Мајкл Џексон, супер - таленираното дете кое прерасна во „Крал на Поп музиката“ и најславна личност на своето време, пред да падне од тронот по серијата скандали, почина во четвртокот на 50 годишна возраст.
Околностите околу неговата смрт сеуште не се познати. Неговата смрт донесе трагичен крај на долгиот, бизарен пад од славата во 80-тите, кога беше водечки изведувач и ја обедини црната и белата музика и ја разби расната бариера на MTV, доминираше на топ-листите и воодушевуваше на сцената.
Неговиот албум од 1982 „Трилер“ во кој се најдоа мега хитовите "Beet it", "Billie Jean" и "Thriller", останува најпродаваниот албум на сите времиња, со над 26 милиони копии.
Тој беше највозбудливиот изведувач на својата генерација. По некои мерила, тој е рангиран заедно со Битлси и Елвис Присли како најголема поп-сензација на сите времиња. Ги обедини најголемите музички имиња кога се ожени со ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари.
Како минуваше времето Мајкл Џексон се менуваше: неговата кожа постана светла и зборуваше со тенок, скоро женски глас. Го следеа многу скандали. Во 2005 беше ослободен од сите обвиненија за скандал на ранчот во Neverland во 2003, но скандалот ја уништи неговата кариера, го наруши неговиот имиџ и го донесе во сериозни финансиски проблеми.
Џексон го подготвуваше својот голем кам-бек, со невиден настан: 50 концерти во 02 Арената во Лондон, на кои ќе присуствуваа 1 000 000 луѓе.
Стотици луѓе се собраа пред болницата како што се ширеше гласот за неговата смрт. Влезот за итна помош во UCLA медицинскиот центар беше обележан со жолта полициска лента.
„Дами и господа, Мајкл Џексон тукушто почина“ - рече една жена која се качуваше во автобус, по што веднаш патниците посегнаа по мобилните телефони. Веста се прошири веднаш.
На Times Square во Њујорк, луѓето беа шокирани кога на екранот се појави веста дека Мајкл Џексон починал.
„Ова е како кога Кенеди беше убиен. Секогаш ќе паметам дека сум бил на Times Square кога Мајкл Џексон умре“ - рече еден од минувачите.