Правна помош и совети

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Posle izborite ke si bide vo sila odlukata, ke si pocnes so rabota togas.. Ne mora da se cekaat tie 8 dena za zalba dokolku ostanatite kandidati dale pismena izjava deka se otkazuvaat od pravoto na zalba.
Изгледа другите немаат дадено изјаави дека се откажуваат од правото на жалба па мора да се чека да измине рокот од 8 дена.
 
Член од
9 јануари 2010
Мислења
86
Поени од реакции
51
За заверка на кредитен договор на нотар (15к евра) дали мора сопругата лично да отиде кај нотарот да се потпише или може да се потпише на договорот па после да се завери кај нотарот ?
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
46
Поени од реакции
4
Судски трошкови се плаќаат само преку банка или може и директно? И како да проверам дали се платени судските трошкови?
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
За заверување на ЗП Образец на странец на нотар, ќе ми биде потребно нешто друго освен пасошот и превод на пасошот заверен на нотар?

Зашто е странец да не ме тераат преведувач и двајца сведоци да однесам со него, бидејќи не можев да најдам ЗП Образец преведен на англиски.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.817
Судски трошкови се плаќаат само преку банка или може и директно? И како да проверам дали се платени судските трошкови?
Закон за судски такси
Член 5
Таксите се плаќаат во готови пари на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка, преку мобилни оператори или преку интернет. За начинот на плаќање на таксите преку мобилни оператори и преку интернет, Министерството за финансии и Министерството за правда ќе склучат договор со мобилните оператори и со деловните банки.
За поднесоци доставени од физички лица до суд по електронски пат, судската такса се плаќа намалена за 15% од предвидената со овој закон.
Кога таксата се плаќа во готови пари таксениот обврзник ја приложува потврдата за платената такса кон поднесокот, односно судскиот спис за кој е платена таксата, а кога се поднесува потврда за платена такса за судска одлука, подносителот е должен посебно да назначи за која одлука се плаќа таксата. Судот на списот за кој е платена таксата ќе го потврди износот на платената такса.
Кога таксата се плаќа по електронски пат, таксениот обврзник е должен по електронски пат до судот да достави банков доказ за платена такса за конкретниот спис, а кога се доставува потврда за платена такса за судска одлука, подносителот е должен посебно да назначи за која одлука се плаќа такса.

Член 5-а
Начинот на плаќање на таксите во готови пари на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка и начинот на плаќање на таксите преку мобилни оператори или преку интернет ги пропишува Министерот за правда во согласност со Министерот за финансии и Министерот за информатичко општество и администрација.

Член 7
Правото на наплата на таксата застарува за три години по истекот на годината во која требало да се плати таксата. Правото на присилна наплата на таксата, казнена такса и трошоци на извршување, застарува за три години по истекот на годината во која е донесено решението од членот 30 став (4) на овој закон. Застареноста на наплата на такса се прекинува со секое дејствие на надлежниот орган преземено заради наплата, односно присилна наплата на такса. Застареноста настапува во секој случај кога ќе поминат пет години од моментот кога настанала обврската за плаќање такса, што се констатира со решение.

Член 8
Судските такси се приход на Буџетот на Република Македонија.

Член 11
Ослободени од плаќање на такса се:
- поранешните вработени за пријавување на побарување од работен однос кај стечајниот должник во стечајна постапка согласно со Законот за стечај,
- граѓаните во постапка за одлучување по барање за ослободување од трошоци на постапката,
- граѓаните во управни спорови од областа на социјалното осигурување, социјалната помош, старателството и посвојувањето и денационализација,
- граѓаните во постапка за извршување на барање за доверување на дете на чување и воспитание.

Во случај на сомнение за постоење на реципроцитет, мислење дава Министерството за правда. Таксата не се плаќа и во случаите определени со друг закон.

Член 12
Старателот на отсутно лице чие престојувалиште е непознато, старателот на имотот чиј сопственик е непознат, како и привремениот застапник на странката поставен од судот во постапката што се води пред судот, не плаќа такса за лицето кое го застапува.
Таксите од ставот (1) на овој член се наплатуваат од имотот на лицето кое е застапувано.
Неплатените такси од ставот (2) на овој член судот ги внесува во пописот на таксите и по завршувањето на постапката постапува согласно со членот 29 од овој закон.

Член 13
Судот ќе ја ослободи од плаќање такса странката ако со плаќањето на таксата значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката или членовите на нејзиното семејство.
Судот може на странката да и’ го одложи плаќањето на таксата се до донесувањето на одлуката или да и’ дозволи плаќање на таксата на рати.
Решението за ослободување од плаќање такса, за одлагање на плаќање на такса или за плаќање на рати ја донесува судот по предлог на странката во рок од пет дена од денот на поднесениот предлог во судот.
Кон предлогот странката приложува доказ издаден од надлежен орган за имотната состојба која се утврдува врз основа на податоците за приходи по сите основи на тоа лице, како и на членовите на неговото домаќинство со кои живее, и изјава за неговата материјално-социјална состојба за период од шест месеца пред доставувањето на предлогот.

Член 14
Решението за ослободување од плаќање на такса се донесува посебно за секоја таксена обврска.
Решението за ослободување од такса судот ќе го укине во текот на постапката ако утврди дека странката е во состојба да ја плати таксата. Притоа, судот ќе одлучи дали странката во потполност или делумно ќе ја плати таксата од која порано била ослободена.

Член 15
Ослободувањето од плаќање такса се однесува само на лице на кое му е признато ослободувањето.
Кога повеќе лица заеднички ќе предадат поднесок или заеднички ќе преземат дејствие во постапката, а едно или повеќе од нив се ослободени од плаќање на такса, лицето кое не е ослободено е должно да ја плати таксата, како да нема ослободени лица, освен во случаите на формалното сопарничарство.

Член 16
Ако странката која е ослободена од плаќање на такса, успее во постапката,таксите што е должна да ги плати, ги плаќа странката која не е ослободена и тоа во сразмер во кој ослободената странка успеала во постапката. Ако меѓу странката ослободена од плаќање на такса и странката која не е ослободена постапката заврши со склучување на судско порамнување, странката која не е ослободена плаќа 50% од износот на таксата за порамнување. Кога постојат услови од членот 168 став (4) на Законот за парничната постапка (,,Службен весник на Република Македонија" број 79/2005 и 110/2008),
судот може да ја наплати таксата од странката која е ослободена од плаќање на такса без оглед на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 17
Кога во постапката учествува лице ослободено од плаќање такса и лице кое не е ослободено, судот е должен да води попис на таксите што би требало да ги плати ослободеното лице.
Пописот на таксите се заклучува по завршување на постаката, ако постапката се заврши на начинот предвиден во членот 16 од овој закон, судот ќе му издаде налог за плаќање такса на лицето кое е должно да ја плати таксата.

Член 27
Ако судот прими поднесок од странка, за кој не е платена такса или таксата не е платена целосно, или ако странката не доставила потврда за платената такса која се плаќа во готови пари, судот на подносителот ќе му достави налог за плаќање на таксата со укажување дека е должен да ја плати во рок од пет дена од денот на приемот на налогот и воедно ќе ја предупреди странката за последиците од неплаќање на таксата. Во овој случај странката плаќа такса и за доставениот налог за плаќање.
Одредбите од ставот (1) на овој член не се однесуваат на такса за тужба во парнична постапка. Нецелосно платена такса за тужба во парнична постапка се смета за неплатена такса.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
ајде кајганџии адвокати, размислете за ова :
Се јавија многумина ќе ја тужеле Северџанија заради поништување на важечки лични документи..
А има една друга работа која останува неприметена:
општинските или градските власти, измислија пракса на промена на имиња на улици , а што е уште покатастрофално и промена на куќни броеви. Владее невиден хаос во многу делови на град Скопје, а можеби и во другите градови. Граѓани имаат голем проблем,им доцнат поштенски пратки а некој воопшто и не стигаат, најлошо е со службени пратки од други држави.
Проблем е и со вадење на лични документи. Порано МВР знаеше ( а знае и сега ама не сака да постапува) која куќен број по старо како доаѓа по ново. Сега најново е за прво вадење на ЛД на некоја адреса да доставиш до МВР и Имотен Лист.
Е тука е проблемот, Општрината или Градот кој смениле имиња на улици и или броеви , не покренале постапка до Катастар тоа да се стори и во Имотните листови, сега измислиле УВЕРЕНИЕ за ТОЧНА АДРЕСА :mad: , т.е. треба во Град Скопје да го вадиш. Пишува дека е 60мкд таксата, но МАЛТРЕТИРАЊЕТО е големо, а бара и Имотен Лист не постар од 6 месеци, ИАКО ИДИОТСКИ е ОВОЈ ДОКУМЕНТ да се ПОВРЗУВА со ФИЗИЧКО Лицем
доволно е САМО БРОЈ НА ИМОТЕН ЛИСТ на ОБЈЕКТОТ и
да достават ТОЧНА адреса.
Знаете дека Град Скопје е речиси неповрзан со автобуси, а и паркирање е проблем, значи граѓаните се изложени на Малтретирање.
Всушност ОВА е ИДИОТИЗАМ,во Нормална држава ТОЈ ШТО сменил име на улица и или куќни Броеви е дочжен да спроведе во Катастар да се изврши промена, а катастар НАПЛАЌА кога вадиш ИМОТЕН ЛИСТ !!
Оваа работа трае со децении, има во Карпош во исти влез луѓе со докуѕменти со 3 различни куќни броеви
Се сеќавам на времето,Пазарна Инспекција не ни прифати пријава против МЕРКУР бидејќи НЕ се ЗНАЕЛО НА КОЈА УЛИЦА И БРОЈ ИМ Е СЕДИШТЕТО !!!!
имало 3 разлиучни називи на адресата !!!
Е оваа БИРОКРАТСКА МИЗЕРИЈА е за тужење и до Стразбур !!!
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Наместо да се мачиш самиот да вадиш плаќаш на адвокат 1500 ден., и тој ти брка работа, вади имотен лист и оди до град Скопје за уверението, сметај околу 300 ден. од тие 1500 ден му се аднистративни такси, услугата е 1200 ден. ама за тие пари што денес ништо не значат не губиш време немаш стресови дали ќе успееш да завршиш навреме ако излегуваш од работа, башка трошење гориво плус паркинг, кога ќе видиш и тој адвокат ја работи работата за 1000ка буквално, ама со оглед што врши работа на повеќе граѓани почесто и му излага сметката, вадење документи на граѓани (имотни листови, изводи на раѓање, тековни состојби итн.) одамна си го практикувам зошто слободното време да го губам седејќи во канцеларија кога може да се заработи нешто плус за трошоци, а реално 1500 ден за да се плати некој друг да трча и нервира по шалтери и не е некоја голема сума.
Ретко се наоѓаат адвокати за овие работи затоа што на многу не им се ,,исплати" ама ако се погледне објективно и тоа како се исплати иако чиста заработка е 1000ка. :)
 
Ne ja razbirash sushtinata... Vo imotniot list koj se vadi lesno i kaj sekoj notar, cini 300mkd, a vo elektronska forma 180mkd i od doma ja praish, a moze da otpechatish vo kopirnica vo hartiena kopija, TREBA da stoi tocna adresan na zgradata!!!!
Znachi so vadenje na Imoten list da imash i tochna adreda na nedvizninata!!!
Ne e problem 51mkd taksata na grad Skopje, tuku GLUPOST e fa se maltretira cel narod da odi tamu!!!
Barem da uvede grsd Skopje Elektronska forma za uvrrenieto za tochna adresa
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Инфо или да ме упати некој ако може.
Ситуацијава е за еден мој близок човек. Осуден е на 4 години без да знае и да слушне. Нема никогаш земено писмо што му е стигнато дома бидејќи е секогаш надвор од дома или надвор од државата. Последно му стигнува црвен плик дома и не им го даваат на неговите родители дома. Ланската година пријател му рекол дека го осудиле ама и дека бил условно осуден и терај брат ништо страшно. Дали е возможно да му е стасано правосилна постапка за во затвор и дали е возможно да се врати делото назад, бидејќи овој шупливиов врска нема ниту за што го судат. Осуден за рекла казала а не се јавил никогаш во суд. Ако има некој нека каже и да ме упати.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.121
Поени од реакции
8.916
pri kosopstvenost na imot (stanben prostor / parcela)
dali ima zakon koj regulira,
dali eden od kosopstvenicite moze da go zalozhi svojot del pod hipoteka,
bez soglasnost / informiranje na drugiot kosopstvenik?

dali notar/advokat smee da skluci takov dogovor bez izvestuvanje/odobruvanje od
drugiot kosopstvenik?
@Forca
 
Може, само при продажба треба да ги извести другите сосопственици заради право на првенство при купување на идеалниот дел, ако имотот е во заедничка сопственост пр. наследна, брачна заедница тогаш е потребно согласност на сите заедничари, во спротивно товарот е ништовен како и секое располагање од страна на едниот заедничар, ако имотот е во својство на сосопственост тогаш како што пишав погоре сосопственикот е слободен да располага со својот идеален дел.
За подетално пиши ми во порака.
 
fala na info, toa e zasega. ako pritreba neshto plus kje ti pisham poraka.
 
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Имав нарачано мебел од една позната фирма, со нивни транспорт, и кога ја распакував видов дека е оштетена. Каде да се жалам ако не сакаат да прифатат рекламација?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom