Имам една ситуација која ме изнервира ептен, и се надевам дека има правна основа да тужам, но сепак да прашам:
Имав договор на физичко лице за интернет од Телекабел, и по долго време користење, основав фирма и се решив да го префрлам на име на фирмата. Нормално се распрашав, и ми рекоа само договор за отстапување треба да се направи и се ке биде по старо. Тоа и го направив. Имав пакет 500 денари + доплата за надминат сообраќај како физичко лице, а за преминот ми рекоа дека ќе биде истиот и со фирмата, но од пред 1 месец од кога важи новиот договор, денес ми стигна фактура на 1500 денари (само интернет претплата, без надминат сообраќај) . И тоа како основна претплата, што е скроз различно од тоа што ми го кажаа, (500 ден + доплата за надминат сообраќај). Се јавив на поддршка, ми рекоа дека можда има проблем од сметководство, да одам и да проверам. Отидов, и ми рече дека пакетот кој сум го имал како физичко, бил + претплата, а не со ограничување на брзина, и демек заради тоа, сега бил 1500 денари. Иначе, ако бил 500 денари без можност за доплата, и на фирмата ќе ми бил 500 денари.
За да се вратам на новиот пакет од 500 денари, може дури од март, ако потпишам некој нов договор. Значи јануари + февруари = 3000 денари, што нормално би ги платил за 6 месеци.
Е сега, во стариот договор пишува едни цени за физичките а други цени за фирми, каде за фирми минимален пакет е 1500. Но од тогаш се сменети работите. Дали имам некоја правна основа да тужам, затоа што ме донеле во заблуда дека има една цена а ми даваат друга? Доказ би било сметки од претходната година (по 500 ден како физичко лице), договор за отстапување, каде нигде не пишува цена по која се отстапува, нова сметка од 1500 денари, и стар договор (од почеток на давање на услугите) каде ги има старите пакети?