црква, во која Духот Свет не ја дели својата благодат уше од шизмата, така да коментаров ти е прилично неточен. Таму каде Духот Свет не делува, нема ни потреба од посебни „знаци„ дека дотичните заедници се во криво. Тие заедници, самите по себе, со своите теологии и делувања, а особено со плодовите кои го дава нивната теологија, се доволен доказ за нивната искривеност.

Имено:

„... По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?...„.(Матеј, 7.16).

Православните богослови, а некои од нив имаат подолго престојувано во римокатолички и протестантски средини, ни оддалеку не го забележуваат делувањето на Духот Свет во тие заеднци! Оттаму и доаѓа посветовеноста на римокаолицизмот и протестантизмот, кои се колнат во се, само не во своите дела.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom