Не,не...
Полицијата дава предлог(пријава) до Јавното Обвинителство кое по службена должност треба да одговори и доколку увидат елементи за кривично гонење поднесуваат до основен суд обвинителен акт со предлог за осуда на осомниченото лице...
Во апс се оди(не дај боже) откако судот ќе донесе правосилна пресуда....
Можно е доколку судот смета дека така полесно би ги обезбедиле доказите можно е доделување на мерката притвор....
Евентуална казна се плаќа по правосилноста на пресудата,значи покрај тие редовни трошоци како -трошоците во постапката,за судот,адвокатите,........
Најчесто паричните казни или оштети) се остваруваат во парница,значи по окончувањето на кривичниот процес,кривичниот суд ги упатува странките на граѓански спор,во кој ги истакнуваат парични побарувања. од нанесена материјална,и нематеријална штета....
Ова најчесто ако странките кои пред тоа побарале оштета не се задоволни од пресудата на судот во врска со нивните парични побарувања...
Тоа е тоа,малку подетално,ако те интересира нешто друго слободно прашај...