Прашања за Исламот III

Член од
8 април 2008
Мислења
6.356
Поени од реакции
621
Правилата се прости, односно:
1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата.
2. Прашањето се одговара само од Исламски верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Исламот, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!
Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
 
W

Werther

Гостин
Прво,сакам Екслекс да го поздравам.
Кај си бе Екслекс,сто година није било ?

Он-топик:Дали некаде во Куранот пишува дека носењето шамија кај жените е задолжително ?

Ако пишува,цитат сакам.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.830
Поени од реакции
2.028
Дали пред секое влегување во џамија треба ногите да се измијат?
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
448
Прво,сакам Екслекс да го поздравам.
Кај си бе Екслекс,сто година није било ?

Он-топик:Дали некаде во Куранот пишува дека носењето шамија кај жените е задолжително ?

Ако пишува,цитат сакам.
Сура Ен- Нур (31 ајет): “... жените превезите свои нека ги спуштат на градите...”

Имаш и во поглавјето Ел Ахзаб: 59 ајет, како и во 33 ајет од исотото поглавје (Ел Ахзаб), само во поопшта форма .

--- надополнето: 2 февруари 2013 во 17:59 ---
Дали пред секое влегување во џамија треба ногите да се измијат?
Должност на секој муслиман е кога влегува во џамија да биде под абдест ( обредно миење на поедини делови од телото, меѓу кои спаѓаат и нозете). Ако човекот е под абдест нема потреба при секое влегување да ги мие нозете.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
885
Дали пред секое влегување во џамија треба ногите да се измијат?
За да се изврши молитва,треба да бидеш исламски чист,а тоа се прави со исламско чистење познато како абдест.
Абдест се зема така што се мијат рацете до лактови,се пере лицето,ушите,и на крај нозете. (отприлика обрвските на исламското чистење) и потоа се извршува молитва независно дали во џамија или дома.)
Се губи доколку нешто излезе од отворите(голема нужда,мала нужда или испуштање на воздух) ако тоа се случи пак се повторува постапката за абдест.
Ова ти го објаснив бидејќи најверојатно под ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЏАМИЈА мислиш на обавување на молитва во неа.
А само за влегување во џамија,не е задолжително да се измијат нозете,но нормално ако ти се валкани ќе ги измиеш и ќе влезеш.
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 23:52 ---
Прво,сакам Екслекс да го поздравам.
Кај си бе Екслекс,сто година није било ?

Он-топик:Дали некаде во Куранот пишува дека носењето шамија кај жените е задолжително ?

Ако пишува,цитат сакам.
Ова детално му го одговорив на тапа фраер во темата: Христијанки и Муслиманки,овде само ќе го копирам одговорот.
.....
Да задолжително е да си ја прекрива главата,не и лицето.
Значи лицето може да се гледа.
A reci vjernicama neka obore poglede svoje i neka vode brigu o stidnim mjestima svojim; i neka ne dozvole da se od ukrasa njihovih vidi ista osim onoga što je ionako spoljašnje, i neka vela svoja spuste na grudi svoje; neka ukrase svoje ne pokazuju drugima…"

(An-Nur 24:31)


Ова ОСИМ ОНОГА ШТО ЈЕ ИОНАКО СПОЉАШЊЕ,се мисли на лицето и рацете.
иако има полемики кај исламските учењаци дали лицето мора да се покрие или не мора,но тоа е друга тема.
Основниот хиџаб(покривањето на жената) е задолжителен,за секоја полнолетна жена во исламот(полнолетство на жената во исламот е после првата менструација.)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
5.310
Поени од реакции
3.559
Дали стварно пишува во куранот да се убијат неверниците?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
885
Дали стварно пишува во куранот да се убијат неверниците?
Како што веќе одговорив на неколку теми,еве и овде ќе ти одговорам.
Куранот не може во целост да се сфати од едно читање и слично.
За секој ајет(стих) има причина зошто е објавен и кога е објавен и кои се настаните кои му претходеле.
Секаде каде што ќе сретнеш стих во Куранот за убивање на неверниците,треба некој убаво да ти го разјасни,или барем да прочиташ тефсир(коментар) на тој ајет(стих).
Аллах во Куранот вели:
"На Аллаховиот пат,борете се против оние кои се борат против вас,но не ги преминувајте границите. Навистина,Аллах не ги сака оние кои ги преминуваат границите"(2:190)
Во најверодостојние тефсири(коментари) на Куранот за овој ајет пишува: Овој ајет прв пат е објавен во Медина,во врска со борбата. Од тогаш Мухаммед с.а.в.с,секогаш се борел против оние кои први го напаѓаат,а ги поштедувал оние кои не го напаѓале.

во друг ајет,Аллах вели:
"Ако возвраќате на неправда,возвратете само онака како на вас ви е нанесена неправда" (16:126)

Има уште многу примери каде стиховите во Куранот се наредби за борба во првите години на појавувањето на исламот(кога мухаммед бил обвинуван од идолопоклониците и многубожците дека е луд,маѓионичар и слично)
и бил напаѓан и понижуван,тука е пропишана таа борба и тоа со многу услови,на пример: да не започнува борба додека не го нападнат или да при борба ги поштедува жените и децата,да не се биде неправеден и слично.
Има уште многу вакви примери,ова е со свои зборови што можам од своето скромно познавање да ти објаснам.
Ако имаш додатни прашања,прашај..
ако не,те молам,тебе а и сите други да поставуваат конкретни прашања,и да не полемизираме барем не на оваа тема.
Се надевам дека си задоволен од одговорот.
Поздрав.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
448
Колку жени имал Мухамед ?
Дванаесет а според некои историчари тринаесет, и тоа:

Негова прва сопруга била позната и угледната жителка на Мека Хатиџа, нека е Аллах задоволен со неа. Во своите млади години, кога во Мекка бил познат како Ес Садик (Оној кој секогаш вистината ја говори) и Ел Емин (Поверливиот), ја добива понудата за брак од Хатиџа, р.а. Иако била 15 години постара од него (според некои научници) сепак била прекрасна и грижлива жена, која и во џахилискиот(џахилиет - период на незнаење) период била позната по својот морал и чесност. Дваесет и пет годнини бил со неа во брак. Со неа Пратеникот ги поминал најубавите години во својот живот. Таа му ги родила сите деца, освен Ибрахим. Таа била многу грижлива како кон Мухаммед, а.с., така и кон своите деца. Љубовта која ја чувстувал Мухаммед, а.с. кон неа ја искажувал низ целиот свој живот. Нејзиниот степен бил толку голем што Возвишениот Аллах ја поселамил(поздравил) преку мелекот(ангелот) Џибрил.
Хатиџа р.а. била првиот муслиман.
Децата од бракот со хатиџа се, Фатима, Рукаја, Умму Кулсум, Зејнеб и Касим (кој бргу по своето раѓање умира).

Севда бинт Зем’а е втората сопруга на Пратеникот а.с., неа ја оженил во десетата година по пратеништвото. Кога се омажила за Мухаммед, ас, била вдовица и постоела потреба од нејзино вдомување и грижење. Благородниот Мухаммед, а.с., ја оженил.

Аиша бинт Ебу Бекр била третата сопруга на Пратеникот а.с. Неа единствено Мухаммед,а.с., ја оженил како девица.
За Аиша р.а. има толку многу работи да се кажат. Доволно е тоа дека таа е најучената жена во нашиот уммет(следбеници на Исламот). Пренесува 1/3 од хадисите, и во своето време била муфитија. Правоверните халифи за многу работи по Пратениковата а.с. смрт доаѓале да се консултираат за неа за шеријатските прашања.

Хафса ќерката на Омер ибнул Хатаб била исто така вдовица. Таа исто така имала слична природа како и својот татко.

Зејнеб бин Хузејме била позната и како Уммул месакин (мајка на сиромашните), поради големата грижа кон сиромашните и сираците. Таа била сопруга на шехид, и во Медина била позната по својата добрина и грижа. Кога Пратеникот с.а.в.с ја оженил таа имала 60 години, бргу после женидбата со Пратеникот с.а.в.с. таа преселила на ахирет.

Умму Селеме ел Махзумијје била исто така жена на шехид, која својот живот го посветила грижејќи се за своите деца. Пратеникот, а.с., ја оженил со ветување дека ќе се грижи за нејзините деца.

Зејнеб бинт Џахш, која била мажена за Зејд, но откако бракот бил неуспешен и тие двајца се развеле, во петтата година по хиџра Мухаммед, а.с. се жени со неа.

Џувејрија бинтул Харис била ќерка на племенски поглавар. Таа била дел од воениот плен кој бил здобиен со битката со племето Бенул ел Мусталик. Со оглед на тоа дека Праеникот а.с. бил многу обзирен кон тоа што ја снашло понижување после животот во кој уживала углед и чест, тој со неа набргу се оженил. На тој начин таа била поштедена од тоа да некој ја земе како слугинка како и фактот што целото нејзино племе било ослободено. Припадниците на тоа племе набргу потоа го примаат исламот.

Умму Хабиба Ремла бинт Ебу Суфијан т.е. Ебу Суфијановата ќерка.Била една од првите кои го примиле исламот. Со преселбата во Абесинија нејзинот маж умира. Мухаммед, а.с., дознава дека таа е многу осамена таму, и му праќа допис на Абесинскиот владетел Неџаши (кој бил муслиман) да ја ожени со неа. И бил даден мехр(венчан дар) од 400 златни динари, и се смета дека била од Пратениковите сопруги кои имале најголем мехр.

Сафија бинт Хујејј ибн Ахтаб, била ќерка на поглаварот на племето Бену Недир и била дел од воениот плен од битката на Хајбер. На Мухаммед, а.с., му било речено дека таа била принцеза и лепотица во племето и дека согласно друштвениот статус би требало Мухаммед, а.с., да ја земе.

Марија Копткињата (ќерката Шем’унова).Кога Мухаммед с.а.в.с. се вратил од Худејбија(место во Арабија) напишал 8 писма до 8 кралеви, во кој ги повикува да примат ислам. Еден од нив египетскиот христијански крал Мукавкис великодостојникот на Коптите, убаво му се заблагодарил на Пратеникот с.а.в.с. на повикот да прејде во ислам , го одбил позивот останал христијанин , но го признал Мухаммед за Пратеник.
Како израз на почит му пратил на Мухаммед с.а.в.с. многу дарови, а меѓу даровите биле и две робинки кој имале угледно место кај коптскиот веродостојник.

Една од нив била и Марија (ќерката Шем’унова). Таа кај Пратеникот стигнала 7 година по Хиџра, и доброволно прифатила да му биде жена на Мухаммед с.а.в.с., и пред него го прифатила исламот. Таа му го раѓа синот Ибрахим. Умрела 16 година по хиџра, а џеназето(погребот) и го клањал(обавил) халифата Омер р.а., во чие владеење и умрела. Закопана е во Џеннетул Бекиији.

Таа исто така е спомната во тефсирот на Ибн Кесир за 66 сура(Куранско поглавје) „ Ет- Тахрим – Забрана“ каде детално се опишува по повод објавувањата на првите ајети од таа сура. Спрема хадисите (сите од Бухари, а пренесени од Ибни Абас) тие ајети се објавени баш за копткињата Марија, мајката на Ибрахим .

Мејмуна бинтул Харис е последната жена која Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. ја оженил. Тоа се случило седмата година по хиџра.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
14.743
Поени од реакции
12.135
Што е поентата на страшниот суд, казните и наградите, ако Алах има семоќни особини?
Ако е над времето и просторот, ако го знае секој можен исход и може да влијае на истиот, зошто се вмешува во постапките на луѓето кој се негова креација и кој делуваат според неговата волја? Ако луѓето не делуваат според негова волја, на кој начин е семоќен и сезнаен?

Како може да се тврди дека човекот има слобода, а при тоа да се навестуваат ужасни мачења и казни? Исламските теолози, како одговор даваат "аргумент" за поделеност на апсолутна и релативна слобода. Па според неа, човекот ќе одговарал само за релативната.....што во суштина е обична бесмислица.
Дали во времето на Мухамед одењето на месечината не било сметано за еквивалент на "апсолутна слобода"? Која е воопшто границата?
Ако човекот не одговара за неговата висина и тежина, туку за неговиот гнев, зошто бил создаден вопшто со особини како гнев, љубомора, завист и слично?
Човекот може да одбере дали ќе излаже или не, дали ќе украде или не, но дали може да да одбере дали ќе ги има како дел од себе особините кој ги набројав - зависта, гневот, љубомората и слично? Зарем тој не се раѓа со нив? Тогаш со која цел да се казнува за нешта кои се производ токму на тие особини?
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Ipsissimus,milijarda pati ti e odgovoreno na ova prasanje.
Ne e Allah dz.s Toj koj vo pekolot ke te izmacuva. Ne e Allah dz.s toj koj za raka i vo pekolot ke te butne.
Ti si toj koj samiot so svoite dela ke si vlezes tamu i samiot ke se izmacuvas.
Ako jas vo stranstvo,dodeka site ostanati rabotaat i se spremaat za nazad (za doma) jas trosam,lumpovam,ne mislam za nazad (a ke se vratam),koga ke se vratam nikoj nema da me maci i izmacuva. Samiot vo nemastijata ke si se izmacuvam zaradi toa sto ne sum rabotel i ne sum mislel za nazad.
Ti fakticki celo vreme prasuvas zosto Bog ne te stvoril Magare,posto na tie,Magarinjata i Ajvanite ne im e dadena moznost da odberat.No tie nema ni da odgovaraat za postapkata. Im zaviduvas na zivotnite ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
14.743
Поени од реакции
12.135
Ipsissimus,milijarda pati ti e odgovoreno na ova prasanje.
Ne e Allah dz.s Toj koj vo pekolot ke te izmacuva. Ne e Allah dz.s toj koj za raka i vo pekolot ke te butne.
Ti si toj koj samiot so svoite dela ke si vlezes tamu i samiot ke se izmacuvas.
Тогаш дали Алах не е способен да создаде битија кој нема да завршат во пеколот? Или дали намерно ги создал за да завршат таму?
Ako jas vo stranstvo,dodeka site ostanati rabotaat i se spremaat za nazad (za doma) jas trosam,lumpovam,ne mislam za nazad (a ke se vratam),koga ke se vratam nikoj nema da me maci i izmacuva. Samiot vo nemastijata ke si se izmacuvam zaradi toa sto ne sum rabotel i ne sum mislel za nazad.
Ако твојот креатор несакал да трошиш, зошто ти го дал хедонизмот како дел од особините со кој си се родил?
Било кое дете уште од најрана возраст покажува знаци на хедонизам, радост, гнев, тага и среќа. Дали тоа само решило да ги има тие особини?
Ti fakticki celo vreme prasuvas zosto Bog ne te stvoril Magare,posto na tie,Magarinjata i Ajvanite ne im e dadena moznost da odberat.No tie nema ni da odgovaraat za postapkata. Im zaviduvas na zivotnite ?
Не, јас фактички прашувам зошто воопшто е дадена особина која ќе биде причина за однесување од кое Алах кој наводно треба да е семоќен и сезнаен, ќе бара одговорност?
Дали за лошиот квалитет на производот не е виновна фабриката која го создала?
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
711
Поени од реакции
955
зошто на светот постојат различни јазици а не само еден?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
14.743
Поени од реакции
12.135
Kade tuka pisuva deka Allah ke te kaznuva ?
Neli spored baranjeto tvoe ti si toj koj laze i koj treba da bide baniran ?
На кого се однесува сурата? Еве ја уште еднаш:
Сура 40:
70.Oni koji poriču Knjigu i ono što smo slali po posalnicima - saznaće posljedice toga
71.kada sa okovima o vratu i sindžirima budu vučeni
72.po ključaloj vodi, a zatim u vatri prženi
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.356
Поени од реакции
621
Наредниот пат за секој пост, буквално за секој офтопик пост ќе ви ставам казнени поени !!!

правилата се јасни, или придржувајте се кон нив или ич не пишувајте на темава ... нема да дозволам да стане калакурница како претходните две !

 
На врв Bottom