Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
Ова е старо и можи го знаеш но ми се виде пригодноДали сте сите атеисти 100% сигурни во себе дека, коа ќе ви дојде јајцето на газот нема да го молите тој во кој не веувате.
Знам дека е многу лесно вака теоретски да ми кажете дека сте сигурни....
Се случи поплава и едно село цело беше опколено со вода која полека се искачуваше, луѓето почнаа да бегаат да се спасуваат кој колку и што можи, само еден стоеше во водата до колена мирно и се молеше на господ да го спаси луѓето му викаа да се качи во чунот , дека има место но тој рече “Јас верувам во Бог и дека Тој ќе ме спаси“ и продолжи со молитвите, за некое време водата стигна до половина, и пак дојде чун, му подаваа рака да го извлечат но тој не сакаше, велеше Одете си Бог мене ќе ме спаси... и продолжуваше со молитви, на крај кога веќе стигна водата до устата стигна пак чунот сакаа да го извлечат но тој одбиваше Бог, Бог мене ќе ме спаси ... глуб глубб глуббб и се удави... Се најде пред бога и Бог му рече - ти ќе одиш во пеколот! Аман бе боже, па јас цел живот верник цел живот во тебе верував ти се молев... дури и умрев ради тебе одбив било каква помош и само тебе ти се надевав на спас... И бог погледна во тефтерот, подкрена наочарите шо му се за далеку и почна да мрмори...... хмм ти си Павле Павлов од селото Павлово?? Да! со надеж извикна давеникот... Бог го опули и рече, па ти пратив 3 чуна, шо сакаше појќе... ајт гитла невернику.