1. Значи све отпоново?!?! Ова некако источњачки звучи, нели?
2. Нели луци више е во пеколот?
3. Каде ангелите ќе ја вршат вољата божја?!?
4. Јасно ми е дека е све бесконечно, ама што ќе прават?!? Мислам, што ќе има за правење воопшто?
5. Ако 1. тогаш дали повторно ќе ги создаде Адам и Ева и дали повторно овие ќе зезнат, и повторно дедо Ное и све?
1. Да, Христос, во Откровението, ветува дека се одново ќе пресоздаде, а она кое Христос го ветува, тоа и го исполнува. А тоа што велиш дека звучи „источњачки„ и не знам како, тоа е само твој заклучок.
2. Луци сеуште не е во пеколот, оти сеуште не се случи страшниот Христов Суд. Луци е некаде, не знаеме точко каде лоциран, но знаеме од каде делува. Тековно, Луци и неговото братство, делуваат од центар во Хималаите, преку веќе познатите религии, кои ни доаѓаат од таа „географија„.
3. Ангелите ќе ја вршат волјата Божја во духовниот Свет, како и досега.
4. Ангелите, како и досега, ќе го прават она кое Бог ќе им го заповеда.
5. Адам и Ева нема да бидат одново создадени, туку, како и и сите упокоени, и тие ќе воскреснат на второто Христово доаѓање и Неговиот суд.
А зошто тогај не седат сите тројца на престолот туку Отецот седи на престолот а Исус десно од него, Зошто на приметр Отецотѕ му ја подава книгата на Исус ако се едно исто, и зошто Исус не знае кога ќе биде судниот ден туку само отецот?
Можеби е ова случај на поделени личности како што е опипшан во психијатријата
Пресвета Троица е Еден Бог во три лика, од кои секој лик има свои особини и своја улога во Светов па затоа не „седат„ сите Троица на ист престол. Тоа што Синот е оддесно на Отецот, не е некоја просторна поставеност на Синот во однос на Отецот, туку релација помеѓу Синот и Отецот.
Тоа што Исус вели едка не знае кога ќе биде Неговиот Суд, тоа е кажано од Исус како човек, а не од Синот Божји. Не ја заборавај двојната Христова природа: евангелијата повеќепати ни сведочат дека Исус се однесува и како човек и како Бог, едновремено. Исус, пред вознесението И пред да Му биде дадена секаква власт на Земјава, јасно е дека не знаел кога ќе биде Неговото второ доаѓање. Но, Синот Божји секако дека знае се, па и Неговото второ доаѓање.