Правна помош и совети

Член од
12 август 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Осигуран сам во Вардар осигурување,имав пад на работно место и ја скршив раката,што треба сега да се направи,кои се процедурите за да дојдам до парите од осигурителната компанија,имам лекарска документација,и колку може да очекувам да земам за ваква повреда
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Дечки имам проблем со последната фирма во која што работев. Имено за последниот месец фирмата ми исплати само придонеси но не и плата. Дали постои начин да си ги добијам парите за плата што ми следат или врвка е работата. Инаку станува збор за некои 200 евра
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Осигуран сам во Вардар осигурување,имав пад на работно место и ја скршив раката,што треба сега да се направи,кои се процедурите за да дојдам до парите од осигурителната компанија,имам лекарска документација,и колку може да очекувам да земам за ваква повреда
Треба да поднесеш барање за надомест на нематеријална штета до компанијата кај што си осигуран.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
289
Поени од реакции
261
Имам едно прашање во врска со слободата на изразување. Дали имам право на мојот блог да го критикувам факултетот во кој што студирам? (факултетот е Германски)
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Имам едно прашање во врска со слободата на изразување. Дали имам право на мојот блог да го критикувам факултетот во кој што студирам? (факултетот е Германски)
Критикувај али не вреѓај, не клевети, не навредувај и сл.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Треба да поднесеш барање за надомест на нематеријална штета до компанијата кај што си осигуран.
A која е понатамошната постапка после поднесувањето на барањето,дали за висината на штетата ке се одлучи од наодите во медицинската документација или осиг. компанија прави процена на штетата преку свој доктор, и колку од прилика може да се очекува да земам оштета за скршена рака...позз
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
A која е понатамошната постапка после поднесувањето на барањето,дали за висината на штетата ке се одлучи од наодите во медицинската документација или осиг. компанија прави процена на штетата преку свој доктор, и колку од прилика може да се очекува да земам оштета за скршена рака...позз
Твое е да поднесеш медицинска документација од денот на повредата па натака, а моеш да ги пратиш и фискалните за лечење. После здравје...
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Dali nekoj moze da mi objasni za stanarsko pravo,koj moze da se stekne ,za kolku vreme, pod koi uslovi i slicno, odnosno kako e zakonski regulirano?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Сакам да отворам ракометен клуб за деца,па прашањето ми е дали е подобра да се регистрирам како спортско здружение или како фирма,и ако е со фирма како што треба да се регистрирам...дооел,или како...Фала унапред
 
Член од
26 јули 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Ќе знае ли некој да ми објасни како се менува раководител на подружница? се работи за подружница на ДОО чијшто раководител не работи повеќе таму па потребно е да се постави друг.. која е целата процедура? Многу ви благодарам.....
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Имам прашање до идните и сегашни правници.
Се работи имено за оваа тема: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B1D61271321C8140993CD320EC925F7F
Накратко нашата парцела граничи со спорнава парцела (која се води на Р. Македонија) и ја користиме 40 години ако не и повеќе како градина , но за неа немаме владение но имаме поднесено дооформување на парцела бидејќи мојата и спорнава парцела се една парцела по новиот детален урбанистички план на која треба да стои петкатница.
Како што пишува во текстот пред одредено време дојдоа работници, ни ја срушија оградата која ја имавме оградено спорната парцела, и почнаа да градат. Знаеме дека немаат никакви документи, градат за на мала врата да го фатат законот за легализација на дивоградби. Имаат врски од општина Чаир (мислам дека и тој што гради е вработен во општината и член на ДУИ) и никој не прави ништо да ги сопре. Поднесов преставки до градежен инспекторат во општина Чаир, до градежен инспекторат на град Скопје и до државно правобранителство но иако се поминати 9 дена никој ништо не превзема.. Полицијата е известена и по долго инсистирање се согласија да дојдат да ги легитимираат лицата кој градат но наводно не било тука лицето кое гради па немале кого да легитимираат.
Кажете ми што друго да направам за да да го сопрам градењето на дивоградбава ?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво...едно прашање,дали може да се отповика поклон за дар на недвижен имот и ако може како се прави тоа,со тужба или на друг начин...Фалааа!!
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Здраво...едно прашање,дали може да се отповика поклон за дар на недвижен имот и ако може како се прави тоа,со тужба или на друг начин...Фалааа!!
Мислиш договор за дар ?
Закон за облигациони односи :
Отповикување на дарот и договорен поврат на дарот
Член 563
(1) Дарувачот може да го раскине договорот и да го отповика
направениот дар, во случај кога даропримачот со своето однесување кон
него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност.
(2) Ова право преминува и на наследниците на дарувачот.
(3) Ова право престанува со истекот најмногу на една година сметајќи
од денот кога дарувачот дознал за неблагодарноста на даропримачот, а
најмногу по истек на пет години од покажаната неблагодарност.
(4) Во случај на отповикување заради неблагодарност, даропримачот
е должен да врати се што примал на име дар

Отповикување на дар поради немање на средства за живот
Член 564
(1) Дарувачот кој нема доволно средства за живот, или за издржување
на лицата кои по закон е должен да ги издржува, може да го раскине
договорот, а ако предметот веќе го предал на даропримачот може дарот да
го отповика и да бара даропримачот да му го врати она што од примениот
дар се уште се наоѓа во имотот на даропримачот.
(2) Даропримачот може да го избегне отповикувањето, доколку се
обврзе дека на дарувачот, во адекватна мера ќе му дава средства што му
недостасуваат.
(3) Ако дарувачот направил повеќе дарови, отповикувањето се прави
по обратен ред од настанувањето.

Консултирај се со адвокат за конкретниот договор што го имаш. Поздрав.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17
Имам прашање до идните и сегашни правници.
Се работи имено за оваа тема: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B1D61271321C8140993CD320EC925F7F
Накратко нашата парцела граничи со спорнава парцела (која се води на Р. Македонија) и ја користиме 40 години ако не и повеќе како градина , но за неа немаме владение но имаме поднесено дооформување на парцела бидејќи мојата и спорнава парцела се една парцела по новиот детален урбанистички план на која треба да стои петкатница.
Како што пишува во текстот пред одредено време дојдоа работници, ни ја срушија оградата која ја имавме оградено спорната парцела, и почнаа да градат. Знаеме дека немаат никакви документи, градат за на мала врата да го фатат законот за легализација на дивоградби. Имаат врски од општина Чаир (мислам дека и тој што гради е вработен во општината и член на ДУИ) и никој не прави ништо да ги сопре. Поднесов преставки до градежен инспекторат во општина Чаир, до градежен инспекторат на град Скопје и до државно правобранителство но иако се поминати 9 дена никој ништо не превзема.. Полицијата е известена и по долго инсистирање се согласија да дојдат да ги легитимираат лицата кој градат но наводно не било тука лицето кое гради па немале кого да легитимираат.
Кажете ми што друго да направам за да да го сопрам градењето на дивоградбава ?
Navistina imate problem, ne e nischto novo imat miljoni takvi i slicni slucai jas ne sum pravnik no od iskustvo bi rekol da se obratite do drzavniot pravobranitel na Skopje,kako schto kazuvate zemjata se vodi na R.M. drzavniot pravobranitel e dolzen da go zaschtitit imotot na R.M. Obratetese na telefon i istovremeno vo pismena forma za da imate i dokaz deka ste se obratile za nedaj boze pred sud, no kolku site tie se azurni site znaeme sepak morate da se obratite do G-din Sasche Stanceski. Istovremeno morad da podnesite na sud PRIVREMENA MERKA protiv tie schto gradet.
 
Државниот правобранител го препраќа предметот кај Градежниот инспектор. Оваа држава не функционира луѓе, ми е*аа матер праќајки ме од една до друга институција, барем во општина Чаир нема закони.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom