MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
За тоа црвеното -
Томов Закон
"Ништо не може да произведе нешто. Ако некогаш имало време кога имало ништо, тоа сеуште ќе биде ништо."
Па дури и Бог (кој е нешто) не може да биде произведен од ништо. Затоа, ако Бог дојде во битие, тој мора да излезе нешто. Единственото "нешто" што сега постои и отсекогаш постоело е енергија и / или материја.
Значи, секој Бог (или нешто друго) мора да биде, или мора да е било, производ на нешто. Сето она што е, мора да биде производ на енергија и / или материјата.
Бог не можел да создаде сè. Тој не можеше да се создаде себеси, треба да се развие од нешто што не е Бог.
Постојат оние христијани кои велат дека (и покрај Томовиот закон) дека Бог доаѓа од ништо. Имам некои прашања.Како би "НЕШТО " има мудрост да направи нешто повеќе важно и посложено отколку самиот или самото себе,а и уште поважно и покомплицирано од целиот универзум? Зошто не го направил "НЕШТО " прво универзумот, а потоа Бог?
Ова погоре е показател за почетничко неразбирање на работите.
Пошто Бог е Творец „..на се видливо и невидливо...„ тоа значи дека творенијата имаа свот Творец, но не значи дека и Творецот има свој Творец. Творецот им претходи на сите творенија, а самиот Творец за Себе вели дека „...Е....„, дека Он отсекогаш постои и дека Он нема свој почеток ниту во просторот ниту низ времето. Тоа значи дека Творецот е творец и на сите материјално-физичко-временски категории, кои важат само во/за материјалните-создадените категории и битија, но тие закони не важат и за самиот Творец, кој е создател на тие материјално-физички закони. Бидејќи Творецот обитува во небесниот-духовниот свет, а и Самот е Дух, Он не подлежи на правилата на овој, отпаднат и неповратно-иреверзибилно расиплив Свет.
Затоа, Бог е надлогичен и надприроден-не можеме да ја озознаеме Неговата неограниченост целосно, користејќи го нашиот ограничен ум, ниту можеме да Го подведеме на законите од овој, материјалниов Свет.