Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 мај 2010
Мислења
23
Поени од реакции
0
"Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти."
(Господ во Второзаконие 18:18, Библијата)

Значи Бог во стариот завет, 15 века пред Христос, најавил дека ќе издигне Пророк што ќе биде КАКО Мојсеј т.е. ќе има многу сличности како Мојсеј и драго ми е ако си забележил некои од тие сличности.
Исус не е плагијат на Мојсеј, туку Мојсеј е слика на Исус во пророчка смисла.
Исус е легитимна историска личност и никој, дури ни неверниците, ниту пак непријателите Негови во тоа време не ја оспорувале Неговата историчност.
Алооооооо ме читашшшшш што пишуваммммммм????????? Не реков дека Исус е копија на Мојсеј, туку приказната од Мојсеј е копија од некој Ехипетски фараон кој бил протеран и го затекналко потоп. За ова барам објаснувањееее
Читај погоре што пишува за Мојсеј
 
Член од
8 мај 2010
Мислења
23
Поени од реакции
0
Историски дали постоел, знам дека постоел мит..:)

Па тоа е тоа. Мит биле сите пагански Богови. Интересно што приказната на Исус се совпаѓа со тоа. Нема врска за нив дали биле митови или не, туку чудно е што приказната е потполно иста. Како е можно? Пред Исус вртеле насекаде овие приказни.
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
163
Поени од реакции
17
Штом Иса а.с е историски потврдена личност, потврдено ли е дека правел чуда и повикувал верување во Бога ? Дали е потврдено дека е распнат и виден после воскреснувањето ?
 
Член од
8 мај 2010
Мислења
23
Поени од реакции
0
Чорбаџија уште чекам одговор. Ајде сакам да ми објасниш зошто веруваш дека религиите не се измислена работа, туку дека навистина се вистинити. Од која причина веруваш дека не е се лага, можеш ли да ми покажеш некаков доказ? Зарем веруваш во Бог кој праќал пратеници и после самиот тој дојдел да се жртвува? Зошто си убеден во тоа дека е вистина? И дека Бог не е измислен пријател?
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Сакаш да кажеш дека Исус тука рекол да му ги даваме Царевите ликови на Царот, а Божјите ликови на Бога? Демек околу ликовите било дискусија тука а? :)
Не би трошел време на објаснување, паметна си, прочитај го контекстот и се ќе ти стане јасно. Тука нема ни "и" од икона. Пораката е многу јасна. Тука Исус не им порачува на луѓето да прават Божји икони и да му ги даваат на Бога. Туку им вели да си ги исполнуваат своите даночни обврски кон власта, но и своите Божји обврски кон Бога. Очигледно овие луѓе воопшто не мареле за својот духовен т.е. побожен живот, па затоа Исус им посочил на тоа.

А зошто не бил важен за Исус и апостолите и за раната црква? Зошто Исус и апостолите немале икони од старозаветните светци како што биле св. Мојсеј, св. Авраам, св. Ное, св. Јаков, св. Исак, св. Јосиф, св. Исаија, св. Илија, св. Еремија итн? Зошто не си направиле икона од св. Јован Крстителот за кого Исус рече дека е најголемиот меѓу луѓето?
Очигледно на некои со векови подоцна им текнало дека е "важно" да се прават ликови, а Исус и апостолите не се досетиле за оваа важност :)
Во овој цитат од Откровението објасни ми го само болдираниот дел, зошто вели да не се поклонуваме пред Ѓаволот и неговиот лик.
19. Откровение 20:4 И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот, ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.

Во овој период, исто така, за прв пат се споменува и иконата на Пресвета Богородица Марија; како автор на оваа икона Теодор Лектор во неговата Историја на Црквата го посочува Апостол Лука. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој Апостол во иднина ќе се зголеми.
Дали е вистина дека апостол Лука ова го направил?

И ќе те прашам уште, дали веруваш дека постојат мироточиви икони и икони чии ликови 'плачат' како што веруваат некои христијани(или сметаш дека тоа е само резултат на кондензација или 'плачат' за конзервација!) :)?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
:) колку едноставен одговор :)
Еве, дај ти поубедлив одговор, кој ќе ни обајсни од каде е идејата за сите оние силни милијарди години, на пр: 15-20 милј. г. од создавањето на Вселената, 4,5 милј.г. од создавањето на Земјата, 2 милј.г. од создавањето на првото живо битие на Земјава? Кој и на кој начин дошол до тие импозантни бројки? Му текнало? Му се сонило? Се сетил? „Научно„ докажал?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ниту научникот, ниту теологот немаат издржан одговор. Ето.
Па сеа вие карајте се колку била стара.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е па Дибек, е па ова од тебе напишаново, не е одговор, туку ескивирање од одговорот. Повеќе пати имам напишано, и ај, еве, пак ќе напишам: за православната Црква, времето е небитна категорија, особено ова, минливо време, кое го живееме секојдневно. За Црквата Христова, битна е вечноста, она неминливо и бескрајно време, кое Христос Богочовекот ни го вети во Неговото Царство небесно. И не само то: учењето до Црквата е пред се и над се, духовна категорија, а не материјално-физичка. Затоа Црквата не се „замара„ со световните наауки, философии и уметности, оти за Црквата, Христос е центарот на вниманието, а не материјата. Богословите јасно нагласуват дека нашето неразумно и безмерно приврзување кон нешата од материјалниов Свет, не ни дозволува да размислуваме и за нашиот Бог! Оти, не можеме да му служиме и на Бога и на Мамона, како што вели Сам Христос.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во овој цитат од Откровението објасни ми го само болдираниот дел, зошто вели да не се поклонуваме пред Ѓаволот и неговиот лик.
19. Откровение 20:4 И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот, ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.
Ѕверот ќе направи икона и потоа ќе тера сите народи да се поклонуваат на таа икона. За да биде поубедлив, ќе направи чудо со таа икона (имено иконата ќе прозборува, чудо за кое што можат да сањаат православците со своите икони - Откровение 13:15). На иконата секако нема да биде нацртан црвен ѓавол со рокчиња, опашка и гребло во раката. Во Библијата пишува дека ѓаволот се преправа во "ангел на светлината" (2 Коринтјаните 11:14). Тоа ќе биде некоја убава и превлечна икона и луѓето ќе мислат дека таа го претставува Бога и, слично на православните денес, ќе наоѓаат 1001 изговори зошто е "богоугодно" да се поклонуваат пред таа икона. Ѓаволот е наречен "Лукавиот" и тој со својата лукавштина ќе ги хипнотизира мнозинството луѓе кои клањајќи се на неговата икона, ќе мислат дека прават нешто богоугодно.
Се разбира, први на мета ќе бидат оние кои денес имаат слабост кон иконите и веруваат и се возбудуваат на нивните наводни "чуда" - православните. Затоа и тие ќе бидат прелажани со оваа привлечна икона и со нејзиното спектакуларно чудо.
Ѓаволот ќе има малку потешкотии да ги натера протестантите да се клањаат пред неговата икона, затоа што тие и онака одбиваат да се клањаат на каква било икона, макар и на неа да бил нацртан Исус Христос. Но сепак за нив ѓаволот ќе смисли друг начин како да ги натера и многумина од нив (мнозинството номинални верници) исто така ќе се поклонат на таа икона.

Не е случајно што иконата на Ѕверот е ЕДИНСТВЕНАТА икона што се спомнува во Новиот Завет. Размисли добро за ова.

Дали е вистина дека апостол Лука ова го направил?
Не. Ова е докажана и потврдена лага. Никаде во историјата не се спомнува оваа "икона". Не е спомната ниту во делата на Лука (евангелието по Лука и делата на апостолите), ниту пак е спомната од другите христијански или нехристијански писатели и историчари. Дури ни кога бил бурниот и крвавиот спор околу иконофилите и иконоборците (7-9 век), никој не се повикал на оваа "икона на апостолот Лука" за да ја докаже богоугодноста на иконите. Плус иконата е нацртана во Византиски стил, стил кој не бил познат во уметноста во 1 век кога живеел апостолот Лука. Не постојат ниту еден доказ дека Лука цртал икони. Ова е измислица на православната црква со цел таа да си најде некакво изворно-христијанско објаснување на својата небиблиска пракса поврзана со иконите.
Едноставно, ако сме искрени љубители на Божјата вистина, ќе мораме да ја прифатиме реалноста дека иконите влегле во православието од и заради грчката култура и влијание. Христос и апостолите и раната (неопоганета) црква не употребувале икони. Оваа пракса постепено се накалемила врз источната црква со векови подоцна.

И ќе те прашам уште, дали веруваш дека постојат мироточиви икони и икони чии ликови 'плачат' како што веруваат некои христијани(или сметаш дека тоа е само резултат на кондензација или 'плачат' за конзервација!) :)?
Не верувам. Но верувам дека ѓаволот еден ден ќе направи неговата икона да прозбори. Дали миротечението е поголемо чудо од иконата што зборува? Не. Дали е тоа некаков знак дека таа икона ќе биде богоугодна? Не. Епа тогаш што се замараш со тие чуда, кога дури и да се вистинити, тоа не гарантира дека тие чуда се од Бог.
Ако не сакаш да бидеш заведена од лукавштината на Лукавиот, не се потпирај врз некои институции што се нарекуваат цркви, туку потпри се врз Божјиот сигурен и непоколеблив Збор - Библијата, исто така како што и Христос тоа го направи кога беше искушуван од Сатаната во пустината и кога се бранеше со зборовите: Пишано е...

--- надополнето ---

Штом Иса а.с е историски потврдена личност, потврдено ли е дека правел чуда и повикувал верување во Бога ? Дали е потврдено дека е распнат и виден после воскреснувањето ?
Да. Да.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Како ќе кажеш ти, Мики.... само ич не ти е едноставно - да си знаеш :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Биди појасен, за да можам да допрецизирам во одговорот.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Еве, дај ти поубедлив одговор, кој ќе ни обајсни од каде е идејата за сите оние силни милијарди години, на пр: 15-20 милј. г. од создавањето на Вселената, 4,5 милј.г. од создавањето на Земјата, 2 милј.г. од создавањето на првото живо битие на Земјава? Кој и на кој начин дошол до тие импозантни бројки? Му текнало? Му се сонило? Се сетил? „Научно„ докажал?
Колку е стара може само да шпекулираме .. и да праиме некои математики ... значи само теорија ...
НО ... фактот дека научно (да научно) има најдено примероци кои се стари милјарда години е доста за да падне у вода теоријата ваша дека земјата е стара 8000г :toe:
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
"Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти."
(Господ во Второзаконие 18:18, Библијата)

Значи Бог во стариот завет, 15 века пред Христос, најавил дека ќе издигне Пророк што ќе биде КАКО Мојсеј т.е. ќе има многу сличности како Мојсеј и драго ми е ако си забележил некои од тие сличности.
Исус не е плагијат на Мојсеј, туку Мојсеј е слика на Исус во пророчка смисла.
Исус е легитимна историска личност и никој, дури ни неверниците, ниту пак непријателите Негови во тоа време не ја оспорувале Неговата историчност.
"Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти."
(Господ во Второзаконие 18:18, Библијата)


Ова пророштво не се однесува на Иса а.с. (Исус) туку на Мухаммед РесулАллах с.а.в.с. бидејќи вели „од нивните браќа“ а не од нив а нивни браќа биле арапите бидејќи тие потекнуваат од потомството на Исмаил а.с. кој бил брат на предокот на евреите Исак а.с. а нивни татко бил заедничкиот предок на арапите и евреите - Ибрахим а.с. (Абрахам)

А и самите вие велите дека Иса а.с.(Исус) бил бог а не пророк!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom