Лице кое се повредило на работа (скршеница, констатирана на записник со сите нишани и документи) е со договор на определено. Договор на определено знаеме сите како завршува. По мое, а не најдов ниту еден член, не е битно тоа што лицево е на боледување, со истекот на рокот, завршува и важноста на договорот, па така фирмата согласно закон му врачи отказ. Е сега мене шо ме збунува е шо ми прати другаров копирано од некое упатство каде вика „Да, работниот однос на определено време престанува по истекот на рокот за кој е склучен и на неговото траење не влијае привремената спреченост за работа, со исклучок кога привремената спреченост за работа настанала заради повреда при работа или професионално заболување."
Ваков член јас не познавам кој го регулира на ваков начин нештово. Целта му е да му го продолжат договорот за месец дена, додека бил на боледување.
Ќе го оставам и упатствово
тука.