Правата на потрошувачите во Македонија

Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Зошто ниеден адвокат во Македонија не се јави бесплатно да ги застапува здруженијата што се борат против лошиот воздух и загадувањето???
Бараа адвокат но никој не се појавил, дека парите не им биле приоритет, нели. Ете јави се ти за да ги застапуваш штом не те интересираат пари и јас одма ќе го повлечам ова што го кажав за вас адвокатите.

Не кажувај лажги, нема адвокат кој не се лакоми по пари. За еден совет зимате по 1.000 денари. Продавате ништо за пари.

Затоа и сите викаат и ќе викаат дека сте најголеми манипулатори.

Горе во постот што му го одговори на дечкото за 500 денари, се виде се. Не мора веќе да се мачиш да пишуваш глупости. За 500 денари производ, ќе му земеш 50 евра. Срамота.
Прво, за без пари законот не ми дозволува да работам, второ, јас работел- неработел имам месечни давачки колку 2 просечни нето плати, а каде ми е заработката за преживување? Трето, не сум луд да работам за без пари, сум вложил толку нерви, труд и пари за да се занимавам со адвокатурата за да давам бесплатни совети и за без пари да решавам туѓи проблеми? Секој работи за пари, во секоја професија, занает, работа.
Оние од здруженијата кога ќе си платат тогаш ќе бидат застапувани, а не да повикуваат за без пари некој да ги застапува, пак ќе кажам само луд човек ќе работи за без пари, а да има месечни давачки колку што некој заработува вкупно нето плата за 2-3 месеца..
Кога ќе носиш заклучок треба да гледаш објективно, а не субјективно, како и да е... :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Од 2-3 клиенти ги вадите парите во месецот. Само 40% давате од вашите нерви/труд/пари за клиентите. Се друго е манипулација и крадење пари на културен начин.
 
Пробав да ти ја доловам реалноста, но изгледа не ме сфати, како и да е, само ќе кажам воопшто не е лесно да си приватен сектор, ако некогаш си отвориш фирма или започнеш да се бавиш со професија самостојно ќе видиш дека сум бил во право, до тогаш според старата македонска поговорка: ,,Не веруваш на другите додека не го осетиш на своја кожа."
Поздрав друже нема потреба повеќе да дебатираме на темава :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580

а како ќе биде да има државни адвокати, пак странката плаќа, ама се регуларно, со ценовник, фискална..контрола ????
Друго, кај нас мизерна е положбата на клиентите , граѓански лица, било како учесник во предмет или сведок... нивното време и трошоци е помножено со НУЛА......
Посебно е лошо сега, адвокатите се пребукирани а сепак ги начукаа и во обични купопродажни договори и оставински...
Значи сите имаат комора која ги штити, и адвокати и доктори и други, само граѓанинот е предмет без заштита... едно време функционираше Правосуден инспекторат, ама изгледа и тоа е сега затворено...
 
Што да ти кажам на ова? Затоа ќе отстапам од давање на одговор, секој со своето мислење..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Што да ти кажам на ова? Затоа ќе отстапам од давање на одговор, секој со своето мислење..
разбирам, ама ајде стави се во ситуација ти да треба да користиш услуга на адвокат ( ама во друга средина, не познаваш никого) ??
Јасно главните проблеми се во дузина непрецизни и лоши закони, впрочем тоа ми го потврди и искусен адвокат што дава бесплатна ( информативна) правна помош на телефон..
.. а кога сме кај ПроБоно незнам од кога е забрането, до пред 4-5 години имаше дури некој адвокат давал 800мкд на странката, за да даде полномош да се утужи ЕВН ( она кога беа тужбите за 5мкд што незаконски наплаќал ЕВН)..
.. а и ПроБоно е далеку од бесплатно, странката има трошоци кон судот, а да не зборувам и кон другата странка ако го изгуби спорот...
Тука дискутираме за правата на граѓаните - потрошувачи, така во однос на адвокатските услуги би можело да се дискутираме за задолжителното користење адвокатски услуги, а тоа е воведено од неодамна за оставински постапки и купопродажни договори НАД мислам 10,000 евра вредност...
Е за овие работи треба да има надлежна ИНСПЕКЦИЈА која ќе ги контролира и адвокатите и нотарите, не нивните КОМОРИ кои ги штитат нив самите, посебно адвокатите...
Е сега можеби ако се воведе инспекција набргу адвокатите нема да прифаќаат овакви предмети, а и сега има проблем кај оставинските, но во тој случај ќе треба министерство под итно да си го среди законот
 
Биди реален, што мислиш адвокатите само земаат пари, а немаат никакви давачки?
Зошто некој адвокат да му дава некому правна помош за без пари, ЗАРЕМ ТИ РАБОТИШ ЗА БЕЗ ПАРИ, зарем некој во државава работи за без пари?
За крај пак ќе кажам секој со своето мислење. Поздрав.
 
Никаде не реков БЕЗ ПАРИ. туку барем за задолжителните работи ( каде странката мора да земе адвокат) да се знае колку е што и да си има есап... а впрочем не мора странка секогаш да земе адвокат, на пример по меѓународно право тужен не МОРА задолжително да ангажира адвокат....
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
5
Поени од реакции
6
Имам еден проблем со вип и не знам каде да се обратам. Вака уште пред 10 години некаде беа моби така нешто.Кога местевме интернет и кабловска телевизија имаше две опции од нивна страна да го изнајмиш модемот и да го купиш ако се сеќавате?) И ги користевме нивните услуги при што се сменаа операторите и ние само си продолживме со договорите со вип. Ние тој модем го купивме уште од пред 10 години. Сега се исклучивме од вип заради местење на оптички инернет. Ми доаѓа фактура за плаќање на модемот. А тој ни е купен нас лично сметки ние не чуваме мн време помина. Доказ дека модемот е изнајмен од ВИП немаат, не чувале документи тие. Со нив не можиме да се разбериме ќе не тужеле и ќе не давале на извршител. А му барам документ каде јас се имам задолжено немаат. По судови не сакам да се оди само адвокати и трошоци е тоа. Како да си ја добијам правдата кога сум во право и од платено преплатено да биди во нивна корист. Од пазарна инспекција велат дека не можат мн да помогнат. Имал некој ваков проблем ? Каде да се обратам? Ви благодарам.
 
Член од
15 август 2011
Мислења
125
Поени од реакции
40
Купив од амбрела електронска цигара, реално уредот е исправен и добар, но не ги задоволува моите барања. Побарав да ми ги вратат парите за производот и ми рекоа дека не враќале прозиводи.. Според законот за потрошувачи не смееат така да постапат. Дали да вртам по инспекции и да плачам ?
 
Колку пари си ја земал ел. цигара?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Затоа никад нема да просперираме како народ Македонски. За 5.000 денари му правиш проблем и ќе му викаш инспекција за ел. цигара што си ја користел и не ти се допаѓа. Засрами се.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Мислам дека само производ кој има оштетување, недостаток или ако не одговара на декларацијата, може да се врати или инспекција да постапи по пријава. Може да проверите во Организацијата за заштита на потрошувачи или ДПИ, може да ви дадат правен/практичен совет согласно закон.
 
Член од
15 август 2011
Мислења
125
Поени од реакции
40
Затоа никад нема да просперираме како народ Македонски. За 5.000 денари му правиш проблем и ќе му викаш инспекција за ел. цигара што си ја користел и не ти се допаѓа. Засрами се.
Да, баш затоа нема да просперираме...Навистина се засрамив!

““Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор.““

Дали е кондура и не ми одговара или е цигара и не ми одговара, моја работа !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom