Правна помош и совети

Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.900
Поени од реакции
5.899
Дали некој е запознаен како оди процедурата ако угостителски објект е фатен од инспекција дека работи после пропишаните нови протоколи (18 часот според последните промени)? Конкретно ме интересира дали само правното лице (објектот) добива казна или и физичките лица (гостите) кои се затечени во објектот?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
241
Поени од реакции
142

Исто и гостите.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.020
Поени од реакции
29.893
Лице кое се повредило на работа (скршеница, констатирана на записник со сите нишани и документи) е со договор на определено. Договор на определено знаеме сите како завршува. По мое, а не најдов ниту еден член, не е битно тоа што лицево е на боледување, со истекот на рокот, завршува и важноста на договорот, па така фирмата согласно закон му врачи отказ. Е сега мене шо ме збунува е шо ми прати другаров копирано од некое упатство каде вика „Да, работниот однос на определено време престанува по истекот на рокот за кој е склучен и на неговото траење не влијае привремената спреченост за работа, со исклучок кога привремената спреченост за работа настанала заради повреда при работа или професионално заболување."

Ваков член јас не познавам кој го регулира на ваков начин нештово. Целта му е да му го продолжат договорот за месец дена, додека бил на боледување.

Ќе го оставам и упатствово тука.
 
Член од
18 април 2008
Мислења
874
Поени од реакции
213
Знае некој колку е максималната возраст за поротник?

Еве ви извадок од законот -

(2) За судија поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

Дилемата е доколку си избран за поротник (не постар од 60 години) дали кога ќе наполниш 60 години автоматски ти прекинува улогата на поротник?
 
Да.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.048
Поени од реакции
37.970
Жена ми има оставено пари од родителите кои беа орочени и имаа направено некој си договор дека парите после смрт на татко и може само таа е наследник и може да ги извади од банка.

Проблем прави банката која не дозволува парите да се извадат и мора оставинска постапка и дека тој договор не важи и парите мора да се поделат на сите.

Ме интересира зошто не важи тој договор?
 
Kaков договор е, за доживотна издршка?
Ако е за доживотна издршка дел од банките прават проблем, во смисла бараат да се поведе оставинска постапка, во постапката да се приложи договорот за издршка пример, и нотарот ќе донесе решение во кое ќе е наведен договорот и кај кој одат парите.
После со тоа решение ќе може да се префрлат парите на жена ти.

Најверојатно таков проблем имаш.
 
Без оставинско решение не може да се извадат парите без разлика на видот на договорот затоа што треба да се знае точно кој е наследник и само на наследник може да се дадат парите, односно сите договори се пријавуваат во оставинската постапка за да точно се утврди кој имот влегува во оставина и да се изземе имотот од оставина кој е опфатен со договор за доживотна издршка, или да се врати дел од имотот кој е опфатен со договор за дар, а се повредени правата на нужен дел на некои наследници, комплицирано е, а банките во секој случај сакаат да се заштитат од евентуално сторување на штета на некој од наследниците, за што после ќе треба да ја надоместат.
 
Како што ја прашав договорот е потпишан со банката дека таа може да ги извади парите и по смртта, а тоа е пред 10 години потпишано и сега демек не важи тоа.
 
Член од
18 април 2008
Мислења
874
Поени од реакции
213
Автоматски споено мислење:

Не е тоа дискриминација спрема возраст, Англија има до 75 год, Европа нема таква граница, некако ми се чини оваа 60 год граница е многу ниска?
 
Да така е, но таков е законот, треба една иницијатива да се поднесе до Уставен суд, ако сакаш да поднесеш, а не можеш сам да ја составиш нека ти ја состави адвокат или некој правник кој претходно пишувал иницијативи.
 
Член од
13 јануари 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Лице кое се повредило на работа (скршеница, констатирана на записник со сите нишани и документи) е со договор на определено. Договор на определено знаеме сите како завршува. По мое, а не најдов ниту еден член, не е битно тоа што лицево е на боледување, со истекот на рокот, завршува и важноста на договорот, па така фирмата согласно закон му врачи отказ. Е сега мене шо ме збунува е шо ми прати другаров копирано од некое упатство каде вика „Да, работниот однос на определено време престанува по истекот на рокот за кој е склучен и на неговото траење не влијае привремената спреченост за работа, со исклучок кога привремената спреченост за работа настанала заради повреда при работа или професионално заболување."

Ваков член јас не познавам кој го регулира на ваков начин нештово. Целта му е да му го продолжат договорот за месец дена, додека бил на боледување.

Ќе го оставам и упатствово тука.
Лице кое се повредило на работа (скршеница, констатирана на записник со сите нишани и документи) е со договор на определено. Договор на определено знаеме сите како завршува. По мое, а не најдов ниту еден член, не е битно тоа што лицево е на боледување, со истекот на рокот, завршува и важноста на договорот, па така фирмата согласно закон му врачи отказ. Е сега мене шо ме збунува е шо ми прати другаров копирано од некое упатство каде вика „Да, работниот однос на определено време престанува по истекот на рокот за кој е склучен и на неговото траење не влијае привремената спреченост за работа, со исклучок кога привремената спреченост за работа настанала заради повреда при работа или професионално заболување."

Ваков член јас не познавам кој го регулира на ваков начин нештово. Целта му е да му го продолжат договорот за месец дена, додека бил на боледување.

Ќе го оставам и упатствово тука.
Применлив е чл.77 ст.3 од ЗРО.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.020
Поени од реакции
29.893
Применлив е чл.77 ст.3 од ЗРО.
Во случајот не му го откажувааат договорот поради одобрено отсуство заради болест или повреда, туку заради тоа што му поминал рокот на важење од три месеци...пошто е договор на определено.
 
Член од
13 јануари 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Така де, ова го штити додека е на боледување. После сигурно ќе го откажат.
Ма да и онака кај нас си прават како што сакаат. Али има правна потпора барем за случајов.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.392
Поени од реакции
3.696
Како што ја прашав договорот е потпишан со банката дека таа може да ги извади парите и по смртта, а тоа е пред 10 години потпишано и сега демек не важи тоа.
не верувам дека има таков договор, претпоставувам дека има полномошно да располага со сметката на таткои, но поради смртта на истиот полномошното престанува да важи...
 
На врв Bottom