Правата на потрошувачите во Македонија

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.522
Поени од реакции
5.352
Дали при исклучување на корисник од ЕВН мора да има опомена пред исклучување или доволно е само да се пише заостанатиот долг на сметката? Законот за снабдување со ел.енергија вели едно, евн друго. Ако некој знае нека пише.
ЕВН не би требало да исклучуваат, ама исклучуваат. Каде како исклучен ќе се жалиш и, кога ќе си го оствариш правото? Опомени не праќаат, освен во сметките, каде пишува заостанат долг. Обично исклучуваат ако 3 сметки не се платени
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.557
Поени од реакции
11.376

Не треба да исклучуваат за време на состојбава, ама сепак исклучуваат.
Во законот за снабдување со ел. енергија пишува

1592833351885.png

Е сеа што значи опомена во овој контекст, не знам, ако има некој правник што знае нека каже.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
10.309
Поени од реакции
13.959
Не треба да исклучуваат за време на состојбава, ама сепак исклучуваат.
Во законот за снабдување со ел. енергија пишува

Прегледај го приврзокот 256296

Е сеа што значи опомена во овој контекст, не знам, ако има некој правник што знае нека каже.
Па даваат опомена за заостанат долг кој може и поштарот на пример и да не го достави или се зашуткало некаде тоа плико и да тврди дека го доставил, зашо обично тоа се доставува до поштенско сандаче а не лично на рака.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
8.268
Поени од реакции
14.197
Не треба да исклучуваат за време на состојбава, ама сепак исклучуваат.
Во законот за снабдување со ел. енергија пишува

Прегледај го приврзокот 256296

Е сеа што значи опомена во овој контекст, не знам, ако има некој правник што знае нека каже.
Како опомена го рачунаат тоа во сметките, заостанат долг. Нема посебна опомена да ти стигне.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.557
Поени од реакции
11.376
Како опомена го рачунаат тоа во сметките, заостанат долг. Нема посебна опомена да ти стигне.
Океј, фала.
Иначе да знаете дека исклучуваат и за време на вонредна состојба, иако се скапаа промовирање по телевизии дека ќе излезеле во пресрет.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Како опомена го рачунаат тоа во сметките, заостанат долг. Нема посебна опомена да ти стигне.
Не е опомена тоа што во некоја сметка пишува заостанат долг.
И не може нити да биде
Автоматски споено мислење:

Дали при исклучување на корисник од ЕВН мора да има опомена пред исклучување или доволно е само да се пише заостанатиот долг на сметката? Законот за снабдување со ел.енергија вели едно, евн друго. Ако некој знае нека пише.
Тоа што на сметката пишува заостанат долг не може да се смета за опомена и не е опомена! Пишува заостанат долг и наведен е одреден износ и толку! Не пишува по која фактура е тој заостанат долг, за кој период е "заостанатиот долг" (најчесто е и застарен), така да доколку навистина имаш заостанат долг побарај писмено да бидеш известена за која фактура и период се однесува тој заостанат долг. И не може да се смета за никаква опомена заостанатиот долг (туку е само информација за евентуално застанат долг како што кажува и самото име и ништо повеќе од тоа).
За жал, ЕВН искчучува без претходна опомена!
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.918
Поени од реакции
2.495
Дали купувачот има право да се буни за цените во маркетите пример на рафтот една е цената, ама кога ќе оди на каса да плати оп поскапа цена???

Дали тоа значи дека иста до динар треба да биде цената како што е на рафтот, така и на касата???
 
G

Gjoksi

Гостин

Честа манипулација на трговците е тоа. НЕ го прават тоа сите, меѓутоа постои.
Сепак, цената на рафтот и цената наплатена на касата, МОРА да бидат исти, не смее да има ниту еден денар разлика.
Ако мислиш дека си платил различна цена од таа на рафтот, Државниот пазарен инспекторат е надлежен за спроведување на инспекција.
 
Aма некои луѓе тоа го пријавиле во Државниот пазарен инспекторат ама ништо од тоа!!!

За џабе времето си го губеле!!!

Епа тогаш во кој други институции тоа да се пријави???
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Дали купувачот има право да се буни за цените во маркетите пример на рафтот една е цената, ама кога ќе оди на каса да плати оп поскапа цена???

Дали тоа значи дека иста до динар треба да биде цената како што е на рафтот, така и на касата???
Има право, според одредбите на Законот за заштита на потрошувачите важечка е објавената цена на производот и доколку истиот производ во меѓувреме е поскапен, а објавената цена не е променета (од било кои причини) тогаш потрошувачот има право да го плати производот по веќе објавената цена (а не по поскапата цена која му ја кажуваат на каса). Цените на сите производи мора да бидат јавно и јасно објавени на начин кој нема да го доведат во заблуда купувачот
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.918
Поени од реакции
2.495
Има право, според одредбите на Законот за заштита на потрошувачите важечка е објавената цена на производот и доколку истиот производ во меѓувреме е поскапен, а објавената цена не е променета (од било кои причини) тогаш потрошувачот има право да го плати производот по веќе објавената цена (а не по поскапата цена која му ја кажуваат на каса). Цените на сите производи мора да бидат јавно и јасно објавени на начин кој нема да го доведат во заблуда купувачот
Е чекај сега ако е така зошто во каталозите од маркетите најдолу пишува „За евентуални печатни грешки не сносвиме никаква одговорност“...

Тие работи некако не ми се логични...
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Е чекај сега ако е така зошто во каталозите од маркетите најдолу пишува „За евентуални печатни грешки не сносвиме никаква одговорност“...

Тие работи некако не ми се логични...
Е чекај сега ако е така зошто во каталозите од маркетите најдолу пишува „За евентуални печатни грешки не сносвиме никаква одговорност“...

Тие работи некако не ми се логични...
Баш никакво значење нема ефна таква реченица, во никој случај не може да го промени законот нити да им ги намали правата на потрошувачите една таква реченица напишана од продавачот
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.918
Поени од реакции
2.495
Баш никакво значење нема ефна таква реченица, во никој случај не може да го промени законот нити да им ги намали правата на потрошувачите една таква реченица напишана од продавачот
Не те разбрав доволно, сакаш да кажиш иако во каталозите така пишува (не сносвиме одговорност за печатни грешки), сакаш да кажеш законски сносуваат одговорност???
 
Член од
12 март 2009
Мислења
18.071
Поени од реакции
13.266
Па даваат опомена за заостанат долг кој може и поштарот на пример и да не го достави или се зашуткало некаде тоа плико и да тврди дека го доставил, зашо обично тоа се доставува до поштенско сандаче а не лично на рака.
сега множи со нула и поштар и банка, а има електронски апликации мој евн, се се гледа..
Автоматски споено мислење:

Туку има ЕДНА работа со ГОДИНИ оди незаконски а сите молчат...нека каже Саше, тој го тужеше ЕВН за едни 5мкд незаконски што земаа..
Имено се работи за СТАВКАТА за мошност 20% од сметката..
Таа ја наплаќаат демек за за редовно и непречено снабдување со електрична енергија..
Е ај да видиме дали е така !!
Кај нас, во нас.Ново Лисиче, а и во нас.Лисиче, имаме големи проблеми со НЕНАЈАВЕНИ прекини на ел.енергија.
Всушност проблемот е изгледа во населба Лисиче а страдат и делови од Ново Лисиче а кој се врзани со нив.
Значи не се работи за НАЈАВЕН прекин, не се работи за елементарна непогода...
Во иста населба, некој задниве 30 години имал 4-5 ненајавени прекини, а некој СЕКОЈ месец има по толку !!
А ИСТО го ПЛАЌААТ додатокот за МОШНОСТ, 20% !!
Не е само немање струја, ТУКУ страдаат електрични Апарати !!!
Дури од еден сервис што менуваа под гаранција мрчеа..
Нема никакво оправдание за ЕВН !! веќе 15 години се тука, имале време да ги средат трафостаниците. па и ако имале некој проектни грешки.
Всушност ова е злоупотреба на МОНОПОЛ !!
Еднаш се јајив во РКЕ,срипаа како попарени, демек требало да нема некој струја нпор. 10 часови на ден па да бара намалување на тарифата за мошност:mad:...
А штети на ел.апарати ???

Башка што има места каде напонот перманентно е понизок, а мислам дека е декларирано 220-240В, така пишува и на ел.уреди што ги купуваме !!!
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2019
Мислења
55
Поени од реакции
25
Купив производ (слушалки) од брендираните од нашите продавници за таква роба (да не правам реклама) и ги вратив истиот ден после неколку часа пошто не бев задоволен од квалитетот на истите (слаба јачина и квалитет на звук) и барав да го вратам производот. Ми кажаа да го оставам за да го проверел сервис дека е во ред. Напоменувам дека производот е исправен но не ги задоволи моите потреби за квалитет на истиот (а немаше можност да се проба пред да се купи). Верувам дека по проверката ќе ми бидат вратени парите. Дали е тоа мое право ако не сум задоволен од производот кој го имам пробано 1-2 часа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom