Правна помош и совети

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
^ Ај вака сеа, ќе пробам да ти одговорам, колку што сум упатена.
Прво за долгот дека е од баба ти и дедо ти. Точно е дека не можат од вас да ги бараат парите, ама по спроведување на оставинска постапка, тој што ќе биде наследник тој ќе мора да плати. (а ако го наследувате станот, логично е да ги наследите и долговите).
Во врска со статијата од Шпиц. Јас колку што сум запознаена, штом еден предмет се даде на извршување, тој веќе не застарува. Значи рокот за апсолутна застареност од 10 години согласно ЗОО се однесува на парично побарување, и тоа доколку за истото во тој период нема судска одлука и не е дадено за извршување. Е сега, порано извршувањето одеше преку судски извршители т.е. преку суд, и тогаш според стариот закон за извршна постапка се викаше предлог за извршување, ама фактот дека е дадено на извршување уште во моментот по правосилноста на одлуката, си останува дека побарувањето не е застарено (пак ќе кажам според мене зошто не сум 100% сигурна). Плус тоа, годинава ќе се префрлаат сите предмети од судските на приватните извршители, така да можно е и тој предмет да биде префлен.
Значи како одговор на твоето прашање, точно е дека сметки не по 10, туку по 1 односно 2 години застаруваат, ама доколку доверителот не превземе никакво дејствие за тој долг, а во случајов штом постои предлог за извршување, значи постои и извршна судска одлука, што значи тука неможеш да се повикуваш на застареност.
 
Член од
6 јуни 2006
Мислења
280
Поени од реакции
5
Побарувања утврдени пред судот или пред друг надлежен орган
Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука
или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или
пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои
законот инаку предвидува пократок рок на застареност.

Јас малку поинаку го протолкував овој член од ЗОО. Разговарав и со еден адвокат и тој ми рече дека токму на овој член треба да се повикаме, односно да се поднесе приговор до суд. Фала ти ептен на мислењето, ама верувај на секоја сламка се фаќам и се трудам да најдам некое решение и излез од ситуацијава...

Те молам кажи ми што мислиш ти за овој член затоа што како што читам јас, вика дека се однесува за побарувања утврдени со правосилна судска одлука..односно застаруваат за 10 години....
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Го имам следниов проблем:
Купив мобилен на старо од мобиларница. После некое време ме викнаа од МВР и ми го одзедоа телефонот затоа што бил украден. Во мобиларницата ми рекоа дека ќе ми го надоместат телефонот. Помина повеќе од месец дена и не можам ни да си земам телефон од нив, ниту пари. Ме интересира какви ми се правните можности?

Ако ги тужам, колкава оштета можам да барам? Затоа што освен што сега немам телефон веќе еден месец, се малтретирав со МВР, па со трчање наваму-натаму за да си барам оштета од нив, па нервози стрес... Ако ги тужам тука се и судските трошоци.

Чија надлежност е овој случај? Граѓански суд или...?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645

Пробај прво вонсудски, со нагодување, нормално малце закани се со тужба па да видиме.
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Тоа ми е намерата, ама појма немам од правни работи :kesa: и затоа прашувам. Да не им одам ептен бос.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Тоа ми е намерата, ама појма немам од правни работи :kesa: и затоа прашувам. Да не им одам ептен бос.
"ЛеоЛе07
Не биди трол" :) Твојов текст нека ти биде поттик да не те матљаат по нивно.

Отиди со некој постар (ако си да речеме меѓу 14-19 год.) и зборете заедно. Едноставно е- ајде да се спогодиме, ако сум ви платил (на пр.) 5000 денари, вратете ми 3000-4000 и плус некој поефтин телефон, инаку ќе треба да се маткаме по судови, треба да се води случај, а очигледно вие ми должите мене за штетата.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Побарувања утврдени пред судот или пред друг надлежен орган
Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука
или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или
пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои
законот инаку предвидува пократок рок на застареност.

Јас малку поинаку го протолкував овој член од ЗОО. Разговарав и со еден адвокат и тој ми рече дека токму на овој член треба да се повикаме, односно да се поднесе приговор до суд. Фала ти ептен на мислењето, ама верувај на секоја сламка се фаќам и се трудам да најдам некое решение и излез од ситуацијава...

Те молам кажи ми што мислиш ти за овој член затоа што како што читам јас, вика дека се однесува за побарувања утврдени со правосилна судска одлука..односно застаруваат за 10 години....
Овој член се однесува точно ти како што го разбираш, со таа разлика што доколку е судската одлука дадена на присилно извршување рокот за застареност престанува, односно предмет што е даден на извршување неможе да застари. Тоа е чл. 381 ст.4 и 5 од ЗОО:
(4) Кога прекинување на застарувањето настанало со пријава на
побарување во стечајна постапка, застарувањето почнува да тече одново
од денот на окончувањето на оваа постапка.
(5) Истото важи и кога прекинување на застарувањето настанало со
барање на принудно извршување
или обезбедување.
Толкувањето на овој став е дека штом е дадено на извршување пред да застари, а како што кажа ти уште 98 год., во тој момент застареноста прекинува, и не течат роковите додека присилно се извршува, и единствен спас од тоа е доколку доверителот на пример го повлече барањето за извршување, и во тој момент повторно почнуваат да течат роковите на застареност од почеток, што значи од повлекувањето кога ќе поминат 10 години, се смета дека побарувањето е застарено. Така да, доколку е даден на извршување долгот, нема застареност.

Жал ми е што неможам поубав одговор да ти дадам, со тоа што ти можеш да играш на карта на чл. 368, па можеби ќе успееш (доколку им излезе од предвид овој чл. 381)
Со среќа :smir:
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
115
Поени од реакции
15
Сакам да замолам некој од Вас да ме посоветува како да постапам во мојов случај.
Имам купено стан во Лептокарија со Договор - соинвеститорска спогодба. Со станот одеше подрум кој се подразбираше и не стоеше во договорот. сега, бидејкќи вадам имотен лист, мора да ми направи премер овластена геодетска фирма. Таа, покрај договорот, ми бара и потврда дека поседувам и подрум. Во Катастар ми рекоа дека потврдата треба да ја добијам во СИЗ за домување. Во СИЗ за домување ми рекоа дека, штом не е купен преку СИЗ за домување, морам потврдата дека ми следува подрум да ја добијам од ГРО Техник, која е под стечај. Во ГРО Техника ми рекоа дека можат да ми издадат таква потврда само ако во договорот стоел подрум.) Ако стоеше подрум, мене немаше да ми треба потврда). Како и до кого да добие таква потврда оној што купил стан (подрумот се подразбирал, штом СИЗ за домување издава такви потврди сега на оние што становите ги купувале преку нив) од фирма која не постои. Како тие да си го впишат подрумот (за кој плаќаат ѓубретарина) во имотниот лист? Ве молам, ако некој може да ме упати некаде, ќе му бидам многу благодарна.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Поздрав до сите правници ке ве замолам ако може да ми помогнете во врска со мојот проблем - -

Вработен сум веќе три ипол месеци,потпишав договор на полно работно време - на неопределено време,15 000 месечни примања. Досега немам земено плата а фирмата им исплаќа плата на вработените за месец септември и касни со плати.Јас сум пријавен од ноември проверив во бирото за вработување тоа е регуларно. Е сега - бев на разговор повеќе пати со директорот а дотичниот господин се правда дека му е блокирана сметката, па му ја одлбокирале,па дојди утре,следната недела..итн.Исплаќа на одредени работници на рака пола плата другото на трансакциска која што доцни.Јас не сум зел ни дена ни на сметка ни на рака.После три месеци знам дека можам да го тужам,дали да се обратм до УЈП,трудова инспекција првин или до Јавен правобранител???Плус и здравствени картони не сум добил..Во оваква ситуација сме сите скоро а посебно тие што сега досле скоро на работа. Е сега би ве замолил да ме советувате кој би бил мојот следен чекор.КОи се точно моите права?? Во договорот само стојат ставки во кои фирмата се штити посебно ако сакаш да дадеш отказ мора да најавиш претходно 3 месеци уназад :))) и ако тоа не го исполниш работодавецот ти ја зема последната плата.Бидејќи моите месечни примања не се исплатени тој договор не важи.Како да си ги земам парите? Со сачмарка?:nesvest:
Молам за совет
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Молам за совет
Ај да пробам...такви олоши како твојот газда има секаде и многу ми е жал што тоа се случва константно. Најубаво, иницијално, бидејќи сте повеќе вработени во таква ситуација, сметам дека би било да го пријавите во трудова инспекција. Кај Јавен правобранител нема што да барате, обидете се вака, па отом потом. И нормално, најубавиот начин- колективно влагање у негова канцеларија и водење разговор.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Имам едно прашање до сите кои се разбираат во правото. Што во случај кога имам отворено боледување а газдата ми се јавува и ми прети со отказ?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Имам едно прашање до сите кои се разбираат во правото. Што во случај кога имам отворено боледување а газдата ми се јавува и ми прети со отказ?
Испадни човек, а не роб на исфрустрирани гом*ари, и пријави го во некоја од инспекцииве, а за твојов случај особено- трудова инспекција. Не е лошо и да снимаш разговор. Мора сами да си ги бркате тие работи во врска со такви гадови. Доста е ќутење и плашење, само поголема сила му се дава на таков работодавец.
 
Член од
11 август 2009
Мислења
17
Поени од реакции
1
сакам да прашам
дали може да се одговара кривично доколку се продава утакмици на интернет (дојави) преку веб страна или фејсбук група ?
ќе биде наведено дека утакмиците не се 100% сигурни и дека утакмиците се играат на сопствен ризик и не сносам никаква одговорност за конечниот резултат,т.е се продава информација која немора секогаш да биде точна(погоден меч)?
продавање на меч во државава и надвор од неа,на хрвати , грци ,....?
 
Еве за да не бидеш сомнителен доколку сметаш дека ќе идеш на суд ради тоа, не наведувај твое име и празиме, нормално, ако поставуваш натпревари, прави го тоа од друго место, не од дома (интернет-кафе) и мирна глава.
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
помош од правно лице

За регистрација во странство на македонец со странски државјанин е потребно потврда од македонската амбасада за дозвола на регистрацијата (т.е. да се разгледа минатото и состојбата на лицето). Да претпоставиме дека одреденото лице со македонско државјанство има кривична постапка (не толку тешка, т.е. не се бара од интерпол) против него во тек, а тој не е присуствувал на никакво судење и сеуште нема пресуда. Дали оваа ситуација би му предпоставила проблеми со регистрацијата?

Помош ве молам!!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom