По неа.
Толку глупи ствари напраив годинава, што повеќе смеа ме фаќа отколку што стварно ми е криво за дел од постапките.
Поради тоа што после 23 и пол години изигравање џентлмен/папа/мировник ќе се најде некоја и ќе те праи глуп (не е никакво изневерување во прашање). Принцип е во прашање, чест, образ, при што веднаш ми иде на памет прашањето, што ако мене некоја мене некогаш ме изневери?
Поради тоа што свесно, најсвесно одбрав наивната детска искреност, финоќа, добронамерност, воспитание и да ги заменам со таков невиден инат, замарање (нормално до одредена граница, без никакви закани сепак не сум од планина симнат), Сето тоа беше со една цел, да направам да се осети барем приближно непријатно, како што јас се осеќав едно време.
Новиот тренд не сум го фатил јас изгледа. Ако некој дечко/дечковци те заебал/е, тоа го истрпуваш, море и плачеш некое време, ама затоа чекаш некој нов да дојде и да му го извадиш тоа низ нос и тебе да те запамти некој, да те разбере.
Конечно да ја покажеш во пракса tit for tat теоријата на Dawkins во Selfish Gene.
(NOT)
Или телевизиската Nice guys finish first
Тој мој налудничав, идиотски потег не беше да се ставам во нејзина глава и да видам што може човек да добие од инат, своеглавост, лицемерие. Јас знам, убеден сум дека никогаш ништо нема да добијам од глумење лудило и сега после се пак се осеќам глупо.
И пак викам нималку не ми е жал, ако не се случеше она и нејзиниот магарешки инат (признавам и ја не сум поарен задниве 5-6 месеци), најверојатно ќе завршев со колешката на која и ги знаев, уствари пола дом и ги знаеше последните 5-6 мувачи (да бидам политички коректен де). Или со онаа што нормално е навикната да и се ставаат 3235325 во една вечер. Е кога ти нема да и се ставиш, чак што више и не ја ни приметуваш и некогаш додека прајш муабет со неа ќе се свртиш по некоја со огромно газиште, тогаш е проблем за неа и се ќе напраи да го напраи она женското од инат, од суета, на 99 мажишта им се дигна на мене, ама оној стотиот зш не ме приметува?
Ама среќа у несреќа...
Е ама со мене муабетите идат поинаку, посериозно (не знам дали е до наочарите). Нема тука многу шалење, туку да не забегувам ќе излезе дека и на овие им посветувам дел од моите мисли за годинава.
Праевме со едниот цимер лани муабет, кој ќе и биде следен дечко на оваа со мувачиве. Овој што го фати сеа мирен дечко од Виница, едниот цимер успеа да го погоди, ама не се обложивме на ништо, штета за него. Уште е млада си викам, не може на 23 да фати некој мирен, ама можда тоа што сестра и се омажи лани, ја премисли. Мy bad.
Имам уште 18 дена за глупирање, сељачење, aма врвот го достигнав. Не можам повеќе и да сакам. И не е ова поради премногу слободно време или што знам, денгубење. Сакав, морав да се глупирам, не за она да види или другарките нејзини, исклучиво ради мене и да видам некој месец како е да си со тој ментален склоп.
Од 1 јануари 2015 сум повторно стариот, мил, наивен и со заклучок дека од инат ништо не можеш да добиеш (не дека пред да се глупирам не знаев), подобро остај таму нека крши глава отколку да губиш месеци на докажување дека ете и ја можам да бидам глуп, море поглуп од тебе.
Многу запознавања, кои да бидам искрен беа небитни за мене, затоа што бев фокусиран на инаетење и докажување на нешто што не се докажува.
И ќе забораев, тројца од шошонциве ме бркаа едно 100 метри. Еднаш ќе решам да поминав од другата страна кај што е помалку осветлено и каде што се движи помалку народ и којзнае што можеше да ми се случи, ако на пример извадеа пиштол или се сопнев при трчањето.
А денот беше баш таков, истиот ден кога инцестите протестираа против одлуката за Монструм.