Прашања за Исламот III

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
ако знаеш објасни и на таа што ја браниш,зашто се носи хиџаб!
Зошто толку се испаничи и се најде навреден, па имаше потреба да застанеш на страна на муслиманките и да ги браниш??
Поставив прашање, но не добив одговор, туку напад од твоја страна.
Најди ми ти мене каде во куранот пишува зошто се носи хиџаб?
Што се однесува за буркините, е тука нема да се согласам со тебе, размислуваш премногу себично и нелогично.
Прво, бањање во базен така облечен не е ниту хигиенски, а да не збориме за многу здравствени причини поради кои една жена треба да внимава....
За жалење се жените и немој да бидеш толку сигурен дека им е толку мерак да бидат така замотани на плажа.
Друга работа е што нејќам во базенот каде што се бања моето дете, да влезе некој така облечен и да си ги испере алиштата..бљак:mad:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
Што е тоа што нема граница? Изборот на облека? Апсурдно и смешно е.
...граница мислев за „човекови права“
Кај е тој протокол,може да го видам?
... моментално немам фотнато некој протокол, правила, куќен ред, конкретно за користење на базен, дури можеш да ми помогнеш таму кај си, мислам каде работаш во хотел со над 500 соби, мора да има и базен, па највероватно има врамено протокол пред влезот во базенот како треба да се однесува гостинот кога и како треба да го користи базенот,
види, постојат непишани правила на етичко и морално однесување како и во околината, така и меѓу луѓето, а не само круто „човекови права“ и толку и све е оправдано!
,,... Моралот е збир на правила, норми, начела на човековото однесување во општеството и ги уредува односите во општеството и ги уредува меѓусебните односи на луѓето во заедницата ..,,
Постов твој е пример за тоа.
... поентата ми е ако некој сака да биде со обичај кој се влече многу години назад во тие времиња, тоа не може да го примени во Луна парк, на фудбалски напревар, на базен и на плажа, почитувањето на обичајот конкретно со специфично покривање со облека на телото на верникот ќе биде во соодветните простории или изолирани места, затоа што не може некој да го толкува обичајот нему како му одговара, пола до тука вака, а од пола навака поинаку... едноставно не може и тоа не е халал, туку харам!
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Зошто толку се испаничи и се најде навреден, па имаше потреба да застанеш на страна на муслиманките и да ги браниш??
Поставив прашање, но не добив одговор, туку напад од твоја страна.
Најди ми ти мене каде во куранот пишува зошто се носи хиџаб?
Што се однесува за буркините, е тука нема да се согласам со тебе, размислуваш премногу себично и нелогично.
Прво, бањање во базен така облечен не е ниту хигиенски, а да не збориме за многу здравствени причини поради кои една жена треба да внимава....
За жалење се жените и немој да бидеш толку сигурен дека им е толку мерак да бидат така замотани на плажа.
Друга работа е што нејќам во базенот каде што се бања моето дете, да влезе некој така облечен и да си ги испере алиштата..бљак:mad:
Ти објаснив вчера у пп,но очигледно имаш/те страшна потреба за публика.Ок.
Не сум муслиман и не го владеам,нит ме интересира куранот,туку ти пишав логички би било,ако секаде се појавуваат покриени,да се покриваат и на базен.
Ме испровоцира твојот дрзокст"пингвинките у буркини".
Јас сум за тоа луѓето да се ценат по достоинство,а не по облека.Јас сум за еднаквост,за право на избор!
Па буркини е пливачки костум,спидо и арена произведуваат такви.
Еве јас на нозете имам лузни од прострелни прострелни рани,кој се језиви за глеање,па се бањам ко Мајкл Фелпс облечен.
Шо не отиде да ја прашаш,на базен шо дошла таква облечена?
Или да и изразиш сожалување дека не е таква како тебе.
Пред да морализираш за хигена,размисли на тоа дека у време на 150+ секојдневно нови корона болни,идеш на базен,се групираш,стануваш дел од социјално неодговорните,по кој цркаш у темата за корона!Или недај боже кластер!
Ја воопште не одам на базен,гадно ми е,разно разни одат,и со шуга,и со дерматити,и со гонореја,а водата е најдобар преносител!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
... кога се зборува за плажа и водата, исламот дава јасни принципи и мерила за „халал„ и за „харам“,
не само за жената, туку исламот забранува и мажот да се соблече пред туѓи очи освен пред своја жена на „интимните делови на телото“ и тоа кај него се смета да биде покриен т.е. мора да носи купачи од папок до под колено, неговото колено не смее никој друг да го види ниту жена ниту маж, а за жената мора да биде целосно покриена освен лице и дланките, доколку сака да се сонча разголена по класични купачи, тогаш мора да се изолира во интимна плажа да не би некој освен мажот може да ја гледа,

burkini-afp-7-.jpg images.jpg хѕ.jpg DSC_3611_1.jpg

... кога веќе сака да биде покриена, муслиманската девојка не значи да носи хеланки, мајца и марама и така да влезе во вода и да излезе со истите алишта припиени на неа тоа е харам, туку постојат специјални т.н. ,,буркини“ купачи костим за муслимански верници (бурка+ бикини) или халал купачи костим кој се состои од долги панталони и горни дел со долги ракави и капуљача наместо марама, буркини го отркива лицето ја крие косата, а се гледаат само дланките и стопалата, под тоа не смее да носи долна облека!

burkini-tunisia-30082016-600x413.jpg
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
...граница мислев за „човекови права“

... моментално немам фотнато некој протокол, правила, куќен ред, конкретно за користење на базен, дури можеш да ми помогнеш таму кај си, мислам каде работаш во хотел со над 500 соби, мора да има и базен, па највероватно има врамено протокол пред влезот во базенот како треба да се однесува гостинот кога и како треба да го користи базенот,
види, постојат непишани правила на етичко и морално однесување како и во околината, така и меѓу луѓето, а не само круто „човекови права“ и толку и све е оправдано!
,,... Моралот е збир на правила, норми, начела на човековото однесување во општеството и ги уредува односите во општеството и ги уредува меѓусебните односи на луѓето во заедницата ..,,

... поентата ми е ако некој сака да биде со обичај кој се влече многу години назад во тие времиња, тоа не може да го примени во Луна парк, на фудбалски напревар, на базен и на плажа, почитувањето на обичајот конкретно со специфично покривање со облека на телото на верникот ќе биде во соодветните простории или изолирани места, затоа што не може некој да го толкува обичајот нему како му одговара, пола до тука вака, а од пола навака поинаку... едноставно не може и тоа не е халал, туку харам!
Ок е,базен е приветна сопственост и секој може да си регулира како сака.Али,на јавна плажа,општествено место,како можеш да и забраниш,буркини,сари или кимоно,се дур не е девијантно за околината,нека се бања у што сака.Па 90% бе,мочаат и ркаат у вода,и на никому нипто,сеа нусето у буркини било проблем.Па боље у буркини да ги глеам,отколку рогли да ми шетаат,со три стомаци ко мишелин маскота.
бурка+ бикини
Така ли?:lolzz:
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
@pozdrav eden topol и @bijons имаше пред една недела фото натпревар @коцка шо го напраи "лето и плажа" ши не стаивте ваши слики,да ве видиме шо сте убаи,па да покажете како правилно треба да се изгледа на плажа?
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
незнам дали е точно ова..на повеќе портали го има.....

но бидејќи е дете на познат и богат човек, не би ме изненадило....по дифолт

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.568
Поени од реакции
939
незнам дали е точно ова..на повеќе портали го има.....

но бидејќи е дете на познат и богат човек, не би ме изненадило....по дифолт

Веста е уште од 2019 - та, незнам зошто од сега ја вртат...
И од каде па Жан Митрев син муслиман?? Нели е тој наш, православен?
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Веста е уште од 2019 - та, незнам зошто од сега ја вртат...
И од каде па Жан Митрев син муслиман?? Нели е тој наш, православен?
Некако сумљлива прича ми е.. ФБ профилот наликува на некој измислен акаунт, испукан во 2 дена со 10тина слики од 16 ти 17ти Мај 2019, без никаква активност и 25 пријатели од кои над 15 се фејк со сличен концепт, каде околу тој период се напунети со слики. Шо знам..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
Веста е уште од 2019 - та, незнам зошто од сега ја вртат...
И од каде па Жан Митрев син муслиман?? Нели е тој наш, православен?
Kratko i jasno ....nemam FB profil i nemožam nisto da proveram. Zatoa i prasuvam
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
Муслимански обичај во тоалет (нужник)!

... „Qadaahul Haajah” или правилникот за физиолошко олеснување кај муслиманите, укажува дека може да се користи само вода, само левата рака и само три мазни камчиња (џамрах, хијарах), а тоалетна хартија не е спомната затоа што овој муслимански правилник бил донесен и употребуван како законик пред да се измисли тоалетната хартија,
...муслиманот пред и по извршување на нуждата треба да каже кратка молитва, а тоа не смее никако да го направи стоејќи и дозвола за идење на нужник е само за итна потреба (значи мора да се издржи до крај пред да иде во тоалет),

6a00d8341c013b53ef00e54f6e4a598833-800wi.jpg Muslim_toilet.jpg

...пенисот или вулвата мора да се измијат со вода со левата рака по мокрењето и обично се прави со помош на сад т.н. бодна,
... за муслиманите на овие простори не важи измената што во 2015 година ја донеле турските институции за религиозни прашања - Дијанет, кој одобрил после неколку вековна забрана поради исламскиот законик, примена на тоалетна хартија, доколку во близина нема никаде вода!
... денес на овие простори се применува се уште стариот вековен муслимански обичај кога не постоело воопшто тоалетна хартија, а другата „хартија“ била само за пишување,
...иако во муслиманските обичаи е забрането да се пијат пијалоци кои содржат алкохол, може да се примени дезинфекциони средства за чистење на тоалет/ нужник што содржат алкохол, но само после вршење нужда и после кратката молитва, никако пред тоа,

A-Simple-Tip-That-Will-Change-The-Way-You-Poop-Forever.jpg 394ab64330414db267a7b73c1342fd9d.png 1362778767TOILET.jpg

... строгиот муслимански кодекс укажуваат дека муслиманите мораат да сквотираат или да седат, но не и да стојат, додека се олеснуваат и мора да молчат додека се во тоалетот, во него се влегува со лева нога, а се излегува со десната нога додека ја кажуваат молитва!
... молитвата што ја кажува верникот „Слава на Алах, кој ме ослободи од нечистотијата и ми даде олеснување“!, а не молитва за барање пари (ако бара пари со молитва, се мисли дека се „бара оган во пеколот“),
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
@bijons дали знаеш зошто муслиманите си го мијат задникот после нужда??
Имаше една приказна, наводно кога го прашале Алах зошто треба да се мијат со вода после нужда, он им поставил прашање - Ако треба да изедеш јаболко, а имаш две фрлени во говна, кое ќе го изедеш, дали тоа избришано со хартија или тоа измиено со вода!?
Ххахахаааа...така нешто беше..:D
 
Prometheus Alpha

Војвода
Член од
16 октомври 2020
Мислења
182
Поени од реакции
74
Прашање до муслиманите:

Зашто повеќето од другарите кои се нарекуваат муслимани
што ги знам.
Седнуваат на маса за
јадење со каури
(јас сум каур).
Иако строго е забрането според законот?

А освен тоа си каснуваат свинско
(со нивно знаење)

и си пивнуваат алкохол
(дури и црвено вино)?

Дали тие особи може да се класифицираат како муслимани?
 
...не знам дали некој муслиман ќе одговори, можеби ако е босанец или постар аџо, иако првичниот пост на темава се повикува на нивни одговор, можам да споделам некои интересни сознанија кои за да се има вистински соживот треба да се знаат од двете страни обичаите, па некогаш муслиманските обичаи ги знае повеќе некој христијанин и обратно,
... на муслиманот му е дозволено да јаде каква било храна направена од лице чија вера и религија не му е позната, според тоа може да седи на иста маса и со немуслиман што е халал да се покаже како вистински муслиман јаде,
... ако на пример муслиман седи на маса во ресторан и пие чај и додека пие на иста маса седнува да речеме турист кој нарачува и пие алкохол, вистинскиот муслиман треба да стане од масата и да си замине т.е. да се тргне од таа маса, значи муслиманот не само што не смее да пие алкохол, туку не смее да седи на иста маса со некој тоа го прави и треба да тргне од масата на друга маса,

... ние знаеме само околу свинското месо дека муслиманите не треба да го јадат, но кај вистинските муслимани да биде халал месото за јадење е важно да биде животното заклано според муслиманските адети, без разлика ако истото е приготвено од муслиман или немуслиман,

... прашање, дали може да се примени купено месо што се произведува во муслимански земји од немуслимански компании, пишува „заклано според исламските закони“ или ако доаѓа од муслимански компании во немуслимански земји или е немуслиманска компанија од немуслиманска земја, ако производителот е муслиман или месото е произведено на место каде што муслиманите се мнозинство и не е познато дека производителот е немуслиман? Да! дозволено е да се јаде,
но ако производителот е немуслиман или е произведен на место каде што муслиманите не се мнозинство и не е познато дека производителот е муслиман, тогаш не е дозволено да се јаде месото, затоа што не е се знае дали е заклано според муслиманските обичаи, на пример многу производи во својот состав содржат желатин кој е од животинско потекло и тука важи правилото дека можат истите да се конзумирааат само ако животното од чиј коски се извлекло тој желатин е заклано според муслимаските обичаи,

... муслиманите не смеат да јадат желки, жаби, јастози, полжави и ракови, а рибата можат да ја јадат само ако е извадена жива од вода и потоа приготвена, но на неа да има лушпи (да не биде само кожеста),

... ако на шишето пиво пишува „без алкохол“ пак не треба да се пие ако се знае дека ваквото пиво пак дава благо пијанство, но ако се знае дека вакво пиво е само направено од јачмен, а не предизвикува пијанство тогаш е дозволено да се пие,

...прашање, дали можат да се применат лекови кои ете содржат некој процент алкохол дали е тоа „чисто- тахир“ за примена? Да, може да се примени и тоа е чисто зашто самиот алкохол веќе е едно со лекот,

...прашање, дали оцетот направен од алкохол т.е. од вино, односно винскиот оцет може да се примени? да може, затоа што самиот оцет веќе е за друга намена и е поставен во полици со друг оцет, а не на полица со вино како алкохол,

... прашање, дали е дозволено муслиман да присуствува на собир каде се служат алкохолни пијалоци? јадењето и пиењето на тие собири за вистински муслиман е забрането, но сепак присуство на такви собири се заснова на задолжителна претпазливост (nahi ‘anil munkar) и може да се присуствува со претпазливост само да се забрани да некој друг муслиман пие,
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom