- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 2.731
Јас имав одговорено на ова прашање, некоја страна поназад.. еве го.Да имаат некои демократски христијански земји смртна казна, во минатото биле повеке но со тек на време и тие ке ја укинат сепак се работи за едно од основните права и слободи на лугето , ке ја укинат сите овие земји кои што ги наведе но мора да помине време, се тоа е еден процес ништо не се случува преку ноќ ама сакам да знам зашто начинот на функционирање е таков во монархиските муслимански земји имајки го во предвид фактот дека муслиманите се придржуваат до религијата "мирољубиви се" а сепак одземаат животи и тенденцијата на смртна казна немаат план во блиска иднина да ја укинат , за разлика од нив демократските земји работат на тој случај и тебе некој да ти повреди некој близок и ти ке посакаш да биде казнет нели? туку ајде одговори ми на прашањето тргни ја политиката земи ја верата во преден план и одговори ми
Демократските земји, каде што се на сила граѓански закони, всушност се секуларно уредени. Да, тие воглавно се христијански, ама треба да знаеш дека христијанството како религија е компатибилно со секуларизмот. Зошто? Затоа што христијанството пред се е насочено кон човечката душа, кон индивидуалецот, кон негова и само негова, внатрешна определба, конфесија и сопственост.
Од друга страна Исламот е неспоив со концептот на секуларизација. Додека во една држава живеат мнозинство муслимани, таа ќе има тенденција да стане и Исламска држава. Додека е Исламска држава таа ќе применува шеријатско право, норми кои потекнуваат од фикхот, нивната правна теорија, која содржи и смртни казни за некои дела. Објаснувањето за соединетоста на Исламот и поимот на држава или политичка заедница исто така го има на некоја страна поназад. Исламот во себе подразбира политичка заедница и затоа во исламските држави се применува шеријатско право.
Кога земаш категорија “демократичност“ под тоа мислиш на граѓански права и секуларно уредување. Ама, не се сите религии споиви со секуларизацијата. Христијанството е, а Исламот не е.
Еве појаснување зошто кај христијанските земји е можна секуларизација, а кај исламските не е.
Еве, прашање по прашање...
Исламот е религија која е неодвојива од политиката. Посебно после 624 година и битката кај Бедра исламот се трансформирал во концепт кој се нарекува din va davla, ако не се лажам, а значи и вера и држава. Исламот подразбира политичка доктрина во себе, не можеш да гледаш на исламот, а да не ја видиш и препознаеш политичката компонента во него. Само тоа што пророкот Мухамед вршел 5 функции ( веровесник, првосвештеник, политички водач, врховен судија и врховен командант на “војската“) доволно кажува за политичката суштина на самиот Ислам. Ако Мухамед го споредиш со Исус кој имал 2 од овие функции, одма сфаќаш зошто всушност полесно е да се секуларизираат оние држави со мнозинство христјани, отколу оние со мнозинство муслимани. Исламот е неодвојив од идејата за заедница на сите муслимани во светот, од проста причина што тој не познава термин “народ“ или “нација“ и што според него муслиманите треба да се борат за воспоставување на “Аллаховата волја“ каде и да се наоѓаат на светов. Денеска има многу држави кои по Устав се декларираат како исламистички, значи по УСТАВ, а мојот став е дека тоа претставува проблем, поготово се додека во тие држави живеат и припадници на други религии кои де факто се дискриминирани.
Од друга страна, чисто за споредба, постојат и земји кои по Устав се христијански, кои се во значително помал број, ама ги има.