Може ли некој да ме посоветува како да постапам. Во процесот на легализација наидов на неочекуван проблем. Сопственик сум на дел од парцела со сите потребни документи. Сопственоста не е проблем. Викендичката ја изградивме повеќе од 1 м далеку од постоечката ограда којашто ја затекнавме пред 15-16 години, кога ја купивме парцелата. Таа ограда и порано била таму. Сега, кога поднесовме елаборат, испадна дека сме навлегле со дел од куќата (некои дваесеттина цм во соседната парцела (се насе околу 1 м2)). Геодетската фирма прво направи една пресметка според која навлегувањето беше поголемо, па ја исправи. Сега ни бараат во општината согласност од сопственикот за тоа дека користиме дел од нивната парцела. Кој да ни ја даде? Сопственикот е мртов, физичка делба не е направена, а наследниците (два брата и мајка) се толку испокарани, што нема шанса да се согласат околу ништо. Инаку ние би ги докупиле, ако е потербно, тие метар-два. Навистина, постои ли некакво решение за овој проблем?