Здраво...едно прашање,дали може да се отповика поклон за дар на недвижен имот и ако може како се прави тоа,со тужба или на друг начин...Фалааа!!
Мислиш договор за дар ?
Закон за облигациони односи :
Отповикување на дарот и договорен поврат на дарот
Член 563
(1) Дарувачот може да го раскине договорот и да го отповика
направениот дар, во случај кога даропримачот со своето однесување кон
него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност.
(2) Ова право преминува и на наследниците на дарувачот.
(3) Ова право престанува со истекот најмногу на една година сметајќи
од денот кога дарувачот дознал за неблагодарноста на даропримачот, а
најмногу по истек на пет години од покажаната неблагодарност.
(4) Во случај на отповикување заради неблагодарност, даропримачот
е должен да врати се што примал на име дар
Отповикување на дар поради немање на средства за живот
Член 564
(1) Дарувачот кој нема доволно средства за живот, или за издржување
на лицата кои по закон е должен да ги издржува, може да го раскине
договорот, а ако предметот веќе го предал на даропримачот може дарот да
го отповика и да бара даропримачот да му го врати она што од примениот
дар се уште се наоѓа во имотот на даропримачот.
(2) Даропримачот може да го избегне отповикувањето, доколку се
обврзе дека на дарувачот, во адекватна мера ќе му дава средства што му
недостасуваат.
(3) Ако дарувачот направил повеќе дарови, отповикувањето се прави
по обратен ред од настанувањето.
Консултирај се со адвокат за конкретниот договор што го имаш. Поздрав.