DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Секако дека е можно. Човекот на на почетоците на разбирање на објективниот и субјективниот свет - универзумот и свесноста. Би рекол дека сеуште практично ништо не знаеме. Сите досегашни човекови откритија би можеле да се сместат во 5-6 генерации. Секако дека постојат „сили“, феномени, законитости и разни чудеса за кои нешто насетуваме, но најверојатно уште бесконечно многу повеќе такви кои сеуште не можеме да појмиме дека воопшто можат да постојат.До атеистите: Можно ли е да постои сила, која се уште не ја познавате, а за која со сигурност тврдите дека не постои, затоа што не ја познавате?
На која наука се повикувате во овој случај?
Ако нешто не може да се објасни во моментот, тоа никако не значи дека е за тоа одговорно некое (антропоморфно) божество (као Јахве, Аполон или Шива). За полно од феномените за кои пред само 200 години се сметале за „божја казна“ сега постои сосем рационално (и корисно за нас и напредокот) објаснување. Навистина не гледам зошто не би биле во состојба постепено да доаѓаме до рационални објаснувања и за, за сега, најзбунувачките „натприродни“ феномени.
Научниот метод е механизмот кој засега е најпогодниот за толкување на објективниот, физичкиот свет. За субјективниот, алатките и техниките кои ни се на располагање се сеуште тазе, но секако дека постојано се развиваат и усовршуваат. Верувам дека нашите деца ќе можат да објаснат многу повеќе нешта од нас. Исто така, верувам и дека божествата ќе им бидат тотално смешни. Интернетот тука ладно ќе заврши работа.