Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.004
Поени од реакции
83.388
психологијата ни вели дека оние кои веруваат дека 1+1+1=1 се кретени и следсвено на тоа верувањето нивно е кретенизам
Да тоа е кретенски, а уопште и никако не е кретенски да се самоубиеш во име на Бога и во исто име да убиеш дузина невини луѓе.
Исто не е кретенски некого жив да запалиш затоа што не сака да ја смени верата и жена му да ја силуваш. и да мислиш дека си направил добро дело за верата.
Исто не е кретенски во име на Господ да ги рокнеш у ваздух со векови старите џиновски буди.
Исто не е ич кретенски у еден ден да запалиш стотици храмови (некои стари повеќе векови) само затоа што се од туѓа религија.

Има многу некретенски работи цртко. Но затоа кретенски е нешто што некој верува, а ти не го разбираш (баш тоа последното веројатно го прави кретенски)
ам за да го свати некој тоа треба да разликува еднина од множина ама кретен е кретен
Шега на страна.
Уопште не си ти тој/таа што ќе прогласува кретени на форумов. Таков чин не е дозволен по правила на куќен ред. Се вика навреда. Чинот. Чинот на прогласување на Христијанството за кретенизам може многумина да го сфатат лично.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
МIKI1 -Ако Бог Отецот е Бог по суштина, што ќе биде Битието родено од Отецот? Ќе биде Бог!-
Не ми е јасно како можат едни обични луѓе да распнат Бог на крст ??
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Можат!

Можат, оти Бог стана (Бого)човек, а кога Он дојде, не Го препознааа па Го распнаа лицемерите кои самите Го очекуваа! Ето, така се распнува Бог!

На крстот беше распнат Христос, во својата човечка а не Божја пројава. Јасно е дека не може да се распне Бог кој е дух по природа, но може да се распне човек, кој има и материјално тело од своето битие.

Дечки, едно прашање:

Каде во библијата можам да прочитам за вапцање јајца?
Еве едно слично прашање: каде е во Библијата даден рецепт за сарма со свинско месо во лозов лист?

П.С. На погрешно прашање, се дава погрешен одговор.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Можат!

Можат, оти Бог стана (Бого)човек, а кога Он дојде, не Го препознааа па Го распнаа лицемерите кои самите Го очекуваа! Ето, така се распнува Бог!

На крстот беше распнат Христос, во својата човечка а не Божја пројава. Јасно е дека не може да се распне Бог кој е дух по природа, но може да се распне човек, кој има и материјално тело од своето битие.
А нели имал сила Божја ? Нели Бог е семожен ?
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Не барај ги ти старите Грци, одлучи се што да ти биде тебе Исус
1.Бог
2.Божји син
3.Свет Дух

само немој да кажеш сите три, зошто така испаѓаш многубошец (Паган).
За мене Исус е човек иначе јас сум многубожец(Македонско древно многубоштство).
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Да тоа е кретенски, а уопште и никако не е кретенски да се самоубиеш во име на Бога и во исто име да убиеш дузина невини луѓе.
Исто не е кретенски некого жив да запалиш затоа што не сака да ја смени верата и жена му да ја силуваш. и да мислиш дека си направил добро дело за верата.
Исто не е кретенски во име на Господ да ги рокнеш у ваздух со векови старите џиновски буди.
Исто не е ич кретенски у еден ден да запалиш стотици храмови (некои стари повеќе векови) само затоа што се од туѓа религија.

Има многу некретенски работи цртко. Но затоа кретенски е нешто што некој верува, а ти не го разбираш (баш тоа последното веројатно го прави кретенски)

Шега на страна.
Уопште не си ти тој/таа што ќе прогласува кретени на форумов. Таков чин не е дозволен по правила на куќен ред. Се вика навреда. Чинот. Чинот на прогласување на Христијанството за кретенизам може многумина да го сфатат лично.
дегутантни сте веке со тој стереотип
Хитлер човекот кој сакал да збрише за навек цели нации не бил муслиман исто како што не бил и Труман кој уништи генетски код на еден цел народ во Хирошима и Нагасаки исто како и Милошевич и Ратко Младич и Мусолини и Гебелс и сите најголеми мнонструми на човештвото не биле муслимани и престанете со таа реторика муслиманите вака муслиманите онака.
муслиманите не се они кои ги затвараат кериките 20 години у подрум и ги силуваат. Фрицел не е муслиман Бети исто како што не се муслимани поповите и свештениците кои се обвинети сега за педофилија во Ватикан ама испран ви е мозокот да имате исламофобија и тоа е тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А нели имал сила Божја ? Нели Бог е семожен ?
Да, Исус има(л) сила Божја, преку Синот, но се до воскресението, човекот Исус сеуште ја нема добиено сета власт од Отецот. Но , Христовото распнување беше воедно и услов за пролевање на последната жртвена/човечка крв, со која (крв) Он (Христос) ги изми гревовите од целиот род човечки. Затоа, секој од нас е откупен од Христа Бога, и со тоа Христос изврши дел од својата мисија на Земјава, а на секого од нас, му преостанува можноста или да ја прифати жртвата Христова и да заработи свое место во Рајот или да не ја прифати и самиот да се осуди на вечна смрт.

Еве каде Он ја добива својата моќ, (како Богочовек, не само како човек!), после воскресението:

„...А Исус, кога се доближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата„ (Матеј, 28.18)

дегутантни сте веке со тој стереотип
Хитлер човекот кој сакал да збрише за навек цели нации не бил муслиман исто како што не бил и Труман кој уништи генетски код на еден цел народ во Хирошима и Нагасаки исто како и Милошевич и Ратко Младич и Мусолини и Гебелс и сите најголеми мнонструми на човештвото не биле муслимани и престанете со таа реторика муслиманите вака муслиманите онака.
муслиманите не се они кои ги затвараат кериките 20 години у подрум и ги силуваат. Фрицел не е муслиман Бети исто како што не се муслимани поповите и свештениците кои се обвинети сега за педофилија во Ватикан ама испран ви е мозокот да имате исламофобија и тоа е тоа.
А, Хитлер и Фрицел, да не са православни рисјани!?
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Да, Исус има(л) сила Божја, преку Синот, но се до воскресението, човекот Исус сеуште ја нема добиено сета власт од Отецот. Но , Христовото распнување беше воедно и услов за пролевање на последната жртвена/човечка крв, со која (крв) Он (Христос) ги изми гревовите од целиот род човечки. Затоа, секој од нас е откупен од Христа Бога, и со тоа Христос изврши дел од својата мисија на Земјава, а на секого од нас, му преостанува можноста или да ја прифати жртвата Христова и да заработи свое место во Рајот или да не ја прифати и самиот да се осуди на вечна смрт.

Еве каде Он ја добива својата моќ, (како Богочовек, не само како човек!), после воскресението:

„...А Исус, кога се доближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на неботи и на земјата„ (Матеј, 28.18)

А, Хитлер и Фрицел, да не са православни рисјани!?
Но комент стварно. За мене Бог е еден и единствен и според мене нема никаков син. -Зошто да има син ? :toe:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бог Отецот има и Син и Свет Дух, оти разумни/словесни битија, можат да битисуваат само во заедница!

Мала дигресија: погледни ги случаите со тешките затвореници, кои, добивајќи казна во самица на подолг временски период, по излегувањето од самицата, практично се луѓе кои се симнати од умот: луѓе кои спобудалуваат, оти во самицата, во физички изолирани услови, нема кој да ги дружи.

На крај на краиштата, Бог Самиот, без принуда, ни се објавиво во три лика: Отец, Син и Свет Дух, така да нема потреба од фантазирање дека Бог е еден, двајца или педесетмина истовремено. Плус, ако Отецот промислил дека треба да има еден а не три сина, тогаш Отецот смета дека е тоа доволно. Плус, ако заедницата има три лика, тогаш другите два лика сведочат за вистините од третиот лик. Плус, само во заедница, ликовите можат да остварат личносни релации. И тн...

Оттаму, јасна е заблудата дека Бог е еден, како математичка единица. Што, „у ставри„, прави таквиот бог? Се досадува?
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Fire сака да ти објасни дека верувате во многубогство исто како старите грци ама.......... шупелка е шупелка вие пак ке си се лажете со тоа троеден стоеден бог.
како прво мора Fire малку историја да прочита,за да му се разјаснат некои работи,во тоа време немало грци.Значи како може една нација која во тоа време не постоела да верува во повеќе богови:tapp:

За тебе:изгледа ти веруваш во стоеден бог па сакаш и на нас да ни го наметнеш тоа твоје мислење(верување)...како можеш да кажеш дека ние самите се лажеме,кога во сето тоа ти си најголемата лага...!!!Ние веруваме во еден Бог и во еден Син Божји Исус!!!

Но комент стварно. За мене Бог е еден и единствен и според мене нема никаков син. -Зошто да има син ? :toe:
да не бил таткото твој и тебе ќе те немало,сепак останал еден татко а не пет....по твоје и ти не му си потребен на својот татко,што му требало да те има:toe:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
како прво мора Fire малку историја да прочита,за да му се разјаснат некои работи,во тоа време немало грци.Значи како може една нација која во тоа време не постоела да верува во повеќе богови:tapp:
не си ми баш јасен
многубогство имало и во античка грција и во постантичка па дури до поробена грција од римјаните значи се до 4/5 век у наша ера а у тоа време христијанството земало замав у овие простори така да христијанството било присутно во исто време кога се верувало во многубогство Зевс Хера Афродита Марс и компанија како што и денес се верува во Бог Отец Бог Син И Бог Свет Дух.
и самите верувања три во едно и зевс и компанија имаат сличности така да и Фире не е до толку у заблуда.

За тебе:изгледа ти веруваш во стоеден бог па сакаш и на нас да ни го наметнеш тоа твоје мислење(верување)...како можеш да кажеш дека ние самите се лажеме,кога во сето тоа ти си најголемата лага...!!!Ние веруваме во еден Бог и во еден Син Божји Исус!!!

да не бил таткото твој и тебе ќе те немало,сепак останал еден татко а не пет....по твоје и ти не му си потребен на својот татко,што му требало да те има:toe:
тоа е и киксот што го сметате Исус за Бог а тоа е непотизам :baeh: и афтоматски верување во многубогство во кое по дефаулт треба да го внесете и Луцифер поради тоа што Бог отецот нема ама никаква контрола над него и неговите потези и неможе да го игнорирате кога и самиот Исус бог бил искушен од него што значи дека никој и ништо нема контрола врз него.
 
Г

Господ

Гостин
Рисјанскиот Бог не се тројца во едно туку еден со три лица.
Исто ко што H2O може да заземе форма на мраз,вода и пареа.
Ко на рекламата за дегенерите,различни а еднакви:tapp:
Ама јако го кажав ова:pipi:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Рисјанскиот Бог не се тројца во едно туку еден со три лица.
Исто ко што H2O може да заземе форма на мраз,вода и пареа.
Ко на рекламата за дегенерите,различни а еднакви:tapp:
Ама јако го кажав ова:pipi:
Еј да сибеш!
Ама интересна паралела со водата!

И, да, ако така се спореди, ваистина е!
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Рисјанскиот Бог не се тројца во едно туку еден со три лица.
Исто ко што H2O може да заземе форма на мраз,вода и пареа.
Ко на рекламата за дегенерите,различни а еднакви:tapp:
Ама јако го кажав ова:pipi:
да баш ко за дегенери добра реклама а тоа еден со три лица е некако бетер бе multi personality disorder ке да е:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom