Прашање до муслиманите:
Зашто повеќето од другарите кои се нарекуваат муслимани
што ги знам.
Седнуваат на маса за
јадење со каури
(јас сум каур).
Иако строго е забрането според законот?
А освен тоа си каснуваат свинско
(со нивно знаење)
и си пивнуваат алкохол
(дури и црвено вино)?
Дали тие особи може да се класифицираат како муслимани?
...не знам дали некој муслиман ќе одговори, можеби ако е босанец или постар аџо, иако првичниот пост на темава се повикува на нивни одговор, можам да споделам некои интересни сознанија кои за да се има вистински соживот треба да се знаат од двете страни обичаите, па некогаш муслиманските обичаи ги знае повеќе некој христијанин и обратно,
... на муслиманот му е дозволено да јаде каква било храна направена од лице чија вера и религија не му е позната, според тоа може да седи на иста маса и со немуслиман што е халал да се покаже како вистински муслиман јаде,
... ако на пример муслиман седи на маса во ресторан и пие чај и додека пие на иста маса седнува да речеме турист кој нарачува и пие алкохол, вистинскиот муслиман треба да стане од масата и да си замине т.е. да се тргне од таа маса, значи муслиманот не само што не смее да пие алкохол, туку не смее да седи на иста маса со некој тоа го прави и треба да тргне од масата на друга маса,
... ние знаеме само околу свинското месо дека муслиманите не треба да го јадат, но кај вистинските муслимани да биде халал месото за јадење е важно да биде животното заклано според муслиманските адети, без разлика ако истото е приготвено од муслиман или немуслиман,
... прашање, дали може да се примени купено месо што се произведува во муслимански земји од немуслимански компании, пишува „заклано според исламските закони“ или ако доаѓа од муслимански компании во немуслимански земји или е немуслиманска компанија од немуслиманска земја, ако производителот е муслиман или месото е произведено на место каде што муслиманите се мнозинство и не е познато дека производителот е немуслиман? Да! дозволено е да се јаде,
но ако производителот е немуслиман или е произведен на место каде што муслиманите не се мнозинство и не е познато дека производителот е муслиман, тогаш не е дозволено да се јаде месото, затоа што не е се знае дали е заклано според муслиманските обичаи, на пример многу производи во својот состав содржат желатин кој е од животинско потекло и тука важи правилото дека можат истите да се конзумирааат само ако животното од чиј коски се извлекло тој желатин е заклано според муслимаските обичаи,
... муслиманите не смеат да јадат желки, жаби, јастози, полжави и ракови, а рибата можат да ја јадат само ако е извадена жива од вода и потоа приготвена, но на неа да има лушпи (да не биде само кожеста),
... ако на шишето пиво пишува „без алкохол“ пак не треба да се пие ако се знае дека ваквото пиво пак дава благо пијанство, но ако се знае дека вакво пиво е само направено од јачмен, а не предизвикува пијанство тогаш е дозволено да се пие,
...прашање, дали можат да се применат лекови кои ете содржат некој процент алкохол дали е тоа „чисто- тахир“ за примена? Да, може да се примени и тоа е чисто зашто самиот алкохол веќе е едно со лекот,
...прашање, дали оцетот направен од алкохол т.е. од вино, односно винскиот оцет може да се примени? да може, затоа што самиот оцет веќе е за друга намена и е поставен во полици со друг оцет, а не на полица со вино како алкохол,
... прашање, дали е дозволено муслиман да присуствува на собир каде се служат алкохолни пијалоци? јадењето и пиењето на тие собири за вистински муслиман е забрането, но сепак присуство на такви собири се заснова на задолжителна претпазливост (nahi ‘anil munkar) и може да се присуствува со претпазливост само да се забрани да некој друг муслиман пие,