Од почеток би било вака ...
По роденденската кајгана собиранка која со целиот пат до таму, кафињата наредниот ден и патот назад ми беше една од најубавите.
По повеќето вожњи пролетта по Македонијава со моето прекрасно друштво.
По феноменалниот концерт на Лени и лудата мини собиранка во Струга. Седенката после журката, со Crazy in Love на тротоар и патетичните пијани муабети беа прајслес ... сликата никогаш нема да ми се изгуби од очи!:pos2:
Одличните проводи со неколкуте кајганџии кои ме посетија во текот на целата година ... многу убави спомени имам од сите тие седенки и муабети.
И како шлаг на убавата година ми беше роденденот, кој оваа година ми помина многу поубаво од лани. Го славев на рати, повеќе дена излегувања со различни луѓе ... роденанедела ми испадна
Секако лаптопчето што си го добив како поклон не смеам да го заборавам!
А да, и работата би требало да ја спомнам ваљда ... успешна година и на тоа поле, иако морам годинава уште поуспешна да ја направам.
п.с. Ам љубовта? Ц ц ц ... ја заборавив бре! Што да кажувам за неа ... јас сум си стандард секогаш полна со љубов, па нема што посебно да ја истакнувам.
Колку мали нешта мене ми остануваат во сеќавање ... сега кога се читам по малку смешно си делувам, ама тоа е ... ако до сега не се сменав, од сега па ич.