По што ќе ја паметите 2014 година?

По враќањето на старите емотикони. Моите омилени :kuracc::popce::pusigo:
Не, озбилно ваљда по еден од најдобрите одмори (ако не и најдобар) у живот. По Warlords of Draenor.
Али и по емотиконите. Озбилно ве сакам ради ова. :zver:
 
Немаше смрт на некој близок во оваа година, па така ќе кажам дека помина добро.

Ако хронолошки ги подредам најбитните настани за мене би изгледале вака.

1.Издадов книга и направив промоција на истата, скоро еден месец по доаѓањето на 2014-та(то е првиот настан шо се случи)
2.По одморот со женската, сестра е и дечко и.
3. Дипломирав на правниот факултет во Битолава
4. Ми се роди внуче од прва братучеда, воедно најголемата среќа и радост за годинава што помина, ми ја пружи истото.
5.Запишав 5-та година

Отприлика тоа е.
 
По тоа што катастрофално ми започна со непријатна атмосфера, по тоа што со некои луѓе, меѓу кои и колеги, влегов во кавга, но ако не друго дознав дека сето тоа било лицемерие, корист и дволичност, па ако не друго, бар се ослободив од некои лажни пријатели, т.е. непријатели.
По тоа што во работата стекнав многу поголемо знаење и искуство, по тоа што низ работа запознав многу нови луѓе.
По тоа што напорно вежбав на фитнес и добив приближен ефект на тој што го сакам, и се гордеам со тоа што доста вложував во своето тело, за да го добијам посакуваниот изглед.
По тоа што отидов на одлично испланиран одмор, но ради ред проблеми морав порано да се вратам.
По тоа што речиси сите видеа на Солзи и смеа ги изгледав и се мочнав од смеење.
По летото кое наместо сонце ни даде дожд, по поплавената Србија и Босна, но фала му на Господ нас ништо не ни бидна.
По тоа што на форумов запознав нови пријатели, меѓу кои и @Саншајн. , па низ километарски муабети стигнавме и до тоа да ја создадеме Пачавра:pos:

1.jpg

По тоа што за прв пат го пробав она вистинското Крушевско грне и тоа во Крушево, и притоа се маѓепсав од вкусот.
По тоа што дома се кречеше без никакви мајстори, а притоа деновите додека се кречеше, беа исполнети со пријатна атмосфера, а и не е така лошо искречено.
По прекрасно направената зимница, при која раце и кичма сокршив додека ги мелев пиперките и модрите патлиџани:LOL:

1.jpg

По тоа што си се почастив со едно џипче:giggle::love:
По одличната музика која во секој момент течеше низ слушалките, па низ моите уши и ми даваше сила за да продолжам понатаму.
По сите оние неостварени планови кои ме поттикнуваат да се борам низ животот за да ги остварам.

:)
 
Последно уредено:
Еј, ми требаше темава за да си го вратам назад филмот, да сфатам колку убави работи ми се случија годинава и кое неблагодарно копиле сум!

Оваа година зад себе оставив две завршени школи, еден мал стан и вселување во поголем и најбитното, конечно си купивме дом(место кое и двајцата ќе можеме да го наречеме така, дома, топло, убаво, во кое ќе биде вложен многу труд и љубов)... Кавгите и несреќните случаеви беа релативно малку. И нив ќе ги оставам зад себе, небитни се, кој им ебе матер!
 
по неубави работи за жал, мислев дека ланската 13 е баксуз ама не беше ни оваа поарна :unsure:
 
За мене добра во секој случај, како си ја планирав така и ми испадна све. Почнав да учам во ново школо, но со истите пријатели, почнав преку интернет да контактирам со неколку кајганџии што ми е доста мило, имав полуматура на која си поминав одлично и што е најважно пораснав за 1 година :jeeee: Се надевам на подобра година, со повеќе убави настани :)
 
Топ година. Прошетав бел свет, фестивали, нови луѓе и познанства, нови работни места, старата љубов, останав без студио, ама пак си газам. Манчестер Јунајтед и неговото 7мо место. Манчестер и неговата моментална форма. Друго се по старо. Ок година, се надевам иднава како што ми почнува така да ми биде цела.
Поз,тојето.
 
Не колку лани поради фактот дека многу работи шо си планирав не ми излегоја посмирено, сталожено и колку толку под контрола . од време на време пукаше по некој нерв али фала богу поретко.
останува да видиме до крајот како ќе биде ама не очекувам некоја промена :)
 
Година ко година. Различна бројка......
Прва писмена опомена во 3.5 години работен однос.
Неам живот.
 
Дипломирањето и долгоочекуваната 10-та титула на Реал Мадрид, не знам како да ги подредам по значење, тука ми се негде. :icon_mrgr: Башка бев на апсолвентска екскурзија, најдобрите 20 дена во мојов живот и не верувам да имам подобри, се надевам ќе се деси и тоа. I peaked. :D
 
На негативно, доживеав колапс у мојот оптимизам за Ливерпул.

На позитивно, оваа година сфатив дека сум прилично интелигентна и остроумна личност со посебни и уникатни квалитети кои можат многу да придонесат кон светот доколку се искористат правилно.
 
Позитивни:
Си се зацементирав на работната позиција, добив и покачување;
си купив кола сама;
намалив троа испитите до дипломирање;
братучед ми кој има две години си го присвоив ко мое да е;
го истрчавме скопски маратон со неколку форумџии тука;
исто со добра багра се запознав на ракометиве;
имав најбоље одмор во Сарти...

негативни:
Ставив крај на врска пролетоска, мислам дека периодов подобро ми е сама, сакам да створам некои мои работи;
загубив драга личност на почетокот од 2014 која до ден денес не можам да ја преболам;
Не стигнав да ја изиграм ни еднаш онаа "фискална во рака, пари без мака" :pistoldz:
 
Убава година, ако 2013 ми беше ептен клучна и одлучувачка, оваа беше онака релаксирачка, мирна и убава година, истерав многу добар летен одмор, а се друго беше една убава, секојдневна рутина.

И Арсенал освои трофеј.:ojeaa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom