Потценети играчи

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
Јас не знам кој ги потценил Берба и Сон...
Да каже некој, бегај бе, не ги бива, просек играчи. Напротив, само пофалби имало за нив.
Како што пишува у воведниот пост, не е само потценување "бегај не ги бива" , туку го немаат добиено потребниот credit. Исто е и со Аимар, и со Рикелме и со останатите...никогаш до сеа од никој неам слушнато муабет дека не ги бива, туку дека никогаш не биле спомнати во категоријата каде што реално треба да припаѓаат-играчишта,носители на клубови и репрезентации кои многу често биле шампиони на своите држави и играле битна улога во ЛШ(Аимар со Валенсија 2 титули, УЕФА Куп, Рикелме полуфинале на ЛШ 2006, и двајцата беа главни играчи во екипите, меѓутоа ти гарантирам дека освен ликови шо пратат Примера повеќе, за сите други би биле онака играчи)
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916

Jaс кога реков Снајдер не доби потребен credit тако речи Златна топка, будала ме напраивте..
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Part III

Замброта - Не дека е потценет, ама мислам дека не ставан во екипата со големите бекови, Лам, Малдини, Кафу и Р.Карлос. Чудно овој ко за италјански бек беше многу офанзивно ориентиран, од тоа што памтам идеше многу напред. Освојуваше титули со Јуве, Милан, Барса, СП 2006.

Салгадо - Пред Рамос да се појави со тоа барби косицата имаше еден друг бек во Реал што носеше барби фризура. Салгадо беше типичен олд скул бек, копач, не мрдаше подалеку од пола терен, неговата задача беше проста, десно да не се игра фудбал.

Фреди Љунберг - Секогаш кога ќе се каже за непобедливите Арсенал се помислува на Анри, Беркамп, Виера, Пирес, па тек таму негде ќе ти текне на Љунберг. За да ја покрие тоа кељавицата на глава се имаше офарбано љиљаков по што личеше на наркоман во некој нискобуџетен филм. На крај се откажа и се направи лустер.
 
Член од
29 септември 2020
Мислења
83
Поени од реакции
82
Адама Траоре, исто така, има се што треба да има еден играш, не ми е јасно како не успеа да потпише за некој голем клуб и да се наполни трофеи... Ни во Вулвс не ја добива 100% шанса......
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Јас не знам кој ги потценил Берба и Сон...
Да каже некој, бегај бе, не ги бива, просек играчи. Напротив, само пофалби имало за нив.
Чисто за споредба, ако не ја рачунаш последната сезона на Азар во Челзи кај што имаше 16 гола и 15 асистенции тогаш ќе видиш за што точно правиме муабет. Азар го прават бог и батина, за Сон има само едно „да бе брат, добар играч е“. Има разлика нели... Сезонава е on fire, и треба да ги надмине и тие бројки на Азар од таа последна сезона. :)
Доста слична статистика имаат иначе.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Dejan Petkovic Rambo.....ретко кој и има чуено за него :)
Има и добра музика за сензитивните на уво.
Ова мора да се види на бољи звук и слика :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Адама Траоре, исто така, има се што треба да има еден играш, не ми е јасно како не успеа да потпише за некој голем клуб и да се наполни трофеи... Ни во Вулвс не ја добива 100% шанса......
Мислам дека со овој играч и со Мичо тотално ја промашувате поентата на темата. Не сум тука да судам на секој што ќе пише, ама стварно, Адама Траоре не е потценет играч од аспект на тоа што не ни заслужува нешто посебно. Разлистај нагоре и види какви играчи се спомнати и дали Адама Траоре заслужува да се најде помеѓу нив. Тотално просечен играч што не вреди да се коментира, брз билдер и ништо друго. Башка уште е млад, 24 години има.

Кога сме кај Волвс и нивните играчи, дефинитивно во оваа категорија спаѓа Жоао Мутињо, стара школа на везњаци португалци, у стилот на Деко. Одличен пасер и организатор на игра. Имаше кариера позади него, ама можеше и нешто појако од Спортинг и Порто да најде.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.551
Поени од реакции
18.801
Адама Траоре, исто така, има се што треба да има еден играш, не ми е јасно како не успеа да потпише за некој голем клуб и да се наполни трофеи... Ни во Вулвс не ја добива 100% шанса......
Просечен играч, освен брзина ништо нема, пишал и Џонтра.
Автоматски споено мислење:

Од поновита генерација Анхел Кореа од Атлетико.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
23.319
Jerome Rothen

Додека играше за Монако, личеше на Алиоски сега.
Супер брзо крило, дриблинг, центаршут. Беше еден од главните играчи во Монако во златната за нив 2003-04 заедно со Мориентес , Дадо Пршо и Лудовик Жили.

Mehmet Scholl

Мехмет Шол беше за Баерн Минхен порано она што денес е Томас Милер.
Знаеше да издрибла цела одбрана и да даде некој пацерски гол кога највеќе требаше.
Заедно со Ефенберг, Салихамиџиќ, Елбер и Куфур незаменливи во Баерн на почетокот од 2000те.

Roy Makaay

До ден денес не добива никакво внимание во медиумите напаѓач како овој. Еднакво опасен како Нистелрој и други елитни центарфори.
Да игра денеска, сигурно би чинел најмалку 60 милиони. Беше еднакво успешен во три лиги. Откако ја доби златната копачка во Ла Коруња 2002-03, Баерн го купи како замена за Елбер кој тоа лето отиде во Лион.

Diego Tristan

Еднакво добар и како Мориентес. Сепак, Тристан и покрај повредите секако беше третата или четвртата опција во шпанската репрезентација тој период затоа што Раул и Мориентес беа тандемот на Камачо.
Уште еден напаѓач кој играше за Ла Коруња, која тој период беше на ниво на Атлетико Мадрид денес.
Покрај Макај и Тристан, за Ла Коруња тој период настапуваа и играчи како Пандиани и Луке, но сепак сметам дека Макај и Тристан беа на многу повисоко ниво.

Luis Garcia

Отсекогаш сум фаворизирал крила и ми биле омилени играчи, ама овој ми беше еден од поомилените.
Чудно како Ливерпул се ослободи толку лесно иако беше еден од позаслужните за титулата во ЛШ.

Од голманите морам да ги споменам Толдо и Валдес.
Не сметам дека беа потценети, но бидејќи е таква голманската позиција, не добија многу шанса за докажување на своите квалитети.
Т.е. Толдо доби шанса, и го докажа тоа, ама Буфон отсекогаш бил опција број 1 во Италија без разлика што и во 2000та Толдо буквално сам ги однесе Италија во финалето на ЕП.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.443
Поени од реакции
7.726
Винстон Мекини, уште млад ама тотално потценет играч, комбинација на Давидс, Ронладињо и Џенаро Гатузо...

Кога доби посолидна минутажа Јувентус има само победи и една нерешена ама на таа играше само 58 минути... Невиден работник кој работи за доброто на тимот иако може да направи 'one man show' сепак има големо почитување кон старата школа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom