Дечки, може да ми каже некој, кои се последиците (негативните страни) од тоа да си кривично осуден? Кои сѐ права/можности ти се ускратуваат? Дали тоа што некој е кривично осуден, би имал одреден период проблеми во нормалното функционирање?
Пример мислам на:
Добивање виза/дозвола за престој/работна дозвола во странство
Вработување во одредени институции
Дали се исплати некому да е кривично осуден, наместо да договори спогодба?
Имаш два вида на потврди кои ги издава судот и кои може да ти бидат побарани во разни ситуации:
- Потврда од казнена евиденција
- Потврда од кривична евиденција
Првата ти е дека до сега не си осудуван односно дека против тебе нема правосилни пресуди со кои си осуден кривично. Ако си осудуван во потврдата ке ти стојат пресудите, членот од кз по кој си осуден и изречената казна. По протек на определено време тие осуди се бришат по службена должност (но во пракса самиот треба да побараш бришење) по што ке ти се издаде потврда дека не си осудуван.
Втората потврда е потврда дека ВО МОМЕНТОТ на издавање на потврдата против тебе не се води кривична постапка.
Било која од потврдите може да ти притреба во секој момент, ....за вработување во определена институција (полиција, суд, детска градинка, училиште, војска.....), за добивање виза за некоја држава, за работа и престој тоа го бараат секаде по европа, за добивање странско државјанство..., за добивање дозвола за оружје,... се бара во многу ситуаации. Така да таа потврда може да ти заебе голема работа во животот, па ако ситуацијата е таква да е голема веројатноста дека ако работата допре до суд дека ке бидеш осуден а од друга страна ти се нуди пристојна спогодба треба да размислиш да прифатиш спогодба, посебно имајќи во вид дека ако те осудат секако ке ти изречат и санкција (условна, парична....), ке те задолжат и со кривични трошоци, ке треба да го платиш сопствениот адвокат, а потоа со таа пресуда оштетениот ке ти стегне граѓанска тужба за штета која секако ке ја добие и сума сумарум ке ти излезе многу повеке од спогодбата (ако е пристојна). Се е од случај до случај, треба да се види делото за кое ти претат, доказите со кои располагаат, висината на штетата, понудената спогодба.... многу работи треба да се имаат во предвид.