Правна помош и совети

Плавиот

Изет Фазлиновиќ
Член од
26 март 2010
Мислења
64
Поени од реакции
2
Бидејќи имам 16 години, е сега дали можам во банка да уплатам пари со пасош а без присуство на полнолетно лице?
Ако знае некој, нека ми одговори во што побрзо време.
Фала.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Имам една ситуација која ме изнервира ептен, и се надевам дека има правна основа да тужам, но сепак да прашам:
Имав договор на физичко лице за интернет од Телекабел, и по долго време користење, основав фирма и се решив да го префрлам на име на фирмата. Нормално се распрашав, и ми рекоа само договор за отстапување треба да се направи и се ке биде по старо. Тоа и го направив. Имав пакет 500 денари + доплата за надминат сообраќај како физичко лице, а за преминот ми рекоа дека ќе биде истиот и со фирмата, но од пред 1 месец од кога важи новиот договор, денес ми стигна фактура на 1500 денари (само интернет претплата, без надминат сообраќај) . И тоа како основна претплата, што е скроз различно од тоа што ми го кажаа, (500 ден + доплата за надминат сообраќај). Се јавив на поддршка, ми рекоа дека можда има проблем од сметководство, да одам и да проверам. Отидов, и ми рече дека пакетот кој сум го имал како физичко, бил + претплата, а не со ограничување на брзина, и демек заради тоа, сега бил 1500 денари. Иначе, ако бил 500 денари без можност за доплата, и на фирмата ќе ми бил 500 денари.

За да се вратам на новиот пакет од 500 денари, може дури од март, ако потпишам некој нов договор. Значи јануари + февруари = 3000 денари, што нормално би ги платил за 6 месеци.

Е сега, во стариот договор пишува едни цени за физичките а други цени за фирми, каде за фирми минимален пакет е 1500. Но од тогаш се сменети работите. Дали имам некоја правна основа да тужам, затоа што ме донеле во заблуда дека има една цена а ми даваат друга? Доказ би било сметки од претходната година (по 500 ден како физичко лице), договор за отстапување, каде нигде не пишува цена по која се отстапува, нова сметка од 1500 денари, и стар договор (од почеток на давање на услугите) каде ги има старите пакети?
 
Член од
13 март 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво, имам некои нејаснотии.

Вработен сум во една фирма, но лице од друга фирма ми побара услуга ( подесување на мрежата на компјутерите, чистење од вируси итн. ). За таа услуга ми префрли пари на сметка ( како правно на физичко лице ) и притоа платил данок од 10% (или колку е точно проценти, не знам). Оваа услуга беше еднократна. Фирмите не се на никој начин поврзани.

Моето прашање е: кои се моите обврски кон државата во смисол на данокот по приходот од овој основ? Дали треба ова да го пријавам во УЈП (претпоставувам треба) ?
Ако е така, тогаш до кога најдоцна и што треба точно да пополнам? Каде треба да го однесам ? Дали имам и други вакви законски обврски?

Ве молам помогнете, не сум упатен воопшто во правни работи и не ми е баш јасно иако веќе го прегледував сајтот на УЈП.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Фирмата која ти платила пари, треба да го пријави тоа до утре, (најверојатно и ќе го пријави оти казните се големи) а исто така има обврска и да ти издаде заверена уплатница од банката за секоја уплата на персоналниот (дали ќе биде оригиналната уплатница - пп50 или фотокопија заверена од банката од уплатницата со која ти го уплатил данокот кон ујп), и збирна пресметка за исплатениот приход и платениот персонален данок, односно придонеси. Имаш повеќе објаснување на сајтот на ујп: http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/240 и http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/232

После ти со сите тие документи, треба да пријавиш дополнителни приходи (Годишна даночна пријава мислам се вика) (до 15 март мислам дека треба), и доказ дека за нив ти е платен данокот (затоа ти требаат горенаведените работи). Мислам дека тоа е се.
 
Член од
13 март 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Благодарам многу, значи јас колку што гледам, до утре (15ти февруари) фирмите треба да ја завршат оваа постапка, а за физичките лица е до 15ти март. Така ? (http://ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica)
Ваквиот приход во која категорија (основ) треба да го наведам ?

И што ако да речеме фирмата бара повремено вакви активности од мене? На пример, еднаш месечно, или еднаш во 2-3 месеци? Дали тогаш имам некои дополнителни обврски или повторно кога ќе дојде 2012 година, сумата од овие приходи ќе треба да ја поднесам во УЈП?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
За регистрација во странство на македонец со странски државјанин е потребно потврда од македонската амбасада за дозвола на регистрацијата (т.е. да се разгледа минатото и состојбата на лицето). Да претпоставиме дека одреденото лице со македонско државјанство има кривична постапка (не толку тешка, т.е. не се бара од интерпол) против него во тек, а тој не е присуствувал на никакво судење и сеуште нема пресуда. Дали оваа ситуација би му предпоставила проблеми со регистрацијата?

Помош ве молам!!!!
Најубаво да прашате во Кривичен суд, ако сте од Скопје, или во МВР, комплексна материја е ова малце.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Благодарам многу, значи јас колку што гледам, до утре (15ти февруари) фирмите треба да ја завршат оваа постапка, а за физичките лица е до 15ти март. Така ? (http://ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica)
Ваквиот приход во која категорија (основ) треба да го наведам ?

И што ако да речеме фирмата бара повремено вакви активности од мене? На пример, еднаш месечно, или еднаш во 2-3 месеци? Дали тогаш имам некои дополнителни обврски или повторно кога ќе дојде 2012 година, сумата од овие приходи ќе треба да ја поднесам во УЈП?
Да, до 15 февруари за фирми, 15 март за лица. За приходот по кој основ, мислам дека по лични примања, „секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.“.

Нема никаков проблем со фирмата, се додека таа ти ги исплаќа парите, (пресметка треба тие да си направат) имаат примери на сајтот на УЈП, и се додека тие ти уплаќаат данок (а за тоа тебе ти даваат уплатница како доказ дека ти платиле) и ако регуларно си пријават до 15 февруари (а тоа мора да го направат), немаш проблем. Е сега ако договорот е ти да си плаќаш, тогаш е друго, но тие треба да ти дадат некаков договор за дело, во кој се треба да пишува (кој плаќа итн). Мислам дека може и без договор, не знам како си направил ти, во тој случај се подразбира фирмата да ти плати се, но можда ќе имаат проблеми ако има контроли.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
На мој роднина ,негови познаници му понудија работа во нивната продавница и му кажале дека ако работи кајнив требало да биди носител на дејност.
Затоа што газдите се вработени едниот во државна а другиот во приватна фирма и поради тоа бараат некој вработен за во нивната продавница да биди и како продавач и како носител на дејност.
Ако мојот роднина им понуди на газдите од продавницата да потпишат договор на нотар ,да го заверат ,верификуваат дека тој приафака да биди носител на дејност освен ако се согласат газдите да ја превземат целата одговорност за дејноста.... дали постои ваков начин и се избегни ризикот поради грешките на газдите ,Ризикот да биде на газдите, а мојот роднина да биде само работник и да нема никаква одговорност ?

--- надополнето ---

Носителот на функцијата има и одредени права ,дали знае некој кои се тие одредени права ?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Имам другарче на кое приквечерта додека се прибирал кон дома неколкумина му се собрале и без претходен повод физички го нападнале. Бил на лекар при што се утврдени контузно-порезни рани кои се санирани. Бил во полиција, дал изјава но не го прашале да даде опис на лицата. За дел од нив тврди дека со сигурност може да ги препознае. Дали некој има совет како правно да постапи? Да чека полицијата да ги најде (нз како би ги нашла без опис) или?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Имам другарче на кое приквечерта додека се прибирал кон дома неколкумина му се собрале и без претходен повод физички го нападнале. Бил на лекар при што се утврдени контузно-порезни рани кои се санирани. Бил во полиција, дал изјава но не го прашале да даде опис на лицата. За дел од нив тврди дека со сигурност може да ги препознае. Дали некој има совет како правно да постапи? Да чека полицијата да ги најде (нз како би ги нашла без опис) или?
Сега полицијата треба да трага, по лицата кои во тој реон си иамат досие, а кога ќе почне официјалната постапка, може да следи и препознавање на лица приведени од полицијата, или другар ти, да каже кој го тепал.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Dali nekoj moze da kaze dali kladilnicite smeat da sopirat pari od dobivkata na dobitnoto livce, bidejki mu kazale na drugar mi deka ke mu soprat 10%, a ne mu dale nikakov dokument, samo mu kazale tie se za danok????
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Dali nekoj moze da kaze dali kladilnicite smeat da sopirat pari od dobivkata na dobitnoto livce, bidejki mu kazale na drugar mi deka ke mu soprat 10%, a ne mu dale nikakov dokument, samo mu kazale tie se za danok????
Нормално де, данок на добивка, шо е чудно тука ?
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
a neli treba da dadat nekoj dokument?i Jas sum imal dobivki da kazeme pa ne mi sopirale nisto, zboruvam za pogolemi dobivki

--- надополнето ---

Нормално де, данок на добивка, шо е чудно тука ?
a neli treba da dadat nekoj dokument?i Jas sum imal dobivki da kazeme pa ne mi sopirale nisto, zboruvam za pogolemi dobivki
 

Kajgana Shop

На врв Bottom