Прашања до Атеистите II

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Еве, еден таков концепт вели дека Бог = Јас. Отфрлаш ли тоа?
Со овој концепт на Бог ѓи „убив“ сите атеисти...добро, не сите, барем тие што разбираат ...овие што не разбираат уште се на форумов...:pos:

Ајде сега секташите нека го „убиваат“ Бог ако можат....:pos:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Неможеш да си ти бог, затоа што не си натприродно битие.Толку ли ви е бре тешко да живеете во свет каде што владеат природни закони и едноставно НЕМА богови, божици, ангели, престоли, серафими, самовили, демони, ѓаволи ,итн?
Не навлагам во филозофски теми.
Прво со болдот даваш некоја своја дефиниција и концепт за Бог, каков ти го негираш, а потоа му велиш на Атеист дека не навлагаш во философски теми, откако доби одговор кој не ти се допаѓа.

Епа ај сакаш да кажеме у право си батка, ти ко шо ќе кажеш, по твои правила играме.
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 19:17 ---
Со овој концепт на Бог ѓи „убив“ сите атеисти...добро, не сите, барем тие што разбираат ...овие што не разбираат уште се на форумов...:pos:

Ајде сега секташите нека го „убиваат“ Бог ако можат....:pos:
Гурџи бе атеист е човечка конвенција, за луѓе кои милуваат да припаднат на некоја заедница, а истата таа се спротивставува на Христијанскиот и Исламскиот концепт за Бог.
Тоа се атистите кои се декларираат како такви, на форумов.

Инаку, не си убил ти никого со тој концепт:P Ама ај за тоа другпат.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Прво со болдот даваш некоја своја дефиниција и концепт за Бог, каков ти го негираш, а потоа му велиш на Атеист дека не навлагаш во философски теми, откако доби одговор кој не ти се допаѓа.

Епа ај сакаш да кажеме у право си батка, ти ко шо ќе кажеш, по твои правила играме.
Ок ти си бог, фрли се од карпа и тестирај го тоа.
Диоген барал човек во затоа што ретко кој заслужува да се нарече вистински ЧОВЕК.
Среќен?

BTW, Атеист не ми даде одговор туку ми постави прашање.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ок ти си бог, фрли се од карпа и тестирај го тоа.
Диоген барал човек во затоа што ретко кој заслужува да се нарече вистински ЧОВЕК.
Среќен?
Батка ти себе си нарекуваш атеист, некој кој треба да асоцира на рационален и разумен човек:cautious:?

Сомнително ми е.

Инаку тестот оди во обратна насока.

Те земам и те фрлам од КАмени мост, притоа молејќи се на Бог да ти ги прости гревовите и да те спаси. Ако останеш жив, богоугоден си бил, ако не, прв ќе дознаеш дека Бог не постои. Едноставно е нели.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Те земам и те фрлам од КАмени мост, притоа молејќи се на Бог да ти ги прости гревовите и да те спаси. Ако останеш жив, богоугоден си бил, ако не, прв ќе дознаеш дека Бог не постои. Едноставно е нели.
Што зборуваш бре пријателе? Се читаш ли пред да напишеш нешто? Го разбираш ли тоа што јас го пишувам?
Болдираното е све обратно од тоа што јас го пишувам до сега! Дека човекот е само животинче со свест и дека утре ако ти падне карпа на глава нема ни свети господ ни света енергија да се спаси.
Џизс крајст!
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Што зборуваш бре пријателе? Се читаш ли пред да напишеш нешто? Го разбираш ли тоа што јас го пишувам?
Болдираното е све обратно од тоа што јас го пишувам до сега! Дека човекот е само животинче со свест и дека утре ако ти падне карпа на глава нема ни свети господ ни света енергија да се спаси.
Џизс крајст!
Батка, немам ја многу нерви за вакви дискусии. Ај овој муабет терај го со некои други. НАјарно е така.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ок ти си бог, фрли се од карпа и тестирај го тоа.
Диоген барал човек во затоа што ретко кој заслужува да се нарече вистински ЧОВЕК.
Среќен?

BTW, Атеист не ми даде одговор туку ми постави прашање.
Одговорите ти беа дадени претходно само те потсетив. Инаку за прашањето, ете видиш знаеш одговор (болдот). Ај сега како следно запрашај се зошто? Не мораш да ми одговориш.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Одговорите ти беа дадени претходно само те потсетив. Инаку за прашањето, ете видиш знаеш одговор (болдот). Ај сега како следно запрашај се зошто? Не мораш да ми одговориш.
Ај без квизови, те молам.Дај напиши што сакаш да кажеш.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Батка ти себе си нарекуваш атеист, некој кој треба да асоцира на рационален и разумен човек:cautious:?

.
Доналтчо брат.....не фантазирај...:pos:
(едитирано од модератор)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ај без квизови, те молам.Дај напиши што сакаш да кажеш.
ОК, еве ќе ти кажам.
Најлесно е да ти дадам риба, јас сакав да ти покажам како да ловиш. Но нејсе. Еве ти изџвакано.
Ќе станам досаден со овој цитат. Ако и ова не го разбираш... “господ“ нека ти е на помош.
Постои голема разлика меѓу тоа дали светот само го носите во себе, или дали тоа и го знаете! Некој лудак може да изговори мисли кои потсетуваат на Платон, а некое малку побожно учениче во Хернхутскиот семинар размислува творечки за истите длабоки митолошки поврзаности што се јавуваат кај гностичарите или кај Зороастер. Меѓутоа, тој за тоа не знае ништо! Тој е дрво или камен, во најдобар случај животно, се додека тоа не го знае. Но, кога ке светне првата искра на тоа сознание, тогаш станува човек. Веројатно нема да ги сметате за луѓе сите тие двоношци кои се движат по улиците, само затоа што одат исправено и што своите новороденчиња ги носат по девет месеци? Па вие гледате колку од нив се риби, или овци, црви или пијавици, колку се мравки, колку се пчели! Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.
Прво од тука се почнува. Џабе некои си самонаречени “разбудени“ се тупкаат в гради, уствари се во сон дека се будни. Џабе им четврти пат, џабе им езотерично христијанство, џабе им православен дервишлак. Не научиле ни до првото скалило да стигнат, да станат човек.
 
M

Muranyi

Гостин
Дали сте сите атеисти 100% сигурни во себе дека, коа ќе ви дојде јајцето на газот нема да го молите тој во кој не веувате.
Знам дека е многу лесно вака теоретски да ми кажете дека сте сигурни....
Искрен да бидам,овие две-три години откако се имам дефинирано самиот себе како атеист,не сум се нашол во ситуација да молам или да очекувам интервенција од семоќен Бог.Но од друга страна не ми ни дошло јајцето па да бидам во таква ситуација и пак не би можел со сигурност да ти кажам бидејќи можеби и ќе те излажам,ако не тебе тогаш самиот себеси,но мислам дека не би.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Дали сте сите атеисти 100% сигурни во себе дека, коа ќе ви дојде јајцето на газот нема да го молите тој во кој не веувате.
Знам дека е многу лесно вака теоретски да ми кажете дека сте сигурни....
А еве да ја ставиме и обратната ситуација, дали сите верници се 100% сигурни дека. дека откако ќе помине јајцето на газот, а тој вашиот бог (било која вера да сте) не помогнал, нема ли да се откажете од него?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А еве да ја ставиме и обратната ситуација, дали сите верници се 100% сигурни дека. дека откако ќе помине јајцето на газот, а тој вашиот бог (било која вера да сте) не помогнал, нема ли да се откажете од него?
Nema. I prethodno ne se otkazale, zasto pobogu bi se otkazale posle toa?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom