Па нели го викате Бог на Исус. Знаете ли вие самите дали е син божји или е Бог ?
Ќе се обидам да објаснам како може Христос да е и Бог и Син Божји, користејќи човечка паралела.
Ако родителот е човечко битие, тогаш, што ќе биде родителскиот пород? Човек!
Ако Бог Отецот е Бог по суштина, што ќе биде Битието родено од Отецот? Ќе биде Бог!
Како што децата ја наследуваат човечката природа/суштина од своите родители, така и Синот Божји ја наследува божјата природа/суштина од Свјот Отец. Така, родителите-луѓе раѓаат други луѓе-деца, па така и Бог Отецот, Кој Е Бог, раѓа друг Бог-во случајов, Богот Син. Преку раѓањето од Бога Отецот, Синот Божји ја наследува божјата природа/суштина од Отецот, па затоа и Синот е Бог, идентичен по природа со Отецот, како што децата се идентични по својата човечка природа/суштина со своите родители.
Od mnozina ne moze da bide ednina...
Рационално-математичката логика ни вели дека 1+1+1=3.
Духовната логика ни вели дека 1+1+1=1.
Така, кој не ја надминал својата телесност, душевност и рационалност, не може да прифати дека Бог може да биде Троедин! Оние кои се обидуваат да ја разберат верата саде рационално, таквите повеќе сакаат да знаат а не да веруваат (како што рече славниот, а сега веќе покоен Карл Саган). Оние поединци, на кои им се отврени очит на духот, за таквите, Бог не е категорија која може да се сведе на математичка опреција од прв ред, туку Бог е онаков како Он Самиот ни се открива: како Троедеин Бог, во три лика, а не онаков каков некој би сакал да Го види Бога-како математичка неделива единица!
Постев без зејтин првата недела и сега последната исто.
Дали и Велика Сабота се пости без зејтин или само заклучно со Велики Петок?
На Велики Петок, не се јаде и пие ништо, до појавата на првата ѕвезда, пред вечерта.
На Велика Сабота, пак се пости строго, без масло, се до полноќ, кога почнува литургијата со причеста.