Ајде нешто што извадив од Интернет вечерва:
Не беше спектакуларен, екстравагантен или бизарен. Имаше песни и солзи но малку играње. Наместо тоа, Меморијалот за Мајкл Џексон беше мирна, спиритуална церемонија која посегна назад по спомените за човекот.
Пејач, танчер, супер-ѕвезда, хуманитарец: така некои од 20 000 луѓе присутни во Стејплс Центарот и уште милиони надвор од него, ќе го паметат Мајкл Џексон.
Ако имаше шокирачки момент на вечерта, тој дојде од неговата ќерка, 11-годишната Парис, која за првпат проговори во јавност. „Откако паметам, тато беше најдобриот татко кој можев да го замислам“ - рече таа. Пред да се расплаче и да побрза во прегратката на нејзината тетка Џенет, рече уште: „сакам само да кажам дека многу го сакав.“
Во салата, атмосферата беше црковна, но со огромен екран во позадината на кој се вртеше минатото, проектирано зад сцената.
Церемонијата започна со Смоуки Робинсон, кој прочита изјава на блиската пријателка на Мајкл, Дајана Рос - „Мајкл беше дел од кој беше изграден мојот живот.“
На сцената се појавија Квин Латифа, Мараја Кери, Лајонел Ричи, Стиви Вондер, Брук Шилдс, Коби Брајант, Меџик Џонсон, Ашер...
Бери Горди се присети на чудото од дете Мајкл Џексон, и предизвика овации кога кажа дека „Мајкл е едноставно најдобриот забавувач на сите времиња“, но уште посилни овации предизвика отецот Ал Шраптон кога на децата на Мајкл им порача: „Немаше ништо чудно во врска со вашиот татко. Имаше нешто многу чудно во тоа со што вашиот татко мораше да се справува“
Славниот Меџик Џонсон му се заблагодари на долгогодишниот пријател што ги срушил расните бариери и што им овозможи на луѓето како него и Коби Брајант еден ден да станат ѕвезди.
Меѓу другите, на сцената се појави и Брук Шилдс, која се бореше да ги задржи емоциите и солзите, а истото не им успеа на неговите браќа Џермејн и Марлон во емотивното испраќање на семејството пред ковчегот на Мајкл.
Од изведувачите, прекрасни настапи имаа Мараја Кери, Лајонел Ричи, Стиви Вондер (посебно ми се допадна ова), Ашер, Џермејн Џексон и други...
Stevie Wonder: "I never dreamed you'll leave in summer"
17 000 луѓе добија можност да се простат од Џеко во Стејплс Центарот и соседниот Нокиа Театар. Настанот се пренесуваше на голем број телевизии и видео-стримови на Интернет. Се на се, помина во најдобар ред и како што прилега, со мали исклучоци, кои брзо ќе се заборават. Во неколку говори беа кажани многу убави работи од луѓе кои го познаваат цел живот, и тоа е нешто што треба да се слушне. Во целата оваа збрка деновиве, малку луѓе се сетија на неговото хуманитарно дело, но некој од говорниците потсети дека Мајкл го држи рекордот по донации направени од една поп - ѕвезда...