R
Razorblade Kiss
Гостин
„Џексон беше ќелав и избоден костур“
Британскиот таблоид The Sun објавува информации наводно од лекарите кои ја извршија обдукцијата на телотот на Мајкл Џексон.
Според тие информации, лекарите од болницата UCLA на обдукцијата се увериле во стравотната физичка состојба на Мајкл Џексон.
Пејачот бил преслаб, а неговиот желудник бил полн само со апчиња.
Понатаму, пишува The Sun, неговите колкови, бутови и рамена биле преполни со рани од убоди со игли, за кои се претпоставува дека се инекции против болка, кои тој со години ги примал трипати на ден.
Исти такви рани биле најдени, тврдат во таблоидот, и на градниот кош, па се претпоставува дека тоа биле смртоносните убоди, кои му го запреле срцето.
The Sun пишува дека се пронајдени 13 огромни белези, кои се последица на бројните пластични операции на Џексон, а се наведува дека починатата ѕвезда во моментот на смртта носела перика на главата.
Телото на Мајкл Џексон имало и неколку скршени ребра и убоди над срцето, рани настанати при обидите за реанимација и вбризгување на адреналин.
При обдукцијата наводно биле забележани неколку модрици на колената на Џексон за кои сеуште нема објаснување, додека пак на грбот имал траги од исекотини кои би можеле да настанат при некој неодамнешен пад.
Таткото на Мајкл Џексон и порача на јавноста дека тој и неговата сопруга се единствените кои ќе одлучуваат за оставштината на нивниот син.
Во соопштението прочитано пред доделувањето на наградата БЕТ во Лос Анѓелес, Џо Џексон навел дека тој и неговата сопруга Кетрин го имаат единственото „лично и правно овластување да делуваат“ и да одлучуваат по прашања врзани за нивниот син и неговите деца.
Џексон ненајавен се појавил на доделувањето на наградата БЕТ, која помина во знакот на неговиот син.
Џо Џексон и останатите роднини на покојниот пејач се наоѓаат на семејниот во Енсин, пред кој има голем број обожаватели на Мајк Џексон и претставници од медиумите кои ја чекаат информација за причините за смртта на пејачот, како и детали за неговиот погреб.
извор-a1.
Одма се фатија за парите,а татково го малтретирал до безсознание...ех.Живот.