Секое доаѓање во МК пишувам во темава. Не знам дали ми е таква ѕвездата или не остана саглам место кое почитува договор.
Која е постапката кога при нарачка на мебел, трговецот достави мебел со погрешна спецификација? Притоа мебелот е платен унапред и се чекала достава еден месец?
Како опција ни е дадена понуда да го земеме експонатот ( со наша достава ) додека го чекаме новиот производ ( времето на достава може повторно да биде еден месец ). Што доколку се оштети експонатот за тој период?
не си единствена, ни прва ни последна!
оффф, сега те жалам, и јас немав нерви за тоа и дигнав рака, посебно сега кога мебелот го изработуваат приватници, зависи прва, рака втора рака, едно се гледа во салонот како експонат, друго се носи дома, страшно, ако ми веруваш во последно време што купувам го купувам експонатот што е изложен!
а што ти е купено во Охрид (претпоставка) биди сигурна дека ти е изработен мебелот во Струмица, па прва рака, па втора“.
... така да радоста за нов кауч демек од Врање преработен (жими к...) ни се претвори во хорор, дома ни донесоа „кауч“ сличен ама многу поширок како за спална, каков кауч кога тоа е за спална кревет кога се отвара, денес ќе ви го вратиме, утре... ништо работа... таму каде треба да има 4 нитни во спојките амо по две дури и по една, „ако “ викаат држи тоа нема потреба од повеќе спојки, денес викенд, па празник, па месец, па два.... ништо останавме со кауч што всушност е кревет кој се отвара целосно со димензии како за спална, а се мачиме со полуотворен кога се спие затоа што собата е премала да се отвори целосно.
...така да мој совет, ако експонатот е во ред, не е оштетен или амортизиран од изложеноста во нивниот салон, задржи си го, уплатено однапред веќе не може да се условува, а и да ти донесат новиот производ верувај ми ќе се каете повеќе, да не напишам мој пример да новиот производ што го чекавме во својата изработка имаше даска необработена со се кора од дрвото, а бе човече ќе пушти листови и ќе се расцвети под мојот газ, „а ти што се пикаш под поставата и гледаш кај не ти е местото, ми рекоа“, а јас поклон ли го добив или ви платив колку побаравте? за што? да ми порасне шума во дневна?
ништо работа, така останавме, ни имаш каде да се жалиш ни ништо, мислам дека веќе не функционира Агенцијата за заштита на правата на потрошувачите, единствено преку Пазарен инспекторат, ако имаш подолг фитил на живци, пробај!