- Член од
- 9 октомври 2012
- Мислења
- 763
- Поени од реакции
- 1.018
ако исламот е неоспоив со секуларизација, уште долго време ке биде така најчесто муслиманите живеат во мешани срединиО и тоа како ми се разговара за се ова. Само мислев дека местото не е тука и на оваа тема, ама ако сакаш може да дискутираме за тоа.
Прво, јас не реков дека секоја исламска земја има шеријат, туку дека Исламот во својата суштина е неспојив со концептот на секуларизација. Иако постојат исламски земји кои на прв поглед се секуларни, тоа е или само привидно или поради тоа што одлучиле во овие моменти дека нивната геополитичка положба, а и геополитичките услови не им дозволуваат да спроведуваат шеријат. Битно е тоа што имаат тежнеење кон исламизација што е апсолутна цел на Исламот.
Немој да го забораваш меѓународниот фактор, како ООН и сите декларации кои се донесени од нивна страна, а не се применуваат во голем број муслимански земји. Нормално дека Албанија ќе биде многу претпазлива со исламизација кога се наоѓа во христијанско окружување и кога нејзина цел е интеграција во ЕУ и НАТО каде воглавно царуваат христијански земји. Од друга страна што уопште ООН му може на еден Иран кој е максимално исламизиран, дури и во Устав, кога него уопште не го тангира мислењето на ООН, кога е воглавно окружен со муслимански земји и кога таквиот режим има апсолутен легитимитет од народот во Иран?
Друг многу важен аспект е процентуалната застапеност на конфесиите од држава во држава.
Кога више ги спомна...
Албанија има 70% муслимани, 30% христијани. Иако муслиманите се мнозинство, влијанието на христијанството е многу силно. Прво поради надворешната политика на Албанија која ја спомнав погоре, после поради окружувањето на Албанија. Таму друг проблем е што ниту христијаните ниту муслиманите не се едниствни. Има нетрпеливост помеѓу православни и католици и помеѓу сунитите и бектешите.
Во Албанија, иако не е формално регулирано, постои поделба на политичките функции по конфесионална основа. Со сигурност се знае дека во гарнитурата во која Бериша беше Претседател, Мекси премиер, а Арбнори Претседател на Парламент, првиот беше муслиман, вториот православец, третиот римокатолик. За моментално не сум сигурен.
Либан има скоро 60% муслимани и тоа тие од релативно скоро се мнозинство. Јасно е дека сепак не се доволно мнозинство за да го исламизираат Либан, ама тој како држава уопште не е секуларна како што викаш. Од 1943 година таму на сила е Пакт со кој е дефинирана поделба на државните улоги по верска основа. Претседателот на републиката мора да е христијанин, претседателот на Владата - сунит, а Претседателот на парламентот - шиит. Има бројни закони кои регулираат дека секоја религија мора да биде сразмерно застапена во представничкото тело, и така натаму. Либан никако не е секуларен, муслиманите тежнеат да дојде до исламско единство со нивното окружување, а ова го трпат само привремено затоа што сепак 40% од населението се немуслимани.
Во ваквите земји мора да постојат многу компромиси поради природата на нивниот внатрешен состав и геополитичката компонента. Не се докрај секуларни, ама не се ни исламизирани. Што не значи дека не се во процес на исламизација.
Да не давам сеа тука, ама и Босна е сличен случај. Ако сакаш и за неа ќе дискутираме.
Не е само шеријатот показател за некаква (не)секуларизација. Многу побитно е што секоја муслиманска држава тежи кон целосна исламизација, а не е никаков проблем тоа што таа исламизација може да ја спроведуваат со градација, подолог временски период. Тоа не им смета, додека имаат јасно одредена крајна цел - целосна исламизација и претопување на Исламот со политиката.
Затоа, не реков дека секоја држава која има муслимани има шеријат, реков дека Исламот не е споив со концептот на секуларизација и тоа е апсолутно точно.
сакаш да кажеш дека муислиманите се жртви во соптвените земји? да не е обратно
и најважно ако исламот се спои со политиката тешко на таа држава, ти казав земи ја турција политиката и религијата се одвоени кажи ми која држава која сака да е напредна на еконмски план и е важна религијата во бизнисот, еве кина сака да инвестира во саудиска арабија но тоа не е можно поради религијата. таа држава што ке ја спои религијата со политика ке стои во место, ти сакаш сите области во еден кош да ги ставиш епа не може така
а што ке им биде на земјите ако не воведат шеријат? толку ли е трагично ние живееме во 2013 а не во 1435 како некои ок?Мона,нинович убаво објасни.
Државите во кои мнозинството се муслимани ИМААТ ТЕНДЕНЦИИ да станат шеријатски држави,а не дека сите се шеријатски држави,читај малку повнимателно.
И да,турција е еден од најинтересните случаи моментално.
Велиш Турците не личат многу на муслимани,јас викам: После падот на османлиската империја,денешна турција е најмуслиманската до сега.
Велиш дека е секуларна држава,јас велам дека е далеку од секуларна,но на мудар начин се прави тоа,не како во арапските држави.
Како прво,денеска во турција се помалку е значаен Ататурк,неговата турција полека заминува во историјата.
Не знам да ли си запознаена со последните забрани за цигари,алкохол во државата,не се многу радикални,но се превземени многу попретпазливи мерки за увоз/извоз/конзумирање.
Турција се повеќе се одалечува од секуларизмот.
Во времето на ататурк не беа дозволени шамии,и школувањето на таквите.
денеска е дозволено,жената на ердоган носи шамија
Турција од 100% секуларна држава на ататурк,станува се помуслиманска и заштитник на муслиманските држави во регионот,политички и економски.
Иако,што се однесува до шеријатот како во турција,така и во останатите држави што ги наброи,речиси е невозможно но само заради многу големото влијание од америка,израел,русија и другите земји кои мешаат прсти во туѓи држави.
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 18:18 ---
Јас лично,веќе го одговорив ова прашање еднаш низ темите и пак ќе го одговорам.
Како муслиман верник нормално е дека повеќе сакам да живеам во шеријат
Инаку живеам во МК
не заборавај дека во турција и денес има забрана за носење шамија на јавно место тоа дека жената на ердоган си носи има некаква причина башка таа не е 20годишна 3 деца има колку што знам јас
ти мислиш дека америка израел русија ке престанат да се мешаат еден ден? многу се лажеш, се додека има вакви земји има и интерес сега е нафтата ама нафтата ке ја снема и после ем пари ке снема ем помалку ресурси на оваа планета пак ке треба договор да речеме мегу америка и израел и иран да речеме само пример давам, државите треба да сораборуваат мегу себе а не да воведат шеријат да ги затворат границите и да се навракаат во времето на мухамед кога немало ни авотомобили па ке речат автомобилите се дело на неверници ние ке се возиме на коњи и магариња.