Во овој цитат од Откровението објасни ми го само болдираниот дел, зошто вели да не се поклонуваме пред Ѓаволот и неговиот лик.
19. Откровение 20:4 И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот, ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.
Ѕверот ќе направи икона и потоа ќе тера сите народи да се поклонуваат на таа икона. За да биде поубедлив, ќе направи чудо со таа икона (имено иконата ќе прозборува, чудо за кое што можат да сањаат православците со своите икони -
Откровение 13:15). На иконата секако нема да биде нацртан црвен ѓавол со рокчиња, опашка и гребло во раката. Во Библијата пишува дека ѓаволот се преправа во "ангел на светлината" (
2 Коринтјаните 11:14). Тоа ќе биде некоја убава и превлечна икона и луѓето ќе мислат дека таа го претставува Бога и, слично на православните денес, ќе наоѓаат 1001 изговори зошто е "богоугодно" да се поклонуваат пред таа икона. Ѓаволот е наречен "Лукавиот" и тој со својата лукавштина ќе ги хипнотизира мнозинството луѓе кои клањајќи се на неговата икона, ќе мислат дека прават нешто богоугодно.
Се разбира, први на мета ќе бидат оние кои денес имаат слабост кон иконите и веруваат и се возбудуваат на нивните наводни "чуда" - православните. Затоа и тие ќе бидат прелажани со оваа привлечна икона и со нејзиното спектакуларно чудо.
Ѓаволот ќе има малку потешкотии да ги натера протестантите да се клањаат пред неговата икона, затоа што тие и онака одбиваат да се клањаат на каква било икона, макар и на неа да бил нацртан Исус Христос. Но сепак за нив ѓаволот ќе смисли друг начин како да ги натера и многумина од нив (мнозинството номинални верници) исто така ќе се поклонат на таа икона.
Не е случајно што иконата на Ѕверот е ЕДИНСТВЕНАТА икона што се спомнува во Новиот Завет. Размисли добро за ова.
Дали е вистина дека апостол Лука ова го направил?
Не. Ова е докажана и потврдена лага. Никаде во историјата не се спомнува оваа "икона". Не е спомната ниту во делата на Лука (евангелието по Лука и делата на апостолите), ниту пак е спомната од другите христијански или нехристијански писатели и историчари. Дури ни кога бил бурниот и крвавиот спор околу иконофилите и иконоборците (7-9 век), никој не се повикал на оваа "икона на апостолот Лука" за да ја докаже богоугодноста на иконите. Плус иконата е нацртана во Византиски стил, стил кој не бил познат во уметноста во 1 век кога живеел апостолот Лука. Не постојат ниту еден доказ дека Лука цртал икони. Ова е измислица на православната црква со цел таа да си најде некакво изворно-христијанско објаснување на својата небиблиска пракса поврзана со иконите.
Едноставно, ако сме искрени љубители на Божјата вистина, ќе мораме да ја прифатиме реалноста дека иконите влегле во православието од и заради грчката култура и влијание. Христос и апостолите и раната (неопоганета) црква не употребувале икони. Оваа пракса постепено се накалемила врз источната црква со векови подоцна.
И ќе те прашам уште, дали веруваш дека постојат мироточиви икони и икони чии ликови 'плачат' како што веруваат некои христијани(или сметаш дека тоа е само резултат на кондензација или 'плачат' за конзервација!)
?
Не верувам. Но верувам дека ѓаволот еден ден ќе направи неговата икона да прозбори. Дали миротечението е поголемо чудо од иконата што зборува? Не. Дали е тоа некаков знак дека таа икона ќе биде богоугодна? Не. Епа тогаш што се замараш со тие чуда, кога дури и да се вистинити, тоа не гарантира дека тие чуда се од Бог.
Ако не сакаш да бидеш заведена од лукавштината на Лукавиот, не се потпирај врз некои институции што се нарекуваат цркви, туку потпри се врз Божјиот сигурен и непоколеблив Збор - Библијата, исто така како што и Христос тоа го направи кога беше искушуван од Сатаната во пустината и кога се бранеше со зборовите:
Пишано е...
--- надополнето ---
Штом Иса а.с е историски потврдена личност, потврдено ли е дека правел чуда и повикувал верување во Бога ? Дали е потврдено дека е распнат и виден после воскреснувањето ?
Да. Да.