По што ќе ја паметите 2014 година?

Беше година на борба и експанзија, на секое поле. На борба можеби повеќе отколку на експанзија. Сепак оваа година ги стекнав и првите познанства со луѓе од овој форум. Царови сте сите.
Во ретроспектива.....заеби ретроспективи, која е користа ? Еј 2015та, доаѓај, дај шта даш и биди незаборавна.
 
Овие три години генерално ми се изгубени и одвратни или што би рекла јас: Нешто не ми е денот последниве три години. Ама оваа година беше врвот. :nesumjas:

Јас се решив да ја откажам 2014, доста и беше. :bance:
Грдо годиниште, ужасно од секој можен агол. :tapp:
Премалку светли точки за да се запаметат. Али имаше 2-3 убави моменти, чисто да не биде без ич.
Како и да е, годинава ќе славам што завршува годината и ќе ја испратам со песна: Иди не враќај се...:pijani:

Ужасна година. Посебно последниве 2-3 месеци.

2015 ќе биде подобра, ја осеќам. :pipi:Моја година е наредната, така округла некако.:icon_mrgr:
 
Ова година ништо ново, делувам песимистички. ( иако не сум таков ) Добро помина летото забавно стварно. Но вооглавно ништо големо и специјално. Ако треба да ја обележам до нешто би го одбрал новото работно место.
 
2014-та ќе ја памтам како година во која на форумов се регистрира Ченко-Менко-Зденко. :icon_lol:

Шала на страна, 2014-та ќе се памтам само по убавите работи, како и секогаш. Неубавите одамна се заборавени. Не ни заслужуваат да се памтат.
 
Јас ќе ја паметам оваа година по најголемите лаги и рамнодушноста на народот да живее во такви измами.Германија повторно влегува во рецесија,а додека Македонија има најголем рејтинг.По тоа што влегуваат странските инвестиции,а најголемиот инвеститор Субрата заврши во ќорка.Не ви се потребни бугарски пасоши,може и со македонски да се работи во Германија и Скандинавијата,а додека огласите друго зборат.И најсвежото,МВР демантира дека се фрлени бомби.Очекувајте,којзнае што ќе се случи до 31 декември?
 
Што си најдов работа. Вистинска работа, со 8 саати во канцеларија и каде што се подобрувам цело време.
Што сум сингл како чорапа после перење во машина.
И тоа е тоа.
Годинава лошо тргна, подобро ќе заврши, се надевам. Како што „старееш“, секоја година се помалце работи интересни ти носи и се побрзо поминува. Тажно.
 
Оваа година ми се падна паричката во лепчето за Бадник. Не сум суеверен, но некако се поклопија работиве. Ова ми беше најуспешна година во моиве скромни 23 години. Го завршив факултетот во предвидениот рок, добив виза и заминав во Америка на 5 месеци, видов како е да се живее во Њу Јорк, го научив Бостон на памет. Штом се вратив, аплицирав за работа за прв пат во мојот живот и ја добив работата. Станав поблизок со моите пријатели и стекнав нови познанства. За следната година имам за цел да се посветам максимално на работата, да го заострам штедењето на пари и конечно да и откажам доверба на забарката. :)
Би рекол дека поголем дел од работите кои ги имав зацртано ги реализирав. За следната година дел од плановите нема да одразат успех веднаш, но во подолг рок се надевам дека трудот нема да ми биде залуден :)
За љубов ич не прашувај. Не сакам да си кршам филм :pos:
 
Па имаше големи падови, допирање до дното.
Имаше и многу убави моменти, моменти што ќе ги паметам цел живот.
Нови пријателства, познанства, жени. Прекин на стари пријателства.
Многу нови работи научени, нови искуства и патувања.
Животни пресврти, одлуки, шанси и можности...

Заклучок: доста турбулентна и интересна година.
 
По прекрасниот концерт на Каролина во МОБ во февруари и по престојниот кој ќе биде во сабота
 
Не би ја класифицирал како лоша, баш затоа што минатата беше преполна со празни одови и големи очекувања. Напротив тука повеќе иде оноа Како (ни)смо се надали, добро смо се удали.
И јас ко Дарки, по првата постабилна работа која ми приушти некои задоволства со кои планирам да се занимавам секундарно во животот.
По најкраткиот одмор што икад у животот сум го имал и свесноста дека нема баук од тоа. Сепак работата испунува многу од човековата психа и не му дава развиток на second thoughts кои за многу работи се и погубни.
По окончување на неколку пријателства поради недоразбирања кои се трупале од многу поодамна. Школа живота, тоа е. Отвараш 4 очи за понатака.
Плодовите од егзистенционализмот од претходните 2 години. Требало време.

So says Saladin
 
Tибам идиотот, заборајв да напоменам дека го имав првиот договор за работа во животов, на 6 месеци, како демонстратор по граѓанско право на факултет.............

(ете толку истото ми значело веројатно шо не ми ни текна во тие 4-те работи шо ги пишав)
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom